Milicka 30, не ја мачи со Калмата, и јас планирав така, ама ме одвратија сестрите во болница. Премногу е мачно за бебе тоа, а тешко да се створи nipple confusion со која било друга цуцла. Проблемот е што од толку мачење они повеќе трошат калории и уствари слабеат. Кај моите тоа се случуваше од цицање - ги форсирав предолго да цицаат на секој подој и слабееја. Откако им го намалив временски цицањето (како што ми советуваше Драшко од Систина), почнаа да качуваат. Јес да повеќе пиеја АД тогаш, ама што има врска - откако накачија, зајакнаа и почнаа сами да цицаат посилно и посигурно и сега не им ограничувам цицање. Кој колку сака, па одма после тоа со АД, исто кој колку сака. Сега веќе се почесто се случува ич да не ни посакаат од АД-то, зајакнаа и можат да повлечат посилно и да се најадат од цицањето. Инаку АД пијат од обични беби нова шишенца (тие ми ги препорачаа во Систина) и немаат проблем да се вратат на цицање. Зависи колку цицале, толку и пијат од АД-то, и сега веќе можам да проценам и да испланирам кој колку ќе сака.
Битно е да се напредува правилно, а ако се уште немаш доволно твое млеко, слободно давај АД, не го мачи бебето.
Не гледам зошто да го исфрлуваш АД-то, па што ако ти рекол еден педијатар, другите ќе ти кажат да даваш. Битно е бебе да напредува и да јаде на раат, сеедно што. Ти не се замарај за млекото, ќе си дојде. Па и да не дојде, здрави - живи, не се плаши од АД. Пиј си б комплекс
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015