Milicka 30, и кај нас се случува ова, и тоа со Ј, кој па баш убаво цица. Ќе му текне некој ден, не сака да цица и не сака. Вришти, плаче, се тегне, ќе фати малце, ќе пушти, ќе се помачиме заедно, ќе се израсплаче па ќе му дадам шишенце и ме гледа тажно со тоа очите црвени од плачење и пие со ќеиф, а па тогаш па ми иде јас да вриштам, градите полни, он жив среќен со АД-то... После па вечер пред спиење, ќе пушти срце и ќе цица по 40-50 минути, ни шише ни ништо. Следниот ден ко ништо да не било, цица најнормално. И ај сеа Неколку пати ми го прави ова, не знам што му е, изгледа го мрзи или не му е денот. М па почна асално да цица, фала богу, само е спооор... Жива вода се правам, рбетот лом, важно тој цица бавно и сериозно, ко којзнае колку важна работа да прави
*Iki*, видиш, не ми текнало на ова со мирнава атмосфера, освен навечер пред спиење. Порано бегав на секое доење во спална на тивко, ама сега кај ќе стигнам, и очигледно си има и последици тоа. Ќе пробам и јас така, да не се дефокусираат бебињата додека цицаат.
Него, читав за дохрана со АД после цицање, и изгледа нас овде не учат наопаку по болниците. Сите викаат прво цицање, колку има - толку, па после шишенце, а вчера на сајт на еден познат американски бренд за АД пишуваше обратно - прво шишенце, па после на града. Целта е да не се изгради асоцијација за најаденост со шишенце, туку со града, и обратно - да не се појави фрустрација на немање храна додека е на града па утеха да биде шишенцето... Пробав вчера и денес вака обратно, ама не знам баш како - не знам колкава количина да им дадам во шишенце на почеток за да извлечат после повеќе при цицање, да не се заситат прерано, па градите да останат полни... Ок, ќе измолзам, ама не е тоа поентата... Денес па и со шишенце, и со цицање не се заситија, па после пак морав шишенце... Вие како правите, како проценувате количина на АД за после доење?
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015