Мандарина за здравје и за убавина
Мандарината по својот состав многу е слична на портокалот. Во 100 грама има 30 милиграми витамин Ц (портокалот во истото количество има 50 милиграми Ц-витамин), а тука се и витамините од Б-групата, минералите, калциумот, магнезиумот, цинкот, па дури и 160 милиграми калиум, кој меѓу другото, заслужен е и за добрата работа на срцето.
Всушност, продуктите кои придонесуваат кон подобро здравје и убавина во полн сјај, се и цитрусите. Како последица на ограничувањата поврзани за некои болести, диететичарите од исхраната на болните мораат да ги исклучат производите кои не се подготвени за одредена состојба за да се постигне нутритивна рамнотежа. Токму лимоните, портокалите, мандарините и сличните плодови, се витални производи со кои се постигнува минерално-витамински оптимум.
ИДЕАЛНА Е ЗА ПОТТИК НА ВАРЕЊЕТО
Општо, агрумите имаат многу мала енергетска вредност - во 100 грама мандарини имаме само 34 kcal. Треба да се нагласи и изобилството од влакна кои мандарината ја ставаат во производ поволен за поттикнување на варењето.
Најважни фитохемикалии во мандарините се флавоноидите и терпените, а жолтата боја потекнува од ксантофилот. Значи, мандарината во својот состав има бета-каротини, а со разградување на бета-каротинот, цицачите го синтетизираат витаминот А, кој е заслужен за добар вид. Сокот од мандарини содржи доста калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк и бакар, со изобилство на антиоксидативни фитохемикалии.
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КОРАТА
Важно е кората од мандарината да не ја фрлате. Ако станува збор за непрскан плод, излупената кора исечкајте ја на парчиња и исушете ја во заштитен простор. Исушената кора на мандарината може во текот на долгите и скудни зимски денови да се додава во колачиња, компоти, чаеви или во купки за закрепнување.
Токму етеричните масла добиени од кората на мандарината се применуваат во купките за опуштање, за отстранување на несоница и за оштетена кожа. Етеричното масло од мандарината, меѓу другото, има антисептично и тонизирачко својство. Кората ја чува мандарината од скапување така што со месеци можеме да ги консумираме за здравје и за убавина. Ако мандарините соодветно се складирани, може да ги зачуваат својата арома и нутритивните работи кои се совршени за зачувување на здравјето, но и за успешно и брзо закрепнување ако не не заобиколат зимските вирози и грипот.
Запрашајте се зошто секогаш како понада, на болен му се носат токму мандарини?
ЗЕМЕТЕ СВЕЖО ИСЦЕДЕН СОК
Свежо исцедениот сок од мандарина е совршен избор за свеж почеток на денот. Во 100 грама сок од мандарини ина 180 милиграми калиум, 18 милиграми калциум, 8 милиграми магнезиум, 14 милиграми фосфор, а тука е и железото, цинкот и бакарот, со изобилство на антиоксидативни фитохемикалии. Ако во текот на денот сте изложени на стрес, несоодветна исхрана и тешкотии во дигестивниот систем, предложуваме викенд детоксификација на организмот со мирисни мандарини. Ако почнете во сабота, недела и понеделник, со напивката по наш рецепт, во новата работна недела ќе тргнете комплетно спремни.
ЦИТРУС-КОКТЕЛ:
2 портокала
2 мандарини
1/2 лимон
1 гранче свежо нане
На излупените портокали и мандарини отстранете им ги семките и исцедете ги во соковникот заедно со свежото нане. Ако немате свежо нане, земете 50 милилитри чај од нане, кој претходно сте го изладиле, а се подготвува така што во 50 милилитри врела вода ќе потопите 1 филтер фреќичка чај од нане.
Напомена: за децата и за постарите личности, планирајте ја напивката со половина количество сок и исто толку вода. Во свежите мандарини и во сокот од мандарини може непречено да се ужива без страв од зголемена телесна маса, а со гаранција за внесување изобилство на драгоцени нутритивни елементи.
Зошто бананата многу брзо поцрнува
Бананата, за разлика од другото овошје, многу брзо поцрнува. причината е во тоа што бананата, како и други тропски овошја, е навикната на други климатски услови. Затоа ладното не и одговара, и не и се допаѓа „ сместување “ во ладилник. Кората на бананата ги задржува распаднатите ќелии и се што од нив може да „испари“. Еден од ензимите што се наоѓа во нејзината кора стапува во реакција со танинот што се наоѓа во посебен дел во ќелијата. Со реакција на ензимот наречен полифенилоксид и танинот, се насобираат кафеави продукти, поради што бананата поцрнува. Идеалната температура за чување банани е 13, 3 Целзиусови степени.
< Поракaта ја уредил Матеа -- 8.2.2010 18:45:44 >