cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Мед

clock-img

08.07.2012, 16:06

clock-img

Natuska85

pencil-img

3613

Ние досега не сме пробале чист мед,освен во медолино,8 житарли со мед,плазма,прополис капки.Сакам да почнеме и со чист мед по малку во чајче.Каков да земем,каков давате на вашите деца?

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

clock-img

09.07.2012, 12:17

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

M sekoe sabajle mi bara cajce,se navikna epten,pa i davam od majcina dusicka ne filter,i i stavam obavezno edna lazicka med i malku isceden limon,go pie dur da trepnam..Inaku med kupuvam od vujko mi,on podava,go pravat nakaj mariovskiot kraj,i znam deka e kvaliteten i ubav.

clock-img

09.07.2012, 12:39

clock-img

Natuska85

pencil-img

3613

Јас планирам од маркет да купам,од пазар немам сигурен човек,ама сеуште се мислам каков багремов,цветен...мајкички помагајтеееuser posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

clock-img

09.07.2012, 16:25

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Нато незнам кој кажуваше или прочитав тука,посветол поубаво за мали деца. Јас незнам каков имам дома,го земав од чичко на мм имаат домашен,е сеа не ме факај за збор ако има Планински мед земи таков.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

09.07.2012, 22:15

clock-img

Ana Dani

pencil-img

23

Јас на Филип му давам мед откако наполни една година. Млекото не го пие чисто, а Несквик не сакам да му ставам и така и започнавме со медот. Наутро и навечер млекото го пие млако со една супена лажица мед во него, зашто медот не треба да биде растворен во жешка средина, така ги губи хранливите вредности. И супер си го прифати, наутро штом отвори очи, прво што прави, гледа дали е готово млекото и ако не е веднаш сам си бара. user posted image Само што сеуште користиме цуцла и тоа само за мелкото, се друго си пие или од чаша или од оние шишињата на „горска“ или „јана“ прилагодени за деца. Сакам да го навикнам и млекото да си го пие веќе од чаша. А медот го земаме од познати луѓе од Крушевскиот регион и е темен мед. Барем медот го прифаќа, за се останото од страна на зеленчук , манџа и месо, борби големи се дома и пак по негово, јаде само тоа што тој си зацртал дека му е вкусно. user posted image

clock-img

10.07.2012, 07:42

clock-img

dzigimigi

pencil-img

106

Med? ovde kaj nas e zabraneto da se dava med na deca pred 2 godini i jas na user posted image mu nemam dadeno voopsto iako koga se rodi slusajki gi majkami i svekrvami kako tie nas ne gledale i ni davale probav samo ednas da mu dadam na cucleto i poveke ne.iako imame veke 2 godini i 3 meseci jas seuste ne mu davam pa ke vidime za ponatamu

clock-img

10.07.2012, 09:33

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Јас ќе земам сега мед од Кичево, многу ми го испофалија. Ќе си одиме кај Пепелашка на гости, ем мед ќе си купиме user posted image

Па за зимоска таман ќе ми дојде за во чајче. Млекото не го засладувам со ништо.

_____________________________

Live and let live

clock-img

21.08.2013, 19:39

clock-img

Ring

pencil-img

602

Мед ставаме во чај и супер го прифати. Домашен мед е и е одличен. И претходно имав купено домашен мед од татко на колешка на работа што ептен ми го испофали, ама не ме бендиса ич...Одма штом го отворив на дното на теглата околу 1 см се исталожи шеќер, а овој сега што го имаме нема така шекер на дното , и мислам дека е чист мед
Е сега ќе почнам мед да и ставам во млеко за да почне да го пие, зашто чисто млеко не пие, ниту пак со какаото во прав што е на милка.
Ке видам може со мед ке го засака .user posted image

_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

clock-img

21.08.2013, 21:04

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Јас му ставам мед на син ми во овесни снегулки, кога му правам со млекото. И тоа скоро секое сабајле има за доручек.
Исто му ставам и кога миксирам повеќе видови овошје, па посебно ако е некое киселкасто овошје.
И кога му правам гриз со некое овошје, пример праска и тоа засладувам со мед. Така да скоро па секојдневно е застапен во исхраната.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

21.08.2013, 22:19

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Јас секое утро и правам каша од разновидно овошје со овесни или пченични или др. снегулки и ставам мед.

clock-img

23.08.2013, 17:18

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

Ring, prirodniot med kristallizira t.e se shekerdisuva. Vestackiot e prodziren i voobicaeno polepliv i so svojstva na guma. Slobodno davaj od toj sto sozdal "sekerni kristali" na dnoto.
Inaku procitav pogore do 2 godini med ne. Ne se slozuvam. Edinstveno ako imate vo potesnoto semejstvo alergii na polen, odlozete davanje med, no ako nema, davajte na decata namesto seker. Podobar antibiotik za deca nema.
Vtora pricina sto ne se davalo med do 1 god. e bolesta botulizam sto ja predizvikuvaat larvi od insekti sobrani zaedno so polenot, no doktorkata na moive deca mi rece deka vo celata nejzina kariera nemala slucaj na botulizam. Jas siroko go primenuvam medot vo ishranata na moite deca. Imam samo slusnato da se davaat svetli medovi, na deca temen ili borov med da ne se dava bidejki sodrzi golem % na vosok-smola pa precelo na mladite bubrezi.
Na bebushov mu pravam domasen puding so med. Varam 1 laz nisheste vo mleko dodavam zolcka (ne sekogas) i otkako ke se oladi dodavam med. Nekogas vo varenjeto stavam stapce vanila za da smenam miris.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ring

Мед ставаме во чај и супер го прифати. Домашен мед е и е одличен. И претходно имав купено домашен мед од татко на колешка на работа што ептен ми го испофали, ама не ме бендиса ич...Одма штом го отворив на дното на теглата околу 1 см се исталожи шеќер, а овој сега што го имаме нема така шекер на дното , и мислам дека е чист мед
Е сега ќе почнам мед да и ставам во млеко за да почне да го пие, зашто чисто млеко не пие, ниту пак со какаото во прав што е на милка.
Ке видам може со мед ке го засака .user posted image




< Поракaта ја уредил Bilence2 -- 23.8.2013 17:24:01 >


_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

clock-img

23.08.2013, 19:12

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

За медот јас мислам дека ако е природен 100%, ќе кристализира целата тегла, а ако кристализира само дел - тогаш има додадено шеќер, и само шеќерот затоа се исталожил на дното. Колку што се разбирам, мислам дека така беше. Татко ми чува пчели, и медот е од органско производство и природен, знам дека зимото, на ладното цела тегла беше така - шекердисана, а за да се стопи, се става во вода на Т од 30-тина степени.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.08.2013, 20:04

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Еве ова го имам прочитано на Life conect stranata и мислам дека е сосема ок,малку е подолгичко ама вреди да се прочита user posted image
Природниот мед се користи во готвењето, во третманите за убавина, при лечење на болести и при разни диети за намалување на телесната тежина. Медот е извор на енергија, богат со витамини и минерали, а има и антивоспалителни својства. Правиот, вистинскиот мед обично е поскап. Постојат три основни вида на мед: природен (чист), фалсификуван и вештачки. Природниот мед се состои од суров мед, фалсификуваниот мед содржи природен мед, но и други состојки, а вештачкиот мед се состои од шеќерен сируп или сируп од пченка, адитиви и бои.
Доколку имате можност, купувајте мед директно од пчеларите. Многу пчелари продаваат мед директно на своите фарми за пчели. На тој начин можете да искористите и прилика да поставите прашања околу тоа како го произведуваат медот. Чистиот мед содржи 0% вода. Водата ќе поттикне раст на габи. Немојте чист мед да давате на дете кое е помало од една година.

Прочитајте ја налепницата на медот. Производителите треба да ги наведат сите состојки кои се содржат во медот кои го произведуваат. Ако медот не е чист, тоа треба да го пишува и на налепницата, вклучувајќи го процентот на чистиот мед што го содржи, ако воопшто го содржи.
Потријте малку мед помеѓу показалецот и палецот додека не се распадне. Малку мед ќе се апсорбира во кожата, ако има мед, но чистиот мед е добар за кожата. Природниот мед не е леплив. Ако тој мед што го протривате меѓу прстите е леплив значи дека содржи и шеќер или вештачки засладувачи

Ставете неколку капки мед на хартија. Чистиот мед нема да ја пробие хартијата долго време бидејќи не содржи вода.

Ставете малку мед покрај мравки. Пчелите инстинктивно ги градат кошниците на дрвјата и меѓу карпите. Тие го ставаат медот во кошници за да би го заштитиле од штетници, како што се мравките. Мравките нема да го допираат природниот мед.

Измешајте мед со жолчка од јајце. Ако медот е чист, кога ќе го сматите со жолчката, ќе изгледа како да е варена.

Наполнете една чаша вода и додајте една лажица мед. Чистиот мед ќе се згрутчи и ќе падне на дното, а лажниот мед ќе почне да се топи.

Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го зацврсти лебот за неколку минути. Вештачкиот мед ќе го навлажни лебот бидејќи содржи вода.
Природниот чист мед дава чувство на боцкање во устата веднаш пред голтањето. Лажниот мед тоа не може да го постигне.

Гледајте дали медот ќе кристализира во текот на времето. Имитацијата на медот ќе остане мазна како сируп, без обзир колку долго се чува, додека вистинкиот мед кристализира

clock-img

23.08.2013, 23:57

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Леле мм пред некое време донесе дома таков мед, комшијата има пчели па демек од проверен човек да биде, а јас го пукнав оти го излажал комшијата, му продал шеќеросан медuser posted image А тој убаво си кажувал оти тоа му е најубавиот медuser posted image И се запнав, го растопив. Туку детево мое колку сака мед, ја кријам од неа теглата. По цел ден ми бара, да и брцнам лажичка внатре и она сама да ја изеде.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

05.09.2013, 13:41

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Од пред една недела започнав да му ставам на Ф по една лажичка мед во млекото.Има 1 годинка,и си го пие.Му ставам само навечер и насабајле,мислам дека е ок дозата?user posted image Инаку му давам Мед Планински .Каков мед му давате вие на вашето малечко,и од која возраст??И кои се придобивките од медот како додаток во млекото?

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

05.09.2013, 13:54

clock-img

elenak

pencil-img

2004

А зошто делукс во млеко? Не ти го пие чисто? Млекото е најубаво да си го пие така без ништо а мед можеш во овошни каши да му ставаш по една лажичка. Или чајче ако пие. И мислам доста е 1-2 лажички дневно. 

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

05.09.2013, 13:56

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

После година не е на одмет да се вклучува медот во исхрана на децата, и тоа го препорачуваат светлиот (цветен) мед. Јас забушавам на темава, иако Т не одбива ако и дадеш - се сведува на еднаш/двапати неделно да касне по едно лажиче. Имаме и ние цветен мед дома. А придобивките се секако огромни - од имунитет, до внесување корисни шеќери.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

05.09.2013, 17:49

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

И М тато ја заучи секое утро пред градинка едно лажиче мед.
А имав и маџун, од лани,ама е зашеќерен, да го ставам во топла вода исто како медот, за да можам да и давам?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

05.09.2013, 21:30

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

А колку време може да седи отворена тегла мед и да се употребува?

clock-img

05.09.2013, 22:52

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Ако е соодветно чувана, и прописно затворана после употреба, не би требало да е проблем и подолг период....1-2 месеци. Кај нас подолго не стоела, се празни теглата секако за толку време, прадедо ни е јадач на мед user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

05.09.2013, 23:15

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

Prirodniot med nema rok na traenje. Citav negde deka vo nekoja grobnica vo egiped nasle polno kace med zapecateno ubavo i medot bil celosno ispraven za jadenje.:) samiot med ima antibiotski svojstva od propolisot. Toa e tenok sloj so koj pcelite gi zapecatuvaat keliite so med vo kosarata, pa i pri proizvodstvoto na med ostanuva i od nego.
E isto i jas imam slusnato deka za deca e najdobar livadski ili cveten med ili bagremov. Generalno svetlite medovi. Najdobro e da najdete centrifugiran med, bidejki ovoj ne go zagrevaat za da go istisnat od saketo.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

clock-img

22.09.2014, 17:43

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние конечно го добивме годинешниот мед, па пак го ставивме на мени. Секое утро пред градинка по едно лажиче.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

19.11.2014, 09:03

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Медот е многу корисна намирница за децата, посебно во зимскиот период. Јас на син ми почнав да му давам мед и маџун кога имаше година и пол, и тој ги обожава. Многу влијаат на зајакнување на имунитетот. За да ја осетите нивната корист, треба секој ден да им давате по едно лажиче на децата. Не знам дали го знаете овој податок, но еден совет за сите мајки - медот и маџунот не им го додавајте на децата во топли напитоци, затоа што така го губат најголемиот дел од хранливите состојки. Доколку не ги сакаат чисти, ставајте им ги во други комбинации, овошје, житарки и сл.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

19.11.2014, 10:49

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Јас на моиве мед почнав да им давам од пред некое време т.е. на 2 години и неколку месеци. Кумот ни донесе органски мед од Дебар. Дмек човекот го убедувал да го однесе во лабараторија 100% бил органски. За сега немаат никаква реакција. Посебно во зимски месеци е многу корисен. Ние се плашиме ранои да им дадеме мед на децава а нас родителите уште цуцлите ни ги макале во мед.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

20.11.2014, 13:52

clock-img

caciana

pencil-img

863

Медот треба (доколку имате можност) да се конзумира секојдневно бидејќи е природна и лесно сварлива храна , која што по внесувањето во организмот преминува директно во крвотокот. Медот треба да биде застапен во исхраната на децата затоа што има антибактериско и антифунгицидно дејство.
Вклучвањето на медот во исхранта на детето се прави на 1 или 2 години , бидејќи истиот може да предизвика и алергиска реакција. Алергија може да се појави кај бебињата доколку се алергични на полен ( доколку медот се става на цуцлето како што прават голем број на МАЈКИ И БАБИ ). После 2 годишна возраст не постои голем ризик од алергиска реакција. user posted image

Последни статии

article-img