Бебињата ќе ја разоткријат мистеријата на аутизмот
Машко бебе учествуваше во најновото истражување на мозокот со цел да се открие како се развива аутизмот, открија научниците од Durham Универзитетот каде што беше и спроведена студијата. Четиримесечниот Метаи Реид беше испитуван како реагира на различни видови подвижни слики од телевизискиот екран, а за да се види реакцијата на мозокот беше користена капа со прикачени сензори кои постојано го снимaa мозокот.
- Ние сè уште не знаеме како се развива мозокот на многу млади бебиња и како тие реагираат на нештата. Тоа е од витално значење за да знаеме како тие ги идентификуваат проблемите и развојните одложувања, кои можат да доведат до аутизам, изјави Д-р Винсент Рид, психолог од Универзитетот Durham.
Мајката на малиот Матаи, Гема Рид откри дека нејзиниот син уживал за време на студијата додека гледал слики на телевизорот.
- Мислам дека многу е важно да знаеме како реагираат бебињата. Тоа е важно за развојот и понатамошната борба со болестите. Овие испитувања можат да ни откријат многу околу нивниот развој. Имаме уште да учиме за аутизмот, а според мене ова е најдобриот начин да го сториме тоа, изјави мајката.
Националното друштво за Аутизам го опишува аутизмот како доживотна попреченост во развојот. Луѓето кои страдаат од аутизам имаат потешкотии со социјалната комуникација и интеракција.
Психолозите од Универзитетот Durham објавија дека се во потрага по повеќе деца, на возраст од две години за да учествуваат во нивната нова стдуија.
- Важно е да се нагласи дека постапката е целосно безопасна и безболна. Ние не правиме никакви медицински испитувања, туку чисто ги следиме и гледаме бебињата од академска гледна точка, изјави Гема Рид.