so pomos na topce imame uste eden nov tekst na makedonski
Аутистите може да се вклучат во општество- социјалниот живот
Аутизмот е психолошко пореметување кое со соодветна терапија може да се
поправи, смета dr. Aldo Spelic, кој своето искуство во работата со аутистични деца го претставил на
првиот конгрес на психијатри во Хрватск, Задар, а потоа и на предавањето кое е
организирано од страна на Друштвото Наши деца, во склоп на меѓународните денови
на групна анализа.
DR. ALDO SPELIC
Терапијата би требала да се почне уште во раното детство, со тоа што
родителите мора да прифатат дека во случај на аутизам се работи за психогенеза,
а не за органогенеза. Посебен допринос кон тоа даваат новите психолошки
истражувања поврзани со детскиот развој низ најраните емотивни односи со
мајката, чие разбирање има голема важност во превенцијата.
Аутизмот е психолошко пореметување кое со соодветна терапија може да се
поправи, смета dr. Aldo Spelic, кој своето искуство во работата со аутистични деца го претставил на
првиот конгрес на психијатри во Хрватск, Задар, а потоа и на предавањето кое е
организирано од страна на Друштвото Наши деца, во склоп на меѓународните денови
на групна анализа. Прикажувајќи ги резултатите од својата 15-годишна работа со
седум аутистични деца, Spelic ја претставил можноста за примена на психоаналитички пристап во терапијата
за овие деца. Неговото скуство овозможува развој на нов концепт во терапијата
за аутизам. Неговото истражување го потврдува приматот на психолошкиот фактор
во развојот на аутизмот, а тоа е од голема важност.Според податоците на
социјално здравствените истражување, во многу развиено земји аутизмот во
последните 30 години е во пораст, па за истражувањата во таа област како и
пронаоѓањето на вистинската терапија се вложуваат големи напори. Според
медицината аутизмот е биолошко пореметување на мозокот кој ги оштетува
комуникациските и друштвените вештини. Spelic смета дека тоа е психолошко пореметување кое се
манифестира со недостаток на вербална комуникација, говор, и социјален контакт
со потешкотии во моториката. Најголем проблем на личноста со аутизам е губењето
на реалноста, што значајно ја отежнува терапијата. Затоа првиот чекор е
воспоставување на контакт помеѓу терапевтот и пациентот. Преку сопственото искуство Spelic увидел некои специфични тераписки карактеристики, кои детерминираат
различни типови на терапии и задачи каде што со нивно препознавање, а потоа и
со нивно соодветно третирање се определува успешноста на целиот тераписки
процес. Терапијата би требала да се почне уште во раното детство, со тоа што родителите
мора да прифатат дека во случај на аутизам се работи за психогенеза, а не за
органогенеза. Посебен допринос кон тоа даваат новите психолошки истражувања
поврзани со детскиот развој низ најраните емотивни односи со мајката, чие
разбирање има голема важност во превенцијата. Примерите од неговите
психотерапии покажуваат дека аутистичните деца, со подолготрајна терапија може
да се вклучат во општеството и да станат корисни за истото. Со оглед на тоа
дека со овој проблем се бави низа години неговите пациенти се вклучиле во
образовниот систем па дури има и такви кои и основале работен однос. Затоа,
аутизмот очигледно не е болест туку состојба која може да се промени. Меѓутоа
патот е доста долготраен, а од самиот терапевт бара стручност, трпение, посветеност
на работата и личен контакт со лицето кое е на третман. Честата промена на
терапевти, дефектолози или психолози, што е пракса во нашиот образовен систем,
нема да даде добри резултати, а детето со такви промени нема да може да
напредува, вели Spelic. Доколку промената се прави според
аутизмот, со одговарачки третман за деца со тоа пореметување, може да се
очекуваат подобри резултати во неговото лечење.
izvor www.glasistre.hr