за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Eca ako si resila napravi im na decata a sveki neka gleda moze ke i dades inspiracija dogodina samata da ti rece edvaj utre cekam kadaif da jadam toa me asocira na procka.Sega se prisetiv kako dete odenjeto na Kale zurli,tapani i jabolkite vo serbet mnogu obicai izumiraat ama treba da si se drzime do tradicionalnite obicai.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
13.02.2010, 18:00
BILE.F
670
Абе тоа ти е! Нова фамилија, нови адети! Среќа што со мм сме од ист крај, па наоѓаме заеднички јазик! Еца, во друга прилика!
_____________________________
Пред да скокнеш, кажи оп!
13.02.2010, 18:04
BEBICA
2014
ве пример и предложив на свекрвата да им врземе на децата да амкаат јајце, а таа ми рече нјити правеле некогаш така, нити ќе прави сега.
Me cudi sto naprevela jas irasnav vo Skpje i toa bese za nas decata ziva radost da amkame jajc.Kaj nas najdobar bese bratucedmi po edno dve tri jajca lapnuvase. A brat mi kako po obicaj se lutese.A baba mi kako i sekoja godina kadaif obavezno ona sto go rece grizot so serbet e toa jas go obozavav za procka. Steta sto ovie adeti nieden ne se pravi vo Belgrad
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
13.02.2010, 18:14
mis.
3845
Леле јованка ме потсети на кадаифот,секоја година правам но не знам како оваа заборавив,го обожавам,ммммммммм
13.02.2010, 18:25
mother 29
4405
ние тука за прочка правиме парено благо или раванија,така го викаме торта со јајца и гриз попарена со шербет... а инаку на прочка одиме со портокали,од каде тоа не знам само знам дека по пилјарите ги направиле 90 ден...ако не печалат сега пилјарите ,нема кога
13.02.2010, 18:27
mis.
3845
Е така е кај нас за празници се се покачува
14.02.2010, 08:41
mother 29
4405
За многу години празници,да сме сите живи ,здрави,срекни и вљубени..........денес ке биде убав ден
убаво да си го поминете денот
14.02.2010, 08:55
BEBICA
2014
Srekni praznici i od mene. Nekoj slavi Den na vljubenite a drugi Procka a ja i dvata praznika. Neka ni se za mnogu godini, zdravi srekni vljubeni.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
14.02.2010, 09:48
Еца
6692
За многу години нека се празниците Прочка и Св.Трифун, нека им е честит и Св.Валентин на оние кои го слават. Многу здравје и љубов и мир божји во секое срце нека се вгнезди. Помалку да се замеруваме, караме и нервираме, да го отвориме патот на љубовта да не води со насмевки на лицето. И на тие што ни погрешиле да им се насмевнеме, бидејќи и ние некому сме грешници. Простувајте и простено нека ни е!
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
14.02.2010, 10:03
mami
8680
Нека се за многу години празниците, нека донесат мир и разбирање, многу љубов и здравје..Ние почнавме со Валентајн, продолживме со Прочка а Трифун го оставивме за вечер...Имајте прекрасен ден..
14.02.2010, 10:08
Еца
6692
По Прочка почнуваат најдолгите христијански пости за Велигден, кои ќе траат седум недели.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
14.02.2010, 10:42
melody
743
Srekni praznici
14.02.2010, 14:50
Bitolcanka
2461
Луѓе сме, грешки правиме. Треба да знаеме да се извиниме и да простиме. А Господ е оној кој треба на сите да ни' прости и суди. За многу години нека ни' е празникот Прочка !
Заборавив да кажам, освен амкањето кое го практикувавме додека бевме деца, исто и кај нас дома (во семејството, најблиските) се бакнуваше раката на постариот, барајќи прошка, а тој ги изговараше зборовите: "простено нека ти е и од мене и од Господ" и даваше пари. Потоа одиме на гости да се простиме (одиме кај баба ми). Тоа го применуваме и сега. Од храна имаме: мазник, варени јајца, алва (или баклава). За тоа со носењето портокали првпат слушам.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
14.02.2010, 14:52
Bitolcanka
2461
Честит празник (Поклади, Св.Валентин, Св.Трифун -кој како си слави)
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
14.02.2010, 15:12
Боцко
806
Преземен текст: На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името Проштени Поклади), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот, обичаите за очистувањето од болви и други штетници и тн. Очигледно е дека некои обичаи како проштевањето имаат христијанска основа додека други се поврзани со паганските пролетни празнувања...
Многу ми наликува на маскиран пагански празник. Остатоците, како што е карневалот, тоа и го потврдуваат. Како и да е, среќни нека ни се празниците.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
14.02.2010, 15:21
arh_diz
7198
Срекни празници бидете здрави и живи
_____________________________
Биди тоа што си
14.02.2010, 15:53
Bile
440
Srekni praznici na site!!!
_____________________________
Gorana i Stefani
26.02.2012, 01:20
nadica
4381
Дали сте му згршиле на некој? Дали од некого ќе барате прошка? Кој продолжува со постите кои следат од понеделник?
Јас лично мислам дека на никого не сум згрешила ама од адет прошка ќе побарам од моите, од свекор ми и свекрва ми и од моите баба и дедо.
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
14.03.2013, 19:51
Melanija RR
7052
Прочка 17/03/2013
Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
14.03.2013, 19:53
miana
6152
I mene mi e poznato amkanjeto na jajce i znam deka sme piele vino od luspa od jajce za krtova dusa...Sveki ovaa godina ne e doma pa neznam sto da spremam za trpezata...AJ kazete nesto,nekoj obicaj
14.03.2013, 20:27
sandriana RR
2924
Мене Прочка ми е поим за кадаиф- секогаш сме го имале како десерт за овој празник. Кај мм не јадат и не го прават, ама затоа си носам од кај мама
14.03.2013, 20:31
miana
6152
а на трпеза било што мрсно или имате некој ред..Јас да си се јавам кај бабами најпаметно ке ми биде
14.03.2013, 20:34
bilbilce
123
ajde za procka povelete vo pp. site se maskiraat i ima karneval, mnogu e razdvizeno i interesno za mnogu godini
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
27.02.2014, 08:56
mommy_angels RR
1543
Мајка ми ,а и баба ми претходно,за Прочка секогаш прави мекици,печено пиленце и арванија.Нормално и некои други додатоци ,ама ова се моите симболични јадења за овој празник.Оваа година нема да можеме да отидеме,па затоа планирам ова да си го спремам дома