за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
jas utre planiram da setame...nesto do banka imam rabota pa posle sakam do Jumbo da otideme da vidime do kaj e rabotava,pa da kupime nekoj lampion nedela mozebi so gosti ke bidam,ponedelnik den za spremanje za vtornik..vo sekoj slucaj sakam da se iznasetam
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
06.12.2013, 10:06
Felly RR
7977
Јас имам (по)продолжен викенд, уште од денес ми почна, се радувам како мало дете, стварно ми треба одмор. Па нешто ќе смислиме што да се прави.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
06.12.2013, 11:00
miana
6152
ААа не чека продолжени викенд,ке одите некаде или ...? Јас може да удрам на генералка, па да се кити елка и да се спремам за родендените
07.06.2014, 01:11
Defne90 RR
1991
Од викенд сакам само сабота вечер и недела сабалје кога ќе станам сама и ќе успеам кафето на раат да си го испијам.Е после цел ден ми поминува во ринтање и средување по дома,така да неделата како ден баш и не ја обожавам.А додуше и на викендот баш и не му се радувам којзнае колку.Дури да дојде го нема.Е кога е продолжен тогаш е друга прпиказна,може да се планираат многу работи.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
07.06.2014, 09:35
princessa
1056
За викенд сакам да му ја џивнам од дома ама за тоа треба да се погоди време а ако не се погоди у некој трговски на кафе и по продавници, нема друго. И сакам да зготвам убав ручек а по можност и десерт. Едвај чекам да дојде следен петок и да си ги исполниме плановите што ги имаме
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
07.06.2014, 10:12
Dilina
533
Јас до пред недела дена, последните 2-3 години не знам што беше тоа викенд работа работа и работа....
Затоа овие неколку недели пред пораѓај планирам да ги искористам максимално, ако не можеме некаде настрана барем кратки прошетки до некаде ќе ни годат. Утре планираме на рибник да идеме, мм да фати некое крапче и да уживаме, само да биде убаво времето
08.06.2014, 00:58
Snowhite RR
5042
Јас мразам викенд искрено, едвај чекам понеделник да се одморам на работа
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
19.06.2014, 09:46
princessa
1056
Ние претходниот викенд ептен се изнашетавме и тоа 4 дена, секој ден еден град посетувавме. Децата се изморија а и ние богами. И добро време ни се погоди иако по патот додека возевме врнеше ама таман ќе стасавме во хотелот и сонце не огреваше . Имавме среќа. Е затоа овој викенд ќе си останеме дома за да се одмориме од се
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
24.06.2014, 22:53
Melanija RR
7052
Постовите кои беа за дискусија за Берово се префрлени во темата Летување во Македонија. Се на едно место од прекрасни места низ Мекедонија.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
25.06.2014, 08:07
miana
6152
Изминатиов викенд бевме со мм во Банско, Бугарија.. На веб страниците со попусти има многу убави помуди за викенди - видете сигурно ке ви се допадне. Нас не ни се погоди времето, беше многу ладно ( а и во Скопјево било ладно ) инаку ке си поминевме уште поубаво.... Чист воздух, милина...
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
25.06.2014, 10:26
Tanjat7880
1256
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Постовите кои беа за дискусија за Берово се префрлени во темата Летување во Македонија. Се на едно место од прекрасни места низ Мекедонија.
E a mene bash mi se dopagja idejata da zboruvame a I odime na vikend nekade pa moze I niz MK.Letuvanje e nekako pozastapeno a vikendite ni izumiraat(barem kaj mene)a tie dva dena mozat da te preporodat I sepak so malku "domakinluk"mozat da pominat ne taka skapi.I bi sakala da diskutirame za Vikend organiziran I pominat nadvor od mestoto na ziveenje so site pridruzni elementi,smestuvanje,hrana,znamenitosti I taka natamu
25.06.2014, 12:08
Melanija RR
7052
Tanjat7880 местата се тие и за викенд се некои но дел и за летување.Инаку генерално би било патувања низ Македонија ,но е сезона на летување Тука може да се споделат информации за викенд поминат кај нас или во странство,понуди од нет, цени,приватно сместување.. Искуства од места кои за викенд (или продолжен) може и треба да се посетат и воопшто што за викенд (одам, неодам,како го поминувате)
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
25.06.2014, 12:18
bucko mal
1431
Vikendov mi e isplaniran uste sega.Soprugov ke raboti sabota porucek pa jas so decava I so edna prijatelka ke ideme vo muzej. Ogromen e, I ima interesni raboti za sekoja vozdrast.Sigurno ke potrosime 3,4 saati vo set_anje. Nedela sabajle treba da se vidam so edna prijatelka ke ideme sami,obicno vikendite sakam da mi bidat so moeto semejsto no ponekogash ima isklucosi.
< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 25.6.2014 12:21:00 >
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
25.06.2014, 22:37
Felly RR
7977
Ние во сабота ќе се спремаме, а во недела зминуваме. Некако наеднаш ми дојде одморот оваа година.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.06.2014, 16:18
marchi
948
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Постовите кои беа за дискусија за Берово се префрлени во темата Летување во Македонија. Се на едно место од прекрасни места низ Мекедонија.
E a mene bash mi se dopagja idejata da zboruvame a I odime na vikend nekade pa moze I niz MK.
ve molam,edno e letuvanje niz makedonija a drugo vikend destinacii.
26.06.2014, 22:27
Felly RR
7977
Марчи, имаме и таква тема - Места за викенд во Македонија а исто и тема Каде на излет?. Да не се повторуваме со темите, и да не ги губиме информациите на различни места. Тука може да дискутираме општо за викенд - некој шета, некој чисти по дома , на секој различно му поминува викендот, а за прошетките - во двете посочени теми како и во темата Летување во Македонија.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 26.6.2014 22:32:03 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.07.2014, 16:53
marchi
948
e taka moze
11.07.2014, 11:27
Mila mamicka
387
Ги обожавам викендите. Никогаш не сум на работа во сабота или недела, па ми се потполно слободни. Порано, кога немав сеуште дете, секоја сабота ми беше резервирана за чистење по дома, а неделите за шетање со мм, со другарките и ручек кај моите. Сега, гледам работата по дома да ја завршам во текот на работната недела, за викендот да ми остане слободен. Секоја сабота одам кај моите со син ми на целодневен престој, па таму тој се забавува со нив, а јас имам време да си се одморам. А неделите ги поминуваме заедно сите тројца со мм, дали шетаме некаде или си играме по дома, важно заедно сме. Сега, летниот период скоро секој викенд сме на викендицата на Тиквешкото езеро, секојпат со различно друштво, и ептен ни е убаво. Да избегаме малку од градот.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
11.07.2014, 11:58
princessa
1056
Нам овој викенд ни е испланиран уште одамна. Од денес практично ни почнува после 2 поручек. Овде следните три дена се слави фестивал и ќе има панаѓур со разни тракаташки а Н едвај чека да јава на вистинско пони. Од лани го нема заборавено . Утре си викнавме гости зашто ќе имаме прослава за 1от роденден на Д , бевме приморани порано да го славиме зашто мм во понеделник заминува на конференција во странство а после идеме за мкд . Па таму пак ќе го славиме со блиските.
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
11.07.2014, 13:06
scared RR
1349
Планираме викендов со мм да идеме до Св. Николе до Мечкуевска куќа. преубав ресторан, лани еднаш бевме и многу бев задоволна од гостопримството, преубава храна, и частење од куката еден куп низ Скопјево ни гратис вода не ти даваат а тука задолжително кафенце, десерт,салата и сл.
19.09.2014, 13:08
Mihaela 2010
4230
Ide vikend i vikaat soncevo ke bide...planirate negde da setnete? Da gi iskoristime uste malku ubavite denovi... Mene mi se najavi gostince od srbija taka da vikendov so gosti ke bidam a moze i zaedno da setneme
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
19.09.2014, 14:26
Felly RR
7977
Ние планираме барем еден ден да излеземе некаде во близина на воздух, да се надеваме дека ќе биде убаво времето, па да го искористиме, секако и мм е слободен, инаку ретко се начекуваме за викенд сите.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
19.09.2014, 16:11
lolla RR
925
Ние здравје викендов, рано одсбајле ке направам кафе или чај во термосот, шише вода, нешто за поткаснување и правец водно на клупите. Ке си поседиме, можеби до црква и ке се искачиме накај планинарскиот дом. Ова ми е прекрасен начин да си поминеме претпладне во природа со мм, а за малку пари. И плус преубаво е, мирно, спокојно, сега не е ни жешко веќе.
19.09.2014, 19:19
Dilina
533
Овој дома како и обично со малецково, ама се надевам наскоро ќе фатиме патот накај моите малце на чисто воздухче