cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: "Има ли нешто ново?"

clock-img

19.04.2015, 11:36

clock-img

Anonimen

E toa znaci uzasno me nervira dali ima nesto novo pa ako ima jas sigurno nema da krijam toa im go kazuvam vo lice na tie sto mnogu prasuvaat

clock-img

19.04.2015, 15:04

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

ау ау не го можам прашањево, една другарка постојано ме прашува иако гледа дека не и одговарам, иако и реков дека тоа не се прашува, ама од што е глупа и проста и не знае да направи друг муабет па само тоа и е во уста. Ама најдов чаре и за тоа, не и враќам веќе ни на повици ни на пораки.

clock-img

16.06.2015, 13:45

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Мене постојано ми се случува, можеби затоа што повеќе време има поминато откога сме во брак, па нормално луѓето прашуваат, малку имам и стомак пуштено и одма дали има нешто ново.

Ова отиде дотаму што на пазар еден на тезга ми вика за поевтино ќе ти пуштам цена за зеленчуков, гледам трудна си, треба здраво да се храниш. Останав без збор, дал да плачеш, дал да се смееш...

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

17.06.2015, 10:53

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Мен па обратно. Веќе никој не ме прашува ништо за деца. Веројатно неколку пати прашале па си го добиле и сега сите ќутат ко јазик да немаат. Така ми е пофино навистина.
Ама и јас не бев цвеќе за мирисање кога ќе прашаа.
Околу свадба ослабев и една така пријателка на моите што сака во се да си го меша носот ми вика а ти си ослабела да не има нешто. Јас и се свртев и и кажав не нема ништо јас сакам да бидам убава невеста. Знам дека и она и ќерка и биле со стомаците до заби на нивните свадби па така убаво ми се намести. Е после беше што ние што сме се мажеле трудни да не не сме биле убави ама веќе не праша ништо околу тоа. А тогаш не ни пробувавме сериозно навистина не сакав да бидам трудна невеста.
На неколку други исто им имам кажано такви чудни работи па престанаа да прашуваат.
Кога се преселивме во новиот в=стан почна еден комшија да прашува па му рековме се во свое време ние сме си млади и сакаме да уживаме во животот и престана.

clock-img

12.01.2016, 15:39

clock-img

Sunshine88

pencil-img

73

Многу ме напнува тоа прашање....Кога бебе...што чекате за бебе...јас им велам чекаме да се фати...Како бре што чекате, сакате да ми светите што и како правам..Знаете кој ми се плановите. И додатно убиваат тие глупи прашања, посебно кога се обидувате а не ви иде...И секогаш на сите им велам, аман луѓее кога сака дедо Боже тогаш ќе си биде....Уште они ми фалат психичка тортура да ми вршат.

clock-img

28.01.2016, 22:36

clock-img

Sesil

pencil-img

6

Претеруваат луѓето со прашањево. Најблиските другарки знаат дека имаме проблеми останатите не ни сакам да знаат. Со широк осмех им одгвоарам дека чекаме прво ние да пораснеме (демек). Мајка ми и свекрва ми не знаат, не сакам да ги загрижувам, а и сакам да си го намалам притисокот после секој преглед да полагам ,,извештај,, што рекол докторот и какви се резултатите. Колку помалку луѓе знаат полесно е.

clock-img

29.01.2016, 13:04

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

После сите перипетии, и секакви коментари од луѓе, се уште сум задоволна од одговор на еден таков кретен, квази другар на мм, кој се дрзна да не прашува ајде, што чекаме. Му се свртев и насмеано и најкул му реков - а што па тебе ти се брза за нас??? На тоа нема како да се одговори, така што, еве ви еден полудрзок одговор за заќутување user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 29.1.2016 13:09:42 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

15.06.2016, 13:15

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Мене кумот лани ми рече,Ајде ти што чекаш ,до година летото ако нема ништо ке мењам кумство.Сега еве лето ќе дојде па може треба да го прашам,да знам со време друг кум да барам.А свекрва ми пред месец дена ми направи муабет дека може не сме биле компатибилни со ММ,имало многу брачни двојки што по развод имале деца со други.

clock-img

15.06.2016, 13:57

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Леле колку слушав вакви муабети, се нервирам што те читам! Ич да не ти чуе, најдобар лек за ова е игнор. Свекрва ти нека се иавини што така ти кажала, пошто стварно е безобразно, а кумот... слободно ќе смениш друг, кажи му, нека не се секира, и трошоци ќе му заштедиш. Брее безобразни луѓе...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

15.06.2016, 16:48

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Ма ништо не им враќам,така со карање може ке почнам и со маж ми да се карам ради нив,а ако ништо не им враќам мислам дека им ја префрлам топката тие да се нервираат user posted image Додуша за кумот,мислам дека е повеќе недораснат и недосетлив отколку што сака да ме повреди.Ама трпение спасение рекле,не се знае што може да те снајде во животот,па може и со својот камен по глава да се удриш.Инаку на никој не му посакувам нервози од типот да не може дете да има,ни на најголемиот непријател.

Последни статии

article-img