за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Свесни сме дека мама седи дома со детето првите 9 месеци- некој и помалку, но ете нека бидат. Тато оди на работа. Се враќа и затекнува неред, алишта на сите страни, играчки, ручек нема...Позната ситуација мислам Како реагира тој? Ама искрено? Се жали зошто немате ништо спремено или пак се пресоблекува и ви помага да раскренете?
17.02.2010, 21:21
ripce
2148
Зависи и тато како е расположен... знае некогаш да се жали ама знае и да помогне заедно да средиме... Настојувам што е можно да биде посредено, ама со мало дете се знае како е... Воопшто не се потресувам на неговите коментари како на ништо не личи таков неред, па немам јас 10 раце па со двете да го пазам син ни, со двете да мијам садови, со двете да простирам алишта, со двете да правосмукам, со другите две да готвам... имам две раце и како јас ќе се организирам, како имам време ќе средам.
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
17.02.2010, 21:23
mom
27
Mnogu mi e gajle sto tato misli za neredot, sigurno nema da go tepam deteto zatoa sto saka da si igra i rasfrla. Jas denta mozam stopati da raskrenam, no pak ke rasfrla i nema da bide sredeno. a za rucek gledam da napravam pred se za da ne jade gluposti moeto dete, pa od toa i nie jademe. Taticko moze samo da pomogne ako saka, a ne da prigovara.
17.02.2010, 21:38
mother 29
4405
pa jas celo vreme ko dve deca da imam ...sreduvam i po Marko i po tato.......pa zatoa nema toj obraz da prigovara
17.02.2010, 22:41
Еца
6692
Ниту ми приговорил, ниту ќе ми приговори. (барем така мислам) А што и со тоа ли да се замарам што би рекол, па..фала богу има раце, тоа е и негово дете, па ако му смета нека собира. Во принцип ретко оставам да начека неред, ама далеку од тоа дека е се под конец
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.02.2010, 22:45
nadica
4381
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
pa jas celo vreme ko dve deca da imam ...sreduvam i po Marko i po tato.......pa zatoa nema toj obraz da prigovara
а ако случајно проговори ке си го добие
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
17.02.2010, 22:50
pacuvce
1289
Напротив...Па тој цело време ми вели дека не може се да е под конец и дека премногу се замарам со се и сешто...А најинтересен ми е кога ќе се изнервирам и кога ќе му рече на Андреј:Сега сме готови,на мајка ти и се споија жичките,па во секој момент ќе прокува... А Андреј,сирот,ништо не го разбира...
_____________________________
Love is in the air
18.02.2010, 09:12
topce
523
за јадење се договаравме по тел пред да си дојде или предходниот ден. ако имаше нешто проблем со договорот се адаптиравме.а за тоа дали има играчки по земја или не па нормално е дете има дома. Алишта несакам расфрлани и несакам ненаместени кревети така да тоа си средуваме обавезно.е сега се случува сам да остане со дете и тогаш се срциња, 5 пати ќе ми се јави што да и даде да јаде уште толку пати ќе ми се јави за облакање, освен ако нешто не му било по мерак па ја дуздисал.
18.02.2010, 09:17
mami
8680
А најинтересен ми е кога ќе се изнервирам и кога ќе му рече на Андреј:Сега сме готови,на мајка ти и се споија жичките,па во секој момент ќе прокува... user posted image user posted image user posted image А Андреј,сирот,ништо не го разбира...
леле Пацувче ме изнасмеа драга..и мојон истото му го вика на Лука а овој само одговара- ДА
18.02.2010, 09:25
Cacko
1127
od pocetokot koga Elena bese nekade do 2-3 meseci,non stop nacekuvase nered,posto ne mozev da postignam sve,ali on toa si go svati kako normalno,posto sum celo vreme sama,pa koga ke dojdese od rabota ja zemas nejze,pa 1h ja si sreduvav i pa sve si bese super.Sega mozam poiveke da sredam,AKO Elena e u forma,ali ako ima zuta minuta znae da bide atomska bomba,ali mm toa si go svaka kako normalno i nema mrcenje.baska koga ke sredam,i si dojde od rabota ,iznenaden e i imam pofalbi,pa setnja,pa...sum zasluzila
18.02.2010, 09:28
profesorica
5709
во мојов случај јас седев со дамјан 13/14 месеци дома а мм одеше на работа.кога ќе се вратеше дома го чекав со ручек, трака на косата, насмејана и среќна. играчките ги средував додека спиеше дамјан така што ретко имаше неред.
а кога имаше тој самиот после ручекот помагаше во средување и миеше садови
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
18.02.2010, 09:30
BEBICA
2014
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
во мојов случај јас седев со дамјан 13/14 месеци дома а мм одеше на работа.кога ќе се вратеше дома го чекав со ручек, трака на косата, насмејана и среќна. играчките ги средував додека спиеше дамјан така што ретко имаше неред.
а кога имаше тој самиот после ручекот помагаше во средување и миеше садови
E vaka e kaj mene momentalno posto sum doma seuste.A koga ke trgnam na rabota bogami ke se nadopolnuvame toa na mm ne mu e problem.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
18.02.2010, 09:52
mis.
3845
Јас не одам на работа и сум дома па би било глупаво дома да ми е расфрлено па и да чекам тој да дојде од работа да ми раскрева.Гледам да има ручек за сите да бидат сити,да има ќчисти испеглани алишта,чисто wc,а са расфрлани играчки секогаш има бидејќи децата се дома и нормално е да има.нема да има расфрлано играчки ако ги дигнам но зошто да ги дигам кога сум ги купила за тие да си играат.Се случило од многу обврски да е нераскренето,со садови,со многу чуда на масата и без ручек но мм не крева многу прашина околу тоа.Со оглед дека сами си ги чуваме децата без никаква помош супер е толку колку што успевам да стигнам.Е кога е дома тогаш е друга приказна,заедно правиме ручек и се грижи за децата.
18.02.2010, 09:55
April
1257
кај нас тато не трпи неред, жива педантерија е и мене тоа ужасно ме нервира, јас сум тип "немој да ми квариш неред" така што имаме вербални дуели на оваа тема ама се снаоѓаме некако
18.02.2010, 10:00
mami
8680
ИЗВОРНА ПОРАКА: April
кај нас тато не трпи неред, жива педантерија е и мене тоа ужасно ме нервира, јас сум тип "немој да ми квариш неред" така што имаме вербални дуели на оваа тема ама се снаоѓаме некако
леле и јас сум таква..повеќе сакам кога ми е растурено тато знае малку да се намршти ако нешто не е раскренато, ама му викам- добро седи утре ти со него дома па чисти- и поминува
18.02.2010, 10:06
pacuvce
1289
За се поврзано со оваа тема мислам дека многу е битна сличноста на партнерите,како и меѓусебното помагање...Имено,имаме пријатели кои се подолго во брак од нас и таму сопругот изиграва педантерија,а пријателкава тоа толку сериозно го има прифатено така да си легнува во 2 часот по полноќ,а станува во 4 наутро...Си легнува толку доцна,затоа што се мора да е средено откако сите други ќе си легнат,а станува толку рано затоа што секогаш мора да има свеж сок рано наутро,тогаш испеглана кошула,ручек направен дента... И страшно ме нервира кога ќе почнеме да правиме неврзани муабети,а таа ќе почне да се жали колку е ненаспана,колку е посветена на децата и колку ми се чуди што јас 6-месечно бебе сум му го оставала на мм и сум си одела еднаш неделно до град да се прошетам по продавниците... А мене тоа толку ми е потребно,кога ќе се вратам се чувствувам како да сум го освоила Монт Еверест...
_____________________________
Love is in the air
18.02.2010, 10:17
zami
574
Za sreka mm ne obraka mnogu vnimanie na neredot (mozda zatoa sto i samiot e skon na sozdavanje na istiot), duri nekogas po mene vika sto tuku samo sum raskrevala.
Ama imase eden period koga sin mi uporno sakase site igracki da se rasfrlani nasekade, i taka so denovi si gi preskoknuvavme igrackite niz soba.
A i mnogu me nervira koga ke mi kazat, raskreni, demek nekoj ako dosol od pamet ke se izvadel. E na toa sekogas odgovarav deka mene mi e vazno deteto a ne gostite, a na koj mu smeta neredot od moeto dete slobodno neka ne doaga na gosti.
18.02.2010, 10:53
srekna mama
316
кај нас мм е сѕпер,не замерува за нередот,ама како што вика мотхер29 нема лице да рече-и по него треба некој да раскрева...ама јас полека полека си го доведувам во ред..
18.02.2010, 15:06
Боцко
806
кај нас мама не трпи неред :-)) тато толерира, оправдува а понекогаш и ужива во нередот (оној креативниот) и така го навлекува гневот на мама. дури и се потпишав на ѕидот од собата на стефан (т.е. го нацртав боцко и го обоив) ама тоа наиде на одобрување.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
18.02.2010, 15:54
Палешка РР
7505
Ретко се случува да има неред, но Боже мој, живи луѓе сме, не сме кукли Кога ќе се случи тоа, тој ја чува Миа, јас расчистувам, од што јас неможам да гледам, тој гајле си нема.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
19.02.2010, 22:18
BILJANA_G
491
Mm nikogas mi nema prereceno za toa ako ne e se cakum pakum t.e sredeno, pa me razbira sama sum nemam pomos ne mozam se da zavrsam naednas.I samiot mi vika najbitno e deteto a se ostanato ima vreme ke se zavrsi.
19.02.2010, 22:22
bebi
54
И јас не можам да се пожалам од мм, дури и од него имам голема помош, така да кога јас сум зафатена со малиот а ако е хаос, знае и он да среди бе з проблем. Инаку никогаш не се буни. Јас се трудам да биде се средено, не седнувам по цел ден, а он знае да ми каже, остави се и одмарај
22.02.2010, 18:14
mami
8680
ух..после кога ке дојде ке го удри дамла..играчки на сите страни..топки по цела дневна..важно има јадење и полн бојлер а јас и Лука сега излегуваме на гости..тој нека му ја мисли кога ке си дојде
22.02.2010, 18:19
Adrijana
1301
I mojot ne se luti, ako nema mesto kaj da sedne, sam ke si napravi, cat pat i raskrenuva po malku. Pa poveke saka ko ke dojde zenickata da mu e poodmorena i povesela, a niz sobata da e rasfrlano, otkolku se da sveti a ja da sum umorna, a so toa i neraspolozena
_____________________________
24.02.2010, 15:12
majka 79
836
na mm voopsto ne mu smeta nered. duri mozam i edna smeska da vi kazam. na rabota biroto mu e haos se i sesto mozes da najdes.i ednas dodeka go cekav nesto da doraboti mu go srediv celo biro. drugiot den mi veli: nemoj uste ednas da si mi go sreduvala biroto, sega nemozam nisto da si najdam. a niz doma jas samo zbiram igracki a toj mi veli zosto gi zbiras koga pak ke gi rasturat ostavi gi taka rasfrleni.