за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Да не звучи морбидно, ама јас сакам да одам на гробишта. Посебно кога нема никој. Раат можам и да плачам и да се насмеам ако се сетам на некоја случка со покојните. И стварно не ми е потребен ,театрометар, или кој колку плаче на гроб=колку многу тажи и му е жал. Тоа е на цена кај нас. Ианку, на погребот од татко ми не плачев и не се трескав од земја, и после тоа муабетиве: ,Море, шо момиче ќе беше ич да не го сакала татко и, солза една не пушти, ццц, џабе што со години трчаше по болници и лекари со него, се виде колку е лоша на крајов`` Ова ми е врв! Се прашувам дали во сите држави и племенски сојузи во светот е важно што ќе речат другите, дали е важно да му докажеме на светот како црно се чувствуваме, дали е толку битна потврдата од другите за вредноста на тоа што чувствуваме?