cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Машина за сушење алишта

  
clock-img

29.05.2014, 15:23

clock-img

anaana

pencil-img

1126

Eve me mene posle podolgo vreme...non stop ve citam ama nikako vreme za da pisam nesto
na misla sum da kupam masina za susenje alista. znaci posebna, koja planiram da ja stavam na terasa (koja terasa e zatvorena so prozori)
ajde predlozi...
i me interesira bidejki citam deka poveketo se C klasa, a ima nekoi i B klasa, kolku realno trosat? kolkava e razlikata vo smetkata za struja ako se uklucuva masinata za susenje. sega znam deka e individualno kolku ke se uklucuva ama eve nekoj prosek

clock-img

29.05.2014, 15:47

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Вака сега јас имам машина за сушење Беко со воздухот што го вади надвор...поефтини беа а и ми одговараше тој модел бидејќи имаше можност да се извади цревото надвор...Задоволна сум многу и ја уклучувам скоро цела година ретко некогаш на лето кога е ептен топло....а и поубави ми се алиштата сушени во неа помеки и убаво ми мирисаат.

Во однос на сметката не можам да направам споредба бидејќи откако сме вселени ја имаме и неа..мислам дека не троши многу струја во однос на работата што ја брка...пример кошулите на мм исушени во машината полесно се пеглаат отколку сушени надвор и автомаски и тука штедиш енегија....веш нема потреба да се пегла бидејќи не е надвор така да мислам дека не троши многу

clock-img

03.06.2014, 19:23

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Натали а колку време суши обично? Јас мојава ја пуштив еднаш се извадив од памет и ја изгасив. Ама сега мислам дека сум згрешила со програмот. Затоа ме интересира еве маици памучни обични на колку време ти ги суши?

clock-img

03.06.2014, 19:57

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Немам мерено колку точно бидејќи скоро стално ја пуштам навечер и си легнувам..user posted image . Јас и памучните работи и уклучувам на програмот за синтетика имам заприметено дека нашите памучни работи најверојатно не се памук и првиот пат ми се собраа некој работи..и од тогаш се уклучувам на синтетика

clock-img

03.06.2014, 20:04

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Само што исправ и сега планирам да ја пуштам на 40м пробно :D а за на посебем програм ми е страв оти последниот пат сушеше 3 саата user posted image и мирисаше на запалено покрај тоа :S

clock-img

23.09.2014, 12:39

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние лани го поминавме зимото така, а стварно многу ми е потребна машина за сушење алишта, пред се заради алергијата на М, и годинава сум во план пред да почни ладново да купиме. Е сега кажете ми каква е подобро да имам - проветрувачка или кондензирачка? Кондензирачката како што прочитав во темава, има посебен резервоар во кој се собира водата, и може да стои било каде, ама па и не сакам да стои во ходник зошто како што прочитав се прави пареа, и тоа пак не е убаво за М - влага во воздухот, а и се ствара поволна средина за развој на дерматофагоиди, на што е пак алергична.
А оваа проветрувачката, како што сфатив - мора да е поврзана во одводот или пак може цревото да се стави во када да истекува? Купатилото секако ни е за реновирање, но ќе треба сепак и за привремено да се смисли место каде да ја ставиме.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.09.2014, 13:10

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

И јас би сакала да слушнам искуства за машина за сушење алишта, кога ќе почне зима ич не м исе суши по сушари, алишта по соба насекаде пружани, многу ме нервира тоа и дајте искуства кои се добри и секако кои модели го имате.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

23.09.2014, 13:12

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Ние дома имаме кондензирачка машина на Бош и не е точно дека прави пареа. Прави топлина, а водата се собира во посебен сад. Прво да кажам дека стварно е неопходна за зимо и врнежливи денови, јас си ја обожавам. И поголем проблем прави вишокот прав кој излегува од алиштата кој нели се збира во филтер, но при вадење на филтерот пак мал дел се разлетува во воздухот. Додека пареа или влага во просторот не сум забележала, само кога ке ја отвориш додека работи. Јас дефинитивно препорачувам.

clock-img

23.09.2014, 13:15

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Проветрувачката е со одводно црево од кое излегува пареа, мора да се има одвод кон надвор не може мислам во када.

Нашата има стоено и во работната соба и во спалната, не пречеше ни таму ни таму, само бучна е додека работи и стварно топли доста така да треба да е во просторија која на пример не се користи додека таа работи.

Ние имаме Бош макс 6, за 6 кг, а важно е да биде со сензор, и секако машината за перење да е со повеќе вртежи заради економичноста.

clock-img

23.09.2014, 13:18

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Lolla, фала ти за советите. Другите што ќе пишете?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

23.09.2014, 13:51

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

........... Додека пареа или влага во просторот не сум забележала, само кога ке ја отвориш додека работи. Јас дефинитивно препорачувам.


Е па супер ЛОла штом е така, мене ми е многу битно да не ствара влага во воздухот, зошто сеуште не знам каде ќе ја сместиме.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.09.2014, 17:30

clock-img

Ilina87

pencil-img

326

Ние имаме од БЕКО, ама не сум задоволна и ретко ја пуштам. Сите работи ми ги има скратено. Во зимно време најчесто по радијатори сушам.

clock-img

23.09.2014, 18:10

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Илина, дали можеш да пишеш која конкретно од Беко? Да знаеме да не земаме таква. user posted image А јас баш за Беко прочитав дека новите модели биле со поголема енергетска ефикасност и помалку трошеле.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.09.2014, 21:58

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Во станов имаме проветрувачка машина и е со црево, и всушност не ни е во станот, туку на терасата.
Само едно црево кое е протурено преку оградата, и тоа не е дека водата тече од него, туку дали две-три капки излезат од него додека машината работи.
Повеќе тече од климата што работи неголи од машината. Така да може да стои во купатилото без одводот, ама бидејќи нашата е надвор немам осет дали прави пареа околу, така да не знам за сигурно како ќе се однесува во затворен простор, со цревото кое не е во одводот, туку во кадата пример.
Вероватно ќе биде ок, посебно ако имате прозор на купатилото нели, бидејќи да е нешто многу пареа сигурно ќе ја приметев и кај мојата иако стои надвор.

Јас без машина за сушење веќе нема да можам да живеам user posted image
Тоа е нешто најкорисно во едно домаќинство, јас и во лето ја користам, не за секоја машина испрани алишта, ама пример за постелнини, крпи итн.
И посебно кога се навикнеш на мекоста на алишта од машината за сушење, не можеш веќе да поднесеш body scrub кое бесплатно добиваш со крпата сушена надвор пример, па не ти треба луфта за бањање user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

23.09.2014, 23:07

clock-img

Ilina87

pencil-img

326

Felly, мојата е кондезаторска, без црево со капацитет до 6 кг. После секое користење треба да се истури водата што се собира во една пластика. Подетално не знам каков тип е, не го чувам упатството, нема многу копчиња на неа, само се притиска колку минути сакаш да врти.

clock-img

11.10.2014, 20:29

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Гледам на нет сега има електрична сушалка за алишта
user posted image
Дали некој има искуство? Колку што читав по групиве на фб, некој се задоволни, некој не, викаат дека суши само каде што се греачите, а подалеку од греачите не баш, ама може и не ги спростираат правилно не знам
А цената не е многу висока, се разбира не може да се споредува со машина за сушење алишта, ама за цената па ако брка работа би било ок

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

13.10.2014, 00:37

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Јас сушарава ја имам видено во бриколаж, мислам дека лани ја имаше а може и годинава да ја има. Сите беа распродадени само една експонат стоеше..... веројатно се ок штом така брзо се продале....

И сигурно суши повеќе накај жиците зошто сепак само од таму иде топлината....

Јас сакав да прашам некој ако има купена нова сушара дали на почеток мириса по малце ко подгорено или стално? Да не обгорува мојава што е нова или има некој квар? Ја пуштам трет пат со страв....

clock-img

13.10.2014, 08:47

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Јас искрено не сум за ваква сушара како што има ставено Сноу - влагата пак ќе испарува во воздухот, и тоа ти е исто ко да сушиш на парно, на камин и сл.
Дилина, пиши каква имаш ти, и дали си задоволна. Јас планирам да земам, па секое искуство е добредојдено.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

13.10.2014, 09:36

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Што знам јас, не замислував баш вака да работи. Морам мала количина да ставам на пр. пола машина ама пак за еден саат имам и пеглани и суви алишта и неморам на малата да и ги пружам два дена да висат на терасава на смогов. Јас имам Hotpoint Ariston ARM XXL постар модел ама беше намалена во нептун , комбинирана со црево, од таму си истекува водата.... ок е, и за перење има бебе програм за мала количина и има програма за волна што е мн ретко кај машини за перење/сушее. Сепак е убава инвестиција ако се има бебе пред се, за да немора да се пружаат алиштенцата на смогов.

clock-img

13.10.2014, 09:54

clock-img

Lady_D

pencil-img

63

Јас имам машина за сушење алишта на Беко и сум многу задоволна, во купатило ми стои заедно со машината за перење, така да како перам, ги вадам алиштата и право во сушара, ептен погодена работа user posted image инаку влага не се ствара, кондензирачка е, водата се собира во пластичен сад што после секое сушење се истура водата и филтер за прашинки, влакненца исто се чисти после секое сушење.За во зимо е измислена поготово за бел веш,пижами,чаршави,навлаки,кујнски крпи и такви работи нон стоп ја користам, е сега пред тоа ја користев и за алишта секојдневни што ги носиме, но имам приметено како да ми се подсобираат малку па ми е страв да ставам поготово некои нови и на маж ми ке ме утепа, му се собраа едни блузи па од тогаш не ставам блузи, џемпери, тренерки и така некои работи, само кошули тие не се собираат... Инаку сум задоволна и ја препорачувам!

clock-img

13.10.2014, 10:38

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Lady и мојата е беко незнам на што програма уклучуваш јас се уклучувам на програмата за синтетика и досега ништо се нема собрано..пробај со некој постари тренерки блузи ке видиш

clock-img

13.10.2014, 11:05

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

А ова што пиша Дилина, за пола машина дека ставаш - за различни кг ти се машината за сушење и перење или исто?
Јас како што гледав, обично овие за сушење се за 7 кг. А мене машината за перење ми е за 5 кг, па тамам си велев дека ќе бидат помлаце алишта, полесно и побрзо ќе се сушат. Или нема да ми ги собира сите?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

13.10.2014, 11:06

clock-img

Lady_D

pencil-img

63

Да на синтетика и јас само белиот веш на памук го сушам и постелнината, е сега или на појако сум ја пуштала центрифугата на машината за перење и после веднаш ги суши или се пресушуваат па затоа и страв ми е да не се собере нешто друго user posted image

clock-img

13.10.2014, 12:03

clock-img

anaana

pencil-img

1126

Ajde i jas edno prasanje na ovaa tema
konecno odluciv da investiram vo masina za susenje alista. Istata planiram da jas stavam na terasa, koja terasa e zatvorena so PVC.
Koj tip na masina e podobra, kondenziracka ili taa provetruvacka(ili ventilaciska)..
prednosti mani...??
isto me interesira, dali bi imalo problem dokolku masinata stoi na terasa (zatvorena). koga otidov vo prodavnica da prasam, mi rekoja da sum proverela dali vodata na terasa zamrznuva, bidejki ako zamrznuvala nema da mozelo da se stavi masinata nadvor. za toa da go proveram treba da cekam da pomine cela zima, a jas sakam sega da kupam...
Ajde ako moze iskustva, so marki, so tipovi. Sekoe iskustvo e dobredojdeno.
Isto me interesira toj nekoj sistem protiv guzvanje go citam vo karakteristiki, dali nesto doprinesuva za pomalku da se guzvaat alistata.
Inace imam masina za perenje samsung so 1000 vrtezi (posto citav deka imalo i toa vrska)

clock-img

13.10.2014, 20:51

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

анаана, јас ќе ти кажам само дека кај мене проветрувачка стои на терасата, и плус терасата не е затворена, а зимите тука кај нас се најладните, под планина сме user posted image
Никогаш немав проблем со замрзнување на вода, всушност тука и нема што да се замрзне бидејќи додека машината врти низ цревото само излегува пареа и по некоја капка вода.
Да ти кажам за предности и мани не можам, бидејќи немам искуство со кондензирачка. Марка е Горење и некој постар модел, штом е стара веќе 4 години сигурно е постар модел user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

Последни статии

article-img