cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: песнички и броенки

  
clock-img

25.12.2009, 22:00

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Среде соба високо елката ни стои
и ја красат играчки во илјада бои

Елко, елко, порасни уште две, три педи
за да може Дедо Мраз, дарови да реди.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

25.12.2009, 22:08

clock-img

nadica

pencil-img

4381

продолжение:

тука е играчката вчера што ја сонив
многу многу играчки многу лампиони

елко елко порасни уште две три педи
за да може дедо мраз дарови да реди

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

25.12.2009, 22:12

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image Надицаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

08.01.2010, 00:34

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Зелка зелка зелена на 3 дела делена 1 парче мене, друго парче тебе 3 то зајачето го зеде.

clock-img

14.01.2010, 00:45

clock-img

nutelizza

pencil-img

357

мали тркалезни од баба замесени
во шпорет испечени
на маса донесени
ахаа на маса донесени..
полни полни рачиња
бабини колачиња... user posted image user posted image user posted image

clock-img

30.01.2010, 13:39

clock-img

majka 79

pencil-img

836

eve ja mojata omilena uste koga bev jas dete, a sega i moite deca ja sakaat .
mnogu mi e interesna


Sturco videl sneg da vrne
pa si sobral polno grne
i si rekol "eve brasno,
sega nema da e strasno"
Pa go stavil da se pece
sneg se topi, voda tece.
Sturco gleda i se cudi
i si zalno gudi,gudi.

clock-img

30.01.2010, 18:30

clock-img

Весна

pencil-img

771

Си било едно мече,
си имало елече,
на елечето џепче,
во џепчето писменце,
во писменцето пишувало:
Си било едно мече,
си имало елече...

и се’ така додека не заспие user posted image

clock-img

30.01.2010, 18:32

clock-img

Весна

pencil-img

771

Еве една кога бев прваче:

Кога стана прваче малечкиот Мише
почна да пишува, а почна и да брише.
Па искина три страници од тетратка бела,
а потроши и една гума цела.
А потоа долго, долго
едно утро цело
се чудел, се смеел на своето дело.
user posted image

clock-img

30.01.2010, 18:35

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Во последно време најмногу ја пееме Во светот на бајките, само на оваа песна се смирува, се залепува на мојот образ со неговиот, слуша внимателно и почнува и тој да пее user posted image user posted image user posted image

Кога заоѓа сонцето денот,
што го позлатува
Едно дете сонува, во светот,
на бајките патува...

Таму е толку волшебно...
Лета сонот на крилест ат
Сите можни чудеса во светот
на бајките живеат.

Таму е толку волшебно!
Лета сонот на крилест ат!
Сите можни чудеса во светот
на бајките живеат...

...

Кога заоѓа сонцето денот,
што го позлатува
Едно дете сонува, во светот,
на бајките патува...

Таму е толку волшебно!
Лета сонот на крилест ат!
Сите можни чудеса во светот
на бајките живеат...

Во светот на бајките,
само (чудесно, тајно) влегуваат
Децата што мечтаат
Децата што сонуваат.

Во светот на бајките,
само (чудесно, тајно) влегуваат
Децата што мечтаат
Децата што сонуваат.

...

Кога заоѓа сонцето денот,
што го позлатува
Едно дете сонува, во светот,
на бајките патува...

Таму е толку волшебно!
Лета сонот на крилест ат...
Сите можни чудеса во светот
на бајките живеат.

Во светот на бајките,
само (чудесно, тајно) влегуваат
Децата што мечтаат
Децата што сонуваат.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

30.01.2010, 18:38

clock-img

milena.t

pencil-img

11

Еве една на која се сеќавам уште од градинка

Кога сум лута за нешто,
а зошто не знам ни сама
спокојство можам да најдам
во очите на мојата мама.
Таа ме гледа милно
и раце шири
никој не умее никој
како мама да ме смири user posted image

clock-img

30.01.2010, 19:14

clock-img

melody

pencil-img

743

Edna zebra mala place i se strami
zatoa sto oblekla sareni pizami
majka i ja tesi aj ne placi cedo
taka se obleceni i tatko ti i dedo ti
tra la la la la la i celata roda
obleceni se site po najnova moda

clock-img

31.01.2010, 18:01

clock-img

Iv14

pencil-img

28

Во гората едно мече,
таму ваму оди.
Се загуби, па не знае
кој пат дома води.

Солзи рони исплашено:
Кај си , мила мамо?
Друг пат веќе.
без прашање
не ќе шетам само.

оваа уште на времето мајка ми мене ми ја пееше user posted image

clock-img

04.03.2010, 12:18

clock-img

mis.

pencil-img

3845

мамички ајде кажете некоја песна за празникот на мајката 8 ми март.

clock-img

04.03.2010, 12:42

clock-img

Cacko

pencil-img

1127

mojata omilena majka mi so mi ja peela,pa i ja i ja peam na Elena
opa cupa tanca ljubi baba starca
a curica momcica za dva za tri groscica

a eve i edna koja ide so koreografijauser posted image kako sto ide tekstot
vaka taka so dvete race da poigrame opa tropa
digni gore pa rasiri
napred pruzi pa se smiri
so glava mrdni so noga tropni
na ramenca race stavi
pokloni se dete milo za deneska dosta bilo

clock-img

04.03.2010, 12:55

clock-img

ostoun

pencil-img

436

Еве за 8 март

Мојата мајка
најубава е
многу си ја сакам
како пчелка мед.

Сонце што грее
најубав цвет
тоа ти си мамо
најмила на свет.

Букет ти подарувам
јас на овој ден
среќна да ми бидеш
како птица в лет.

clock-img

04.03.2010, 13:00

clock-img

aleksandra panevska

pencil-img

36

dali nekoj ja pamti ovaa pesnicka uste od nase vreme se ucese vo prvo oddelenie mene mi teknuvaat samo ovie zborovi  DVE IZVORCINA DVE POTOCINA DVE PTICKI DVE SINOLICKI......inaku se vika ocite na mama

clock-img

04.03.2010, 15:41

clock-img

majka 79

pencil-img

836

lele , nemozam da se setam kako bese cela pesnicka.
i jas go pamtem istiot stih.
neka ja pisi nekoj sto ja pamti

clock-img

14.03.2010, 00:52

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

еве една од мене (малце е изменета, не ми текнуваше како е понатаму па јас си додадов нешто)

Едно маче
мало маче
цел ден спие
не се мие.
тоа маче
мало маче
мрзливо е
само спие.

Штом ќе види
глувче мувче
тоа маче
мало маче
одма бега
и се крие.




_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

15.03.2010, 11:32

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

Eve edni od omilenite pesnicki na Angela:
Peperutka
Peperetke ubavicke, elej, elaj vamu
eve imam trendafilce, pomirisni samo
jas bi dosla, no se plasam od iglite ostri
ke me bucnat, ke me stipnat
nekum da sum gostin.

drugata pesnicka e za Baba Marta

Na babata Marta proletta e fnuka
na gosti i ide na vrata i cuka              x 2

Koj e sega ova babata se cudi
snegot ili mrazot koj od son me budi      x 2

Otvori ja babo taa bela vrata
snegot, mrazot veke nema da se vratat   x  2


drugata e :   Stani, stani detence
                    nadvor pee petlence
                    pee kukurika
                    tebe mi te vika
                    da izmies ocinja
                    da istries racinja
                    za da bides cisto
                    kako vcera isto

clock-img

15.03.2010, 13:04

clock-img

lale

pencil-img

132

zajcence milicko,zajcence sivicko
zavrti se zavrti,odvrti se odvrti
podaj si racicka,da ti stavam trevicka
da jades  da porasnes i junace da stanes
da jades za da porasnes i junace da stanes

a dali nekoj ja zanae pesnickata za cicko gliso

pocnuva tocka tocka tockicka crta crta crticka i gotova e glavicka,telo kako kompir i ponatamu ne ja znam, ako ja znae nekoj neka ja pise.

clock-img

06.04.2010, 12:12

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

пиле,пиле кај сте деца биле на прошетка одам сакам да ве водам ова на син ми му ја пеев и ја научи а јас се сеќав уште од градинка кога бев јас

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

26.06.2010, 22:07

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Моменатлно дома ни е хит: Глушец ушец од Маја СИнадиновска од пред 15 години. КЛИК

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

27.06.2010, 00:16

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ехее, свекрва ми е воспитувачка, па знае еден куп песни, ќе научам од неа и ќе пишам
Еве една

Патував, патував, со авион
И видов, видов голем стадион

Секое патување ново доживување x2

Патував, патував со воз
И видов, видов еден голем мост

Секое патување ново доживување x2

Патував, патував со ракета
Но мене тоа многу ми смета

Секое патување ново доживување x2

Патував, патував со автобус
Патот ми се виде многу многу кус

Многу патувања, многу доживувања x2

И уште една

Мама ми е мила, оти ме сака, ме чешла ме мие, в градинка ме праќа,
таму има дечина, мои другарчина, си играме, пееме, цесело се смееме

Ај ако ми текне уште некоја ќе ја пишам


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

24.09.2010, 20:22

clock-img

lukas

pencil-img

2148

http://www.youtube.com/watch?v=150Mfi5ugFQ

majka mi mnogu ni ja peese ovaaa...duvna vetre razvigorceuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

clock-img

27.10.2010, 18:33

clock-img

nadica

pencil-img

4381

Сапунче, сапунче,
бели пени правиш,
да сме сите чисти,
убави и здрави.
Огледалце мало,
ке ми кажеш право,
на кој му треба мама,
да му каже браво.
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

Последни статии

article-img