ИЗВОРНА ПОРАКА: Anonimen
Јас си имам голема мака со мојот маж..Се работи за минливи периоди ама не се трпат. Ако излеземе некаде и некој ме загледа,веднаш јас сум крива. Многу често размислувам и за развод,ама срце не ми дава. Од друга страна е прекрасен татко и маж во права смисла на зборот. Што мислите вие?
Не разбирам зошто си ти крива? Што си убава, убаво изгледаш? Па не можеш ти да наредиш некому каде да гледа, нели?
Се сложувам со Михаела, седите и разговарајте, објасни му ги работите за да може да ги разбере, сфати и прифати поразумно.
Ако ти не даваш никаков повод за неговата љубомора, тогаш нека престане да се однесува неразумно, туку нека се гордее со тебе
Пробај некако да му ги објасниш работите на тој начин. Љубомората знае да заслепи луѓето и ич не е безазлена, ама сепак верувам дека разумот е тој кој носи победа врз болесната љубомора и само со разумното согледување може да ја контролира.
Ама немој да оставаш така, превземи нешто, со разговор, зошто такви работи да ви ја гушат среќата?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."