Таблиците за хранење со АД млеко, кои ги има на кутиите, се дадени отприлика или да кажам, некој просек. Колку ќе му давате на бебето зависи од тоа колку бара. Греота е да не се даде доволно и бебето да се остави гладно и да плаче. Па зарем мајките што дојат знаат колку има цицаат бебињата?
Инаку, мене педијатарот ми советуваше по 150 мл дневно за секој кг тежина, пример 3 кг бебе - 450 мл млеко за 24 часа. Со тоа што ми нагласи дека оваа количина може да варира, зависно од потребите на бебето. Ќерка ми се роди малечка, 2200г и на почеток пиеше многу помалку од пропишаната (посочената) доза, едноставно не сакаше повеќе. После третиот месец, пак, пркна и ептен доби апетит и еден период од трети до кај петти месец пиеше повеќе од тие посочени дози, може едно 20-30% повеќе. Јас секогаш и правев една доза повеќе од тоа што вообичаено ми пиеше, па колку испие - толку, останатото го фрлав. Така никогаш не се доведов во состојба да ми плаче после испиено шишенце млеко и а пратев кога и се зголемуваше потребата/количината на млеко. Е сега веќе и давам секогаш по 6 дози, на пример, 3 пати на ден и не и давам повеќе од тоа, ама затоа што веќе сме во десетти месец и јадеме и зеленчук, месо, овошје, па и правам некој дневен распоред на исхрана.
Мој совет ви е да правите секогашмалце повеќе, подобро да фрлате отколку да биде гладно детето. И да ја почитувате разликата од 3 часа, за да се свари млекото и да нема бебто проблеми со варењето, со грчеви и слично. Евентуално ајде на 2,5 часа, ептен ако плаче и е гладно - тогаш може да направите отстапување.