Сите млека се прават од прочистено и преработено кравјо млеко, барем така сум прочитала. А не ми е јасно, при толку голем избор на млеко, педијатрите (барем повеќето) ги форсираат млеката на Хип, а најверојатно тие ги користат по неонатолошките одделенија низ државава, што значи дека е голема веројатноста некој да крка дебели пари од тоа. А може и се лажам. Не ми е јасно зошто се упорни педијатрите во препораката со Хип млеката, кога не му одговараат на секое дете. А читам тука, доста голем е процентот на мајки што се жалат од тие млека, те повраќало, те запек имало малото - нели треба да се запрашаат дали е до млекото? Не е секогаш во детето проблемот.
Аптамил и Новалак се водечките млека на пазарот, со таа разлика што Аптамилот е нешто повкусен од Новалакот, друга разлика не забележав. Ама и цената им е различна - Аптамилот убедливо води со цената, која може да биде и до 1000 ден, за разлика од Новалакот кој оди од 360-450 ден по лименка, зависно каде се купува. Овде не читам често искуства со тоа млеко, никој ли не го користел? Освен Кикичка, секако, која си кажа дека на малата не и одговарал Новалакот. За син ми, тоа млеко беше супер, иако матичната ми препорача некое млеко на Хип за дохрана. Јас сепак си ја послушав тетка ми која исто е педијатар, и ми рече да земам Новалак. Син ми супер го прифати заедно со цицањето, само згрешив што експериментирав со формулите против грчеви и против повраќање, обичната формула се покажа како најдобра.
И Нестле се сигурно добри, со оглед на тоа што порано во неонатолошките одделенија се даваше НАН млекото, сигурно и Натива е добро, ама штом има дефицит на омега 3 киселини не е препорачливо за бебе на кое му се потребни масти за развој на мозокот. Затоа се препорачува млеко кое е збогатено со сите потребни состојки во исхраната.
_____________________________
All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.