Малечка23, јас имам поминато со син ми истото кога тој беше на иста возраст како твојта ќеркичка. Го носев на матичен педијатар, тие не знаат што да ми помогнат, тоа е викаат, треба да си упорна, некои деца се такви. Проверував крвна слика, одлична, за мало бебе не може подобра, ама тој неќе да пие млеко. Ужас! А е весел, и си спие убаво, ама ништо не пие. Јас го земам одам и во Ремедика на преглед, таму го прегледаат, витално се убаво развива, крвна слика добра, не знаат што да ми кажат. Пред нив направив млеко му давам, тие му даваат, не бе нема шансе, нејќе па нејќе, се расплаче. И ништо. После совети пробај ово млеко, пробај ова цуцла (што се пробав) и толку. Таа ми викаше никако дохрана ни под разно! Леле, јас ќе се утепав, ми се смачи од се. Дојдов дома ,му испеков јаболко во рерна, помешав со млеко, леле јаде ко да е јадел цел живот. После тоа и млеко убаво се напи! Што му беше, немам појма. Во главном, од тогаш почнавме по малку да јадеме и друго.
Само да ти кажам да внимаваш со банана, добро сега поради проливчето даваш, ама инаку некако на син ми беше тешка, секогаш тврда столица му ствараше, јас ја разредував со млеко.
Денес сме скоро 15 месеци, син ми се откажа целосно од млекото на 10 месеци. Да не спомнувам дека имавме многу такви периоди на непиење млеко. Едноставно не го сака млеко. Сега му давам во кашички и се напие неколку голтки од обична чаша. И со цицањето затоа прекинавме бидејќи имавме таков период кога плакаше , рикаше, нејќеше да цица. Ужас со него поминав со млекото.
Едно нешто што ќе те посоветувам е да не си губиш нерви , таа ќе порасте нервирали се ние или не, не знам зошто така одбиват, мали се не можат да ни кажаат што е работата, можеби дојде до некое презаситување? Кој знае? Инаку ако ќеркичката ти е здрава, докторите слабо можат да помогнат. Таа во Ремедика ми рече: оваа битка родителот мора да ја води и извојева победата. А да додадам, син ми многу слабо напредуваше после 3 месец, се на долна граница качуваше. Има доста ген во тоа, ама него воопшто не му пријаше ни едно ад млеко. А со цицањето супер напредуваше додека сакаше да цица. Кравјо не му давам, освен кога почнав во кашички да му ставам кравјо (од 10 месеци), некако почна да напредува подобро. Не знам до што е, тоа е моето лично искуство.
Инаку да сакаше да пие млеко (и да цица пред се) не би почнала со дохрана овака рано, ама кога детето не ти јаде со денови, мора нешто да се преземе, без разлика што тврдат другите. Така да, ти најдобро го познаваш детето, ако ти е весело, здраво, почни лека-полека со нешто ново, можеби промена и треба, па така и ќе почне пак да пие млекото.
Поздрав.
Се извинувам за предолгиот пост.