Ние одиме во Систина на прегледи и советот на докторот со оглед на нејзината тежина беше дека е време да замениме млечен оброк.
Значи прво е важно како напредува бебето, од раѓање , колку става месечно, ако е во просек по 1кг, тогаш е време за оброк зошто и не е фино да е пребуцкасто, зошто ќе има проблем при проодување.
По мое ептен ви е време за оброк, но вие си знаете. После тебе ќе ти биде тешко да го навикнеш на јадење, а докторката нема да дојде да ти помогне. Ова навистина ме нервира, иако и нас не убедуваа, но со резерва, не нешто да запнува матичната. Затоа си се префрливме на приватно и сум презадоволна.
Имаме 7,5кг што е тродупло од родилната тежина, а тоа е одлично.
Инаку почнав со овошни кашички , совет од докторот беше првите да бидат купени,а после со тек на време и домашни. Веќе сме на домашно јаде јаболка, круша, банана, тиква, (купено боровинка, праска, слика), морков, компир, грашок, брокула, кримид, лукче-младо, тиквичка... Почнавме и со кисело млекце, ептен си го сака, а од нареден месец здравје и со месо.