И морам да додадам само уште нешто.
Не сакам да бидам погрешно сфатена дека имам проблем со давање АД, бидејќи немам. Мене лично многу ми пречат оние мајки што ги осудуваат другите мајки за тоа што бебињата им се на АД... јасно дека мајчино млеко е најдобар избор, но уште подобро за бебето е здрава права мајка, и ако доењето е поголем стрес, подобро АД.
Јас давам АД од старт, во комбинација со редовно доење, може и да прочитате во постовите наназад. Имав еден период грижа на совест за тоа, се обидував да дојам повеќе и да го намалам АД-то, но и едно бебе си има потреби, а не пак близнаци, и колку и да се трудев, тие растеа и бараа повеќе, а едноставно таа ми е количината на млеко. Решив да не се измачувам и дојам секој ден, но кога можам, сакам и сум расположена, и редовно давам АД. Ако ноќе на пр, се разбуди некој во крш време (обично знаат наизменично - еден во 2, друг во 3, па првиот во 4), и сум low energy, тогаш ич не се трудам, одма им давам АД и гледам да ги решам по кратка постапка, пошто мора и јас да поспијам повеќе од два часа, впрочем...
Муабетот ми беше, Tool, извини ако ти оставив впечаток дека те осудувам за тоа што на своја рака си дала АД, напротив. И токму затоа ти потенцирам да немаш грижа на совест дека грчевите се од тоа, може да се, но и не мора. Пробај друга формула, пробај со Colief капки, со Еспумисан... ќе се најде лекот. Моиве имаа грчеви 6-7 месеци, и тек сега се стабилизираат. Тоа е
< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 22.12.2015 12:56:44 >
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015