Муабетот и беше дека наводно од АД се добивало холестерол, што мене ми е стварно чудно. Јас не се сомневам во стручноста на докторката, не сум јас доктор и не знам повеќе, но она од одма со став, цитирам - јас сум меѓународен експерт за доење, ова го работам 30 години!!! Си немала поддршка, затоа си дала АД!
Додека да ја разберам што сака да каже... инсистираше на кисело млеко, кое го давам, ок, но не на секој оброк, не секој ден, и не повеќе пати во денот, а таа тоа ми го препорача. Плус, моиве имаат се уште по два оброка дневно, полека се навикнаа на овој распоред, и сега од одма ли да почнам со сто оброци... ај па и во школо да ги запишам ако не па... Не знам, стварно. Делуваше многу убедливо и строго, а бидејќи АД е скапо, мм вика ај да пробаме да ја послушаме. Не знам, ај ќе пробам денес во вториот оброк кисело млеко, да видам како ќе го прифатат, но секако останува доење+АД, посебно за навечер.
Инаку, моиве имаа грчеви и по 6 месец, а знам и за случај до 9 месеци, така што се е индивидуално. Оваа тврдеше дека треба да се дава пробиотик од раѓање за да не се ни појавеле грчеви и дека затоа и треба кисело млеко. Аман, дај нека се соберат сите на еден симпозиум и нека се договорат, па не ни се децава заморчиња, секој различно мислење има...
< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 28.12.2015 14:43:11 >
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015