Епа фино, убаво, браво! Ја создадоа РР и сега може и да ја срушат, нели, зошто да не! Наша Македонија со јадни 2 милиони жители веќе има три форуми за родители, па зошто да не си создадеме и еден четврти ете бидјќи не бива за создавање. А дали знаеме да го сочуваме тоа што сме го создале тоа е друго прашање.
Незнам што се случило меѓу Елена и Јуле, ни што им се случува на модераториве што веднаш после смена си одат, ни зошто другите членови што биле пријатели со Елена си одат, но се ми се чини дека имате подзаборавено дека не така одамна, пред да станете модератори, стари членови и пријатели сите бевте обични нови членови овде. Рр постоеше и пред Мами и пред Мотхер и пред Професорица и пред Цацко и пред мене и пред многу други.
Изгубената драж не е вина на новите членови што дошле на готово туку на старите.
Но добро, можеби ви треба малку ладење и релаксација за да со нови сили се вратите и го продолжите она што го имавте започнато овде, јас тоа би сакала да се случи, а сигурно и останатите. Или бар понекогаш не удостоиете со некое Здраво бидејки и непријатели да сме си биле немора да вртиме глава кога ќе се сретнеме. На крајот членовите не ја сменија Еца, па тие да бидат казнети поради тоа. А со ова што го правите тоа го постигнувате.
Како и да е боже здравје никој никого на ништо не може да натера, секој сам си го носи крстот што си го одбрал. Нека ви е среќно и долговечно дружењето, овде ќе недостигате.....
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together