за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Мартина во последно време не гледа цртани освен ако и текне на Ноди или Снежана и седумте џуџиња. Многу ми седи на ком. и почнавме да се караме поради ова.Откако залади и помалку сме надвор таа пак залегнува на ком.ќе треба да се расипе ком.(и го исклучувам екранот и таа мисли ком. се расипал)
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
04.11.2009, 15:36
mami
8680
Еца не и давај пред ком многу, еве Боцко пред некој ден ми се жалеше дека кај Стефан почнале да се појавуваат некои проблеми со очињата баш од тоа седење на комп, така што наоѓајте им на децата друга занимација..и мене ме чека тоа ама ке мора некако да се снаоѓаме
04.11.2009, 15:38
profesorica
5709
Дамјан седат по малку пред лап топ со тетка му и гледаат Ноди.А инаку на тв си гледа Ноди -друг цртан не гледа
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
18.11.2009, 15:18
mother 29
4405
Дора истражува,томица и возовите
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 18.11.2009 15:19:16 >
18.11.2009, 15:22
Maria
533
Miki Maus,Kralot lav i Nodi.Zadolzitelno dnevno po2-3 pati.
18.11.2009, 15:24
Maria
533
Znam deka ne e ubavo i se pred televizor da e ama nema drugo,nadvor e ladno i ne ni ostanuva nisto drugo osven gledanje crtani filmovi.
18.11.2009, 15:25
mami
8680
Лука гледа евентуално во последно време Скуби ду, ама и тоа некои минута до две максимум и толку
18.11.2009, 17:05
nadica
4381
јас мислам дека надица гледа многу цртани ноди, том и џери, мики маус,5+, и на нив сличните и по 15-20 мин па по некоа пауза сака пак да гледа не со целосно внимание ама оти по цел ден сме дома сака да е пуштено на тв цело време
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
18.11.2009, 17:10
Mila na mama
1152
Мила гледа во телевизорот само ако и фати око некоја реклама 10-15 секунди и толку. Цртани не ја интересираат. Ако го види Ноди на ТВ трча да ја зме сликовницата Ноди и да ми каже да ја читам.
_____________________________
love u all
18.11.2009, 23:39
daniel
209
obavezno pred spienje
24.11.2009, 15:03
mother 29
4405
pokoyo,pepa pig,traktor tom
25.11.2009, 09:23
big_mama817
1331
и ние во последно време гледаме цртани обично пред спиење и тоа мечиња со дообро срце на двд
< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 25.11.2009 9:24:05 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
30.11.2009, 10:33
Mila na mama
1152
Еј ова сега го прочитав на таратур. Што мислите?
И цртаните филмови треба да бидат рангирани како филмови, односно пред почетокот на најавната шпица би требало да биде прикажано за која возраст е тој цртан, со што децата би биле заштитени од насилствата што се прикажуваат на тие цртани филмови.
Предавач на Универзитетот во Линколн, д-р Карен Фефер тврди дека децата кои гледаат анимирани филмови на кои има насилство, се склони кон „ризично“ однесување, а тоа ја зголемува веројатноста дека детето ќе се повредат со оглед на тоа дека сите се обидуваат да ги имитираат движењата од омилените јунаци, пренесува Дејли Телеграф
Цртаните на кои има најмногу насилство се Скуби-Ду, Бетмен, Икс-мен и Бен 10.
„Децата ги имитираат омилените ликови од анимираните филмови, кои неретко имаат ’ризично’ однесување, и се впуштаат во многу опасни авантури. Исто така докажавме дека честото гледање на телевизија може да предизвика ризик од перцепцијата на ризикот кај децата. Воглавно поради тоа сметаме цртаните да се рангирааат како филмови“, истакна Фефер.
Таа додаде и тоа дека главните јунаци во одделни цртани се многу опасни примери за децата, и дека со истражување е докажано дека постои поврзаност помеѓу гледање на цртани филмови и стапката на повреди кај децата
_____________________________
love u all
30.11.2009, 10:40
profesorica
5709
вчера Дамјан се изнагледа ноди и тракторот том на you tube.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.11.2009, 10:41
Еца
6692
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama
главните јунаци во одделни цртани се многу опасни примери за децата, и дека со истражување е докажано дека постои поврзаност помеѓу гледање на цртани филмови и стапката на повреди кај децата
жив пример сме ние кога Мартина со вилушка за месо онаа со две острици напред, бркна во штекер. Откако се смиривме, ја прашав зошто тоа го направила, рече дека Том така направил во тоm&jarry
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
30.11.2009, 10:48
mami
8680
Имам кумче од 9 години и еден внук на мм од 10 год. кога се заедно- обично по слави и родендени, луѓе тоа е неподносливо- значи собата ја прават хаос за помалку од една минута, играат некои делови од цртани- врска немам кои- кои вклучуваат: борење, пукање, викање и незнам уште што...И што ми е најчудно е тоа што едниот ке предложи нешто што јас не ни разбирам што сакал да каже, а другиов веднаш ја прифаќа играта и почнува хаосот. Ништо живо не ги собира...некогаш мислам дека цртаните се колку добри толку се и лоши..
30.11.2009, 15:44
zami
574
da, ama socijalizacijata na decata go pravi svoeto. Sin mi nikogas ne gi gledase Pawer Rangersi, ama vo gradinka po cel dan samo za niv zborea, pa nie imavme doma figuri na pawer rangewrs uste pred da gi vidime na televizija. Ama kako sto kaza nekoj prethodno, decata od crtanite treba da naucat i dobro i loso.
Na primer: * Skubi Doo e naj nenasilen vo odnos na Tom i Jerry i dr. i uste podobro mene mnogu mi se dopaga sto ima strasni likovi koi na krajot sekogas se prikazani deka toa se cickovci prepraveni kako za na maskembal, pa taka decata se priviknuvaat na strasni likovi a ne se plasat od niv. * Teletabisi iako e najneutralen, bese zabranet vo mnogu zemji, atoa sto edniot lik TinkiVinki bese masko so tasna sto naveduva na homoseksualno odnesuvawe. (Sin mi gi gledase koga bese bebe megu 6 i 15meseci, ama sega na 5god.ni pod razno ne bi mu dozvolila da gi gleda) * Bratzz i sl. na niv se crtani za tinejgeri, a gi gledaat i devojcinja od 3god. vozras i taka ucat za deckovci, sminkanje i sl.
Najdobro e da poglednete nekoj crtan zaedno so svoite deca, i namesto da im gi zabranite da im objasnite sto od tamu e dobro a sto ne. A ,,znaenjeto,, ne se uci samo od crtani filmovi, tuki od sekade, od naseto odnesuvanje, od odnesuvanjeto na okolinata, drugarcinjata, pa i slucajni minuvaci na ulica, a nie kako roditeli sme tie sto treba na decata da im objasnime sto e dobro a sto ne.
04.01.2010, 12:38
mother 29
4405
И ние гледаме трактор том во последно време,ама штета што нема синхронизирано на македонски!?вак ами вика ....мамо пути го тај со оваца!(мамо пушти ги овците!) ке се испобркаат децата!
04.01.2010, 12:41
profesorica
5709
ахаххахахах, епа нема на македонски Кате, ние најдовме на холански, руски и незнам на кој веќе јазик а на мк нема.штета.Дамјан ги прегледа више ептен , доаѓаме дома, кај моите или кај свекрва ми и одма ТАМ, ТАМ (том том пушти го том)
Кате која со овци, кај што прават диско вече???
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
04.01.2010, 12:43
mother 29
4405
не ,таа со родеото кога се редат и кога трактор том скока преку 7 оваца ххахаххха
04.01.2010, 12:44
Mucka
117
i meni je traktor tom zaokupio sina....i strasno ga gleda i miki mausa,i mani majstora....ali pogleda i te tom i jerry, scobi i dosta losih stvari skupio od njih....e sad gleda i peppe pig...na raznim jezicima....3 i pol g su mu i skupio je na francuskom 2 pjesmice sto ih pjevusi od peppe pig!
04.01.2010, 13:05
mis.
3845
Мартин го обожава возот Томас баш сега за нова година му дадоа поклон возот томас и тој е во облаци.Цело време е со него еве 3 вечери и спие гушнат со него.на гости си го носиме и на сите го покажува.Го обожава и трактор том но бен10 му е фаворит. Стефан и тој почна дагледа цртани покрај бато но ноди најмногу му го задржува вниманието. Вашите деца од кога почнаа да гледат цртани?
08.01.2010, 17:16
mother 29
4405
ни се расипа двд -то од толку гледање трактор том
09.01.2010, 17:49
biljanaM
662
Цела недела го гледаме Црвенкапа...го научив секое зборче по ред а и мм....не можеме друго ништо да гледаме, од друга страна многу се радувам бидејки ја научи приказната убаво и ни ја раскажува
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
10.01.2010, 18:39
niki
4299
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama
Еј ова сега го прочитав на таратур. Што мислите?
И цртаните филмови треба да бидат рангирани како филмови, односно пред почетокот на најавната шпица би требало да биде прикажано за која возраст е тој цртан, со што децата би биле заштитени од насилствата што се прикажуваат на тие цртани филмови.
Таа додаде и тоа дека главните јунаци во одделни цртани се многу опасни примери за децата, и дека со истражување е докажано дека постои поврзаност помеѓу гледање на цртани филмови и стапката на повреди кај децата
Се сложувам со ова, иако со ќерка ми немам потреба од вакво нешто, таа ги има научено кои се страшни и веднаш штом почнат сама го гасне ТВ бидејќи се плаши. За повредите исто, Телетабиси гледаше и се качила на кревет да скокне демек во дупката ко нив.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together