за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Сега кај нас по цел ден е пуштено Минимакс. Нина го обожава Френклин!!! После 2 недели седење дома со сипаници и гледање цртани на српски, Нина почна да зборува српски. мм е многу горд, затоа што он е србин.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
13.01.2012, 13:53
vezilka RR
4931
Цртани гледаме додека јадеме. Гарфилд го обожава..се смее на сет глас кога го гледаме. Го сака и Скуби ду и Том и Џери. Гледаме и Baby Einstain. А луд е по песничките од British Council LearnEnglishKids како Incy Wincy Spider, It's, time foр another year, Brush Bus и сите други 20етина песнички.
13.01.2012, 20:33
Snowhite RR
5042
Вовчето Томица го гледаме пред спиење моментално
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
25.01.2012, 14:43
Mihaela 2010
4230
Mnogu ne sme po televizijata,osven koga ke zapocne nekoja reklama,ama od crtani go obozava momentalno garfild,duri prepeka da i kupime,edvaj najdovme niz gradov.Inaku ne se zadrzuva na drug crtan povekje od 5 min.
25.01.2012, 14:58
mama toci
240
Praseto Pepa(ubav crtan i edukativen),omilen i bese i jas na raat edno pola saat da si zavrsam nekoja obvrska niz kuka...Eh seto ova do pred edna nedela koga devojcevo pocna da si igra so puski i pistoli niz kuka i da zboruva "Pepa losa,Pepa tepa Gorg".Doznav deka brat i (7 godini) i pustal nekoi bezvezni klipovi vi koi Pepa si go tepa bratceto Georg.Se izvadiv od pamet,KAZNA-kompjuter nikako,barem ne izvesno vreme
25.01.2012, 15:08
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
,edvaj najdovme niz gradov.
Каде најдовте? И ние сме по Гарфилд ама никаде не сум го нашла Гарфилд во било која форма на играчка. Имаме само една плишана која ја добивме на поклон и тоа е стара, мислам од внука ми ама кутрото дете кога виде дека Никола се подмочува од среќа кога ќе ја види, му ја поклони..сонце тетино
26.01.2012, 00:03
mamicka_26
280
И син ми многу го обожава Гарфилд,знае ли некој каде да ги најдам или да ги симнам од нет цртаните синхронизирани на македонски?
26.01.2012, 00:13
nadica
4381
Н обожава цртани последниве неколку дена БУКВАЛНО ги гледа штрумфовите одново и одново мислам дека ќе полудам и јас и таа напамет го знаеме од почеток до крај па ме тера и да и го преведувам и еве сега додека го гледа сама си го раскажува и се смее а пуштен и е да ја заспие
попладнево заспа гледајќи го, и јас сакав да сменам програма се разбуди и расплака додека не вратив
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
26.01.2012, 10:08
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci
Praseto Pepa(ubav crtan i edukativen),omilen i bese i jas na raat edno pola saat da si zavrsam nekoja obvrska niz kuka...
И Матеа многу ја сакаше Пепа, ама па во последно време не сме ја начекале на ТВ.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.01.2012, 18:46
Maca25
7558
Кај нас се гледа се што е на репертоарот на Минимакс. Цел ден може да гледа и да се радува кога и почнува некој од омилените.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
24.06.2012, 11:36
mila mama
1616
Гледаме цртани филмови само додека јадеме и тоа на компјутер, или поточно ipad. Сега за сега гледаме само “куќичката на Мики маус“ и еве два дена и пуштив “Ноди“ по препорака на многу мајки на РР, па гледам и тој и го задржува вниманието. Проблем е само што на youtube има само неколку цртани на македонски јазик од “куќичката...“ па веќе гледам и досадни и стануваат. Планирам кога ќе дојдеме во Мк да ги побарам на диск и другите епизоди па да и биде интересно.
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
24.06.2012, 16:29
kikicka
4218
Да го има воМк на цд Ноди на македонски,еве и Л го гледаше едно време ама сега не.Поинтересни и се овие англиските песнички .
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
24.06.2012, 16:46
Martins mom
3342
Гарфилд на прво место, Том и Џери и Декстер
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
26.12.2012, 14:40
Pepelaska *
3820
НАс сега ни е хит Ноди.Перницата му е со Ноди, и кукла доби.Го обожава. И јас некогаш си се загледувам и стварно е добар за деца.НЕма насилство , опуштен и релаксиран цртан баш како за нив. И освен на македонски нема шанса да гледа, патриотче мало хаха
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
26.12.2012, 14:43
miana
6152
Дора истражува...- ја обожава и по 100 пати ја гледа од тв-тека
26.12.2012, 14:49
dostickage
2181
Masa i medved momentalno ni se hit. I Dora explorer isto taka. Nekogas place i ja bara Doua , Doua
26.12.2012, 14:50
Mihaela 2010
4230
Dora definitivno e najdobriot crtan do sega sto sme go gledale,em poucen em interesen te tera da razmisluvas...bas vcera go gledavme na MTV...bravo za novata programa na MTV
26.12.2012, 14:50
Pepelaska *
3820
А да ја заборавив и јас И Дора си ја сака, и мн се радува ама само на 1 ја гледа, и тоа го сака многу бон тон со децата што го даваат на сабајле.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Мајки имам едно прашање , дали знаете каде можам да најдам цртани филмови синхронизирани на македонски јазик , сакам да и симнам на ќерка ми да го гледа на двд на телевизор , нешто од цртаниве , пепелашка , снежана и 7 џуџиња , мики маус...?Денес бев во Топер и Во Рамстор да проверам да не има нешто но има само од Ноди и Малата принцеза. Мислам разочарана сум , толку ли е тешко да се направи еден цртан филм на мак. јазик? Без навреда ама донеле на српски јазик едно чудо цртани а на мак. нема ништо па зарем на детево мое треба на српски ли да му пуштам цртани??
на youtube можеш да најдеш нешто, ама како Ноди, були були (ако се сеќаваш на тоа), сега даваат Дора на МТВ па може и на youtube да ја има некој ставено. Слабо има мак сингоронизација на цртани, посебно не за купување. Ние само на српски гледаме.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
30.01.2013, 12:14
Pepelaska *
3820
Жално е што нема цртани на македонски јазик. И нас сега после Ноди , трактор том , ни се допаѓа гарфилд, исто и пожарникарот сем ама на јутјуб има само две епизоди на македонски јазик. Може треба да се покрене некоја иницијатива за цртани на македонски јазик или да се побара од Мтв нешто да направат, цдиња и слично , пошто барем според мене порано таму даваа најубави цртани, МЕчето ушко, Летечки мечиња, Бојан, Пожарникарот сем , еден имаше со зајаче кое јадеше зелки , и мн други. Покемони ,дигимони и слични не планирам никогаш да му пуштам.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
30.01.2013, 12:16
miana
6152
На мтв има Бонтон ,има Дора истражува и пингвините од мадагаскар и сите се на мкд јазик... Сакаме шуте,сакаме уште,сакаме уште!!!!! И сакаме некоја емисија како -дајте музика,до ре ми и сл
30.01.2013, 12:26
arh_diz
7198
Momentalno gledame lazy town ili spajdermen.Celiot e vlezen vo crtaniot .Koga ke go prasa nekoj kako se vikas vika Spartakus a mama e Stefani :).