за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
< Поракaта ја уредил Julie -- 3.11.2009 10:54:24 >
20.10.2009, 13:14
Весна
771
На мм му викам: „би сакал на кратко, ама ептен на кратко да може да ти ја дадам малава да ја поносиш во стомакот за да видиш какво е прекрасно чувството и веднаш после да ми ја вратиш?“ Леле, ко шамар да му мавнав, се исплаши од самата помисла, почна да скока како веќе во него да е . А многу ја сака, раце не трга од мешето ми, постојано ја мази и и’ зборува, само ете не може, не е свесен што е всушност она вистинското, убавото од бременоста, созревањето на нашето бебушче.
20.10.2009, 13:43
niki
4299
Отприлика една година по породувањето мм беше многу загреан за второ, ама јас тогаш какво второ, ова првото уште бебе ми беше, не бев спремна. И му викам, а нееее ако сакаш второ ти да бидеш труден. А тој храбар ми вика: Па кога би можел би бил ич не би размислувал. Ама ич не сум сигурна дал ќе беше толку храбар да беше тоа возможно вистински
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
20.10.2009, 13:47
srekna mama
316
,абре мажи,не паѓаат на грб...
21.10.2009, 22:51
ananikol
1568
Nie denes bevme na prviot ultrazvuk (2D).Bevme okolu pola saat i celo vreme bebusot spiese ni rekoa deka spie 40 min a 40 min e budno i nemozea da cekaat da se razbudi oti neznaele koga zaspalo, a predhodno jadev i cokolado i piev koka-kola ama spanko-a na tato(se razbira). Dolgi me 3.48sm vo 10nedli+1den.Racickite ne mozevme dobro da gi vidime ama ke imame moznost da go vidime podobro sledniot mesec.
21.10.2009, 22:54
Mila na mama
1152
Нели не знаеше дали да плачеш или да се смееш од среќа а гледаш само една точка и цел свет ти е собран во неа. Се сеќавам на моите први УЗВ прегледи вилицата ме болеше од ширината на насмевката,а очите ми беа полни со солзи.
_____________________________
love u all
22.10.2009, 00:14
ananikol
1568
Da,da,tocno taka Mila na mama.No,moram da priznaam deka mi se mesaa custvata na sreka i griza vo toj moment dodeka ne go vidov rezultatot na antitelata deka e negativen.Nokna mora mi bea.A od koga mi kazaa deka se vored ne ja ispustam slikata od ehoto od race.Mazot mi baska prikazna,toj cel vleze vo plazmata sto bese pred nas
22.10.2009, 12:23
Leonida
411
Јас би сакала да чујам ваше мислење и искуства во врска со мојот резултат од прегледот. Искрено многу се уплашив пред некој ден кога бев во државна за да ми прават скрининг во 30та недела. Таа што ме гледаше (нема потреба да ја именувам која докторка) ми направи таква параноја затоа што според нејзините мерења бебето изгледало една недела до 10 дена по мало и дури ми постави прашања како: па до сега нормално се развивало?, твојот матичен лекар не ти спомнал ништо?......се осетив како кој знае што да носам во стомаков. Толку ме изнервира што најверојатно она примети и на крај ми рече да не сум се секирала дека тоа не било ништо страшно и дека сака повторно да дојдам за 2 недели да види како напредувам. Инаку до сега сите прегледи ми биле нормални, и крвна слика и се. Претходно на 21ва недела исто кога бев во државна, ми се случи нешто слично, па отидов другиот ден кај Димчев во Систина и излезе дека се си е во ред и дури дека е една недела по напред бебето. Па си викам дали овие во државна болница имаат некаков проблем со гледањето, можеби апаратот или не знам што друго. Сега ке одам повторно на друго место да ме видат затоа што искрено сум малку извадена од памет, а и мешето не ми е големо како на повекето иако за некој ден ке влезам во 8ми месец (знам дека тоа не е баш некое мерило). Многу малку сум поправена, односно скоро иста сум си само што имам стомаче, бебето си мрда внатре нормално и јас се чувствувам ок. Па ме интересираше дали и некој друг имал вакво слично искуство со лекариве и дали има простор да се тревожам до толку... Многу би ми помогнале со вашите совети и искуства, затоа и го споделувам ова со вас
22.10.2009, 12:31
mami
8680
леонида, јас имав ужасно икуство во Државна кога прокрварев, никаква услуга, никаков однос, а плус мислам која глупост ми кажа тогаш тој што ме прегледуваше- бев некаде 9-10 недела и ми вика- супер е бебето види го ти мавта, ене со рачето...така што според мене ако другите ти викаат дека се е во ред и нормално си расте не се секирај...а бебињата не напредуваат секогаш со исто темпо, некогаш ке биде понапред некогаш поназад..
22.10.2009, 12:39
Iva
626
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
јас имав ужасно икуство во Државна кога прокрварев, никаква услуга, никаков однос, а плус мислам која глупост ми кажа тогаш тој што ме прегледуваше- бев некаде 9-10 недела и ми вика- супер е бебето види го ти мавта, ене со рачето....
леле колку се изнасмеав, не се нормални, леле мами ме развесели како ми тргна денов ми го разубави
22.10.2009, 12:40
mami
8680
да да..баш така ми рече...и тоа беше пресудно во мојата одлука да се пораѓам во Чаир...во Државна одам ако веќе немам опција и морам, инаку ја избегнувам секогаш кога е возможно
леонида не се нервирај...оди на друг лекар и види што ке ти каже, па пиши ни обавезно
22.10.2009, 12:42
mother 29
4405
толку им е културата!лечат комплекси на невини луге! ич да не се секираш,затоа и има бебиња што се рагаат по 2,800, а има и бебеиња што се рагаат пo 4,000..затоа немa потреба од паника.. ако ти кажал Димчев дека е добро,и така е( мене ме породи и ми ја водеше бременоста).супер е тој!немај гајле! ако си имаш услови, на тие битните скрининзи оди кај него,гони ги овие од државна! уживај!
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 22.10.2009 12:43:37 >
22.10.2009, 12:53
Leonida
411
Ви благодарам девојки, сепак ми олесна. Ке одам деновиве кај друг доктор па ке ви пишам обавезно.
22.10.2009, 13:43
srnicka
413
ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida
Јас би сакала да чујам ваше мислење и искуства во врска со мојот резултат од прегледот. Искрено многу се уплашив пред некој ден кога бев во државна за да ми прават скрининг во 30та недела. Таа што ме гледаше (нема потреба да ја именувам која докторка) ми направи таква параноја затоа што според нејзините мерења бебето изгледало една недела до 10 дена по мало и дури ми постави прашања како: па до сега нормално се развивало?, твојот матичен лекар не ти спомнал ништо?......се осетив како кој знае што да носам во стомаков. Толку ме изнервира што најверојатно она примети и на крај ми рече да не сум се секирала дека тоа не било ништо страшно и дека сака повторно да дојдам за 2 недели да види како напредувам. Инаку до сега сите прегледи ми биле нормални, и крвна слика и се. Претходно на 21ва недела исто кога бев во државна, ми се случи нешто слично, па отидов другиот ден кај Димчев во Систина и излезе дека се си е во ред и дури дека е една недела по напред бебето. Па си викам дали овие во државна болница имаат некаков проблем со гледањето, можеби апаратот или не знам што друго. Сега ке одам повторно на друго место да ме видат затоа што искрено сум малку извадена од памет, а и мешето не ми е големо како на повекето иако за некој ден ке влезам во 8ми месец (знам дека тоа не е баш некое мерило). Многу малку сум поправена, односно скоро иста сум си само што имам стомаче, бебето си мрда внатре нормално и јас се чувствувам ок. Па ме интересираше дали и некој друг имал вакво слично искуство со лекариве и дали има простор да се тревожам до толку... Многу би ми помогнале со вашите совети и искуства, затоа и го споделувам ова со вас
Nemoj ic da se sekiras. Bebeto (po knigi) od 28 do 32 nedela moze da otstapuva od propisanite merki. I mene isto mi se sluci i jas iako go znaev toa sepak bez isplasena i zamislena, ama vo 33 koga otidov na eho se si bese ok. Pozdrav do tebe i uzivaj
22.10.2009, 13:44
profesorica
5709
и јас немав ич стомак на крај почна да ми расте нагло 8-9 месец така што нема врска тоа, а тие од државна јас незнам кај им е паметот.не се секирај!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
28.10.2009, 18:15
ananikol
1568
Denes bevme na ''vanredno" eho bidejki malku prokrvarev i mi kazaja deka mozno e da e od placentata i dokolku nee obilno krvarenje nee nisto strasno...pa jas bas zatoa otidov so vreme da se vidi sto e i kako za da ne dojdi do toa strasnoto ama ete..mozno da e od placentata sto e nisko. I da vi kazam si go vidov sega ne spiese ( mm mi vika e nie treba da odime na eho posle 12 oti i se budi ko majka mu popladne )mrdase so racinjata,lele kolku se vozbudiv bidejki za prv pat go gledam kako se dvizi srcuskoto i sega sme dolemi da,duri 5 sm
03.11.2009, 15:25
Medo
250
Здраво на сите!
Јас сум нова на форумот. Ептен се релаксирам кога ги читам постовите . За прегледите на моево малечко имам да ви раскажувам до 101 и назад. Се нешто не се совпаѓа, па не одговара на неделата во која треба да бидам. Инаку, одев на приватен гинеколог кој преку летото само ми додаваше недели (демек бебушот растел) и јас од рок во декември стигнав до средина на ноември. И си отворив јас породилно и отидов во државна на преглед (бидејќи таму ќе се пораѓам, па си реков нека ме следат таму последниот месец). Докторката од државна ми се изначуди и ми рече дека не сум била деветти месец туку дека допрва сега ја терам 34. недела. Кој шок - а јас психички се спремам веќе. Многу бев изнервирана, ама сега се опуштив веќе. Испаѓа дека породилно си земав од 8. месец. Катастрофа!!! Инаку последните мерки на бебето се: BPD 90, AC 292, FL 68,1. Баш гледав на тој сајтот што беше пишан од некоја од вас на која недела одговараат меркиве и испадна дека сите се за различни недели. Тотална збунка сум. Ај, само нека биде се ок, па само броењето да биде проблем. Поздрав и се читаме !!!
03.11.2009, 15:46
mis.
3845
медо добредојде на форумот.Ако ни значат нешто моите мерки кога Стефан беше во моето меше во 33 недела i 1 ден се BPD 85,AC 30,FL 63,HC 289 а Стефан се роди во 42 недела од бременоста 3740г 55 см Така да тука некаде се и мислам дека имаш уште време.Биди смирена нема место за паника бебто е супер.Уживај во остатокот од бременоста.
03.11.2009, 15:57
Leonida
411
Поминаа две недели од последниот пат што ви пишав во врска со мојот преглед во Државна. Тек денес конечно знам на што сум. Можам само да кажам дека сум премногу разочарана од нашево здравство, особено од Државна болница. Замислете ме задржаа викендов да лежам на патологија за да ми дадат зреење (Флостерон-две инекции), а сакаа и уште еден ден да ме задржат. Стварно се луди, ми направија 300 различни филма за бебето, а што е најтрагично џабе седев таму. За една инекција дневно можев да дојдам и да ми ја стават. Па какви работи се изнагледав и изнаслушав, да не ви кажувам. Еднаш викаа дека мешето му е помало за 2 недели и ми ги даваа инециите. Вчера ми викаа дека бебето е цело помалечко за 2 недели (не само мешето), а денес викаат дека било 3 недели помало. Девојки како ке им текнеше така си правеа. На крај си отидов во Систина, ми се изнасмејаа што ме задржале во болница, и ми кажаа дека бебето е малку помалечко но во рамките на нормала и дека немало потреба од такви патешествија. Бидејки си е нормално, со доволно плодова вода (во Државна ми рекоа дека немам доволно плодова вода) треба само да си уживам и да не се замарам. Ако ви раскажувам детали ке зајдам , затоа вака само ви пишувам на кратко и да го завршам еднаш ова лошо искуство. Ви посакувам пријатна и што помалку вакви очајни ситуации за сите.
03.11.2009, 16:24
Medo
250
Фала за добредојдето :))))
Очигледно дека на различни места ќе слушнеш различни работи. Треба човек да не се нервира, ама ете некогаш не можеш да се исконтролираш и ќе се скапеш од секирација. Ќе биде добро Леонида. Ете и кај мене има многу прашалници. Ќе си се поддржуваме тука :)
03.11.2009, 20:41
mami
8680
значи вече од нашиве не ме изненадува ама баш ништо...Медо добредојде и од мене, се надевам ке не дружиш сега почесто кога еднаш не откри :) Леонида, важно завршило тоа, ти уживај и гали се со мешето
03.11.2009, 22:54
Весна
771
Утре сме на УЗВ преглеееед!
03.11.2009, 22:58
mis.
3845
Па чекаме резултати
03.11.2009, 22:59
Сани
136
леле Весна и ние и баш ми е страв како се приближува крајот се повеќе се паничам, 35та недела сме, ако ми речат утре остануваш тука ќе биде интересно
03.11.2009, 23:11
Весна
771
Уф, Сани, мене таа 35 недела ми изгледа далеку, јас сум 32+3, си го гледам стомакот и некако баш ми е спуштен надолу, па почнува да ме јаде мислата да не случајно малово сака побрзо надвор. Затоа ајде со насмевка утре, и вие и ние, па ќе си раскажуваме