за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
и мене секој ден ми се чини дека ми се спушта стомакот а мм ми вели дека нема врска, ќе видиме што ќе кажат утре одиме во 14h ама како што се чека во државна ќе видам кога ќе се вратиме и ќе пишам обавезно!!! се ќе биде во ред само си паничиме без причина
04.11.2009, 09:42
happy mommy
108
На 30.10. бев на ехо , 15 недела бременост и ми кажаа дека е машко , бебуш беше убаво наместен со раширени ноџиња, ама од пуста желба да е девојче не го зимам тоа здраво за готово. Некаде почеток на Декември ќе одам на 4Д и таму да видам што ќе ми кажат.
04.11.2009, 09:55
Сани
136
happy mammy само нека е здраво и живо ќе одите на друго ако е момченце!
04.11.2009, 09:59
happy mommy
108
И маж ми тоа рече ама како што му трганло до сега двајца мушкарци и ако идеме на трето може и тоа да е мушкарац и јас ќе полудам :)
04.11.2009, 10:02
Сани
136
да ама сите ќе бидат сонциња на мама и на тато
04.11.2009, 11:38
Сани
136
Весна! Што направивте на контрола? Пиши кога ќе се вратиш Ве мислам!!!
04.11.2009, 13:05
Medo
250
Ајде чекаме да видиме што биднало на контролите. И јас сум 35. недела сега. Ноќеска сонував дека сум прокрварела малку и дека почнала првата фаза од породувањето. Што ти е опсесија, хахаха
04.11.2009, 13:15
Сани
136
одам да се истуширам и на контрола!!! ако ме нема цел ден сме останале ако не ќе пишам приквечер, држете среќа!!! леле никојпат не сум била паничарка незнам што ми е!!!
04.11.2009, 13:38
Весна
771
Еве не’ си дојдовме... Јана е гооолемо бебе, тешка е 2 200гр. и е со главчето надолу. Не сум баш весела, ама па на раат сум што знам дека е добричко, гин. ништо лошо, ни загрижувачки не кажа, само напомена дека за 3 недели, во 35 недела следуваат брисевите и потоа ќе броиме :) Ај што е големка, туку главчето некако и’ беше наназад поставено, ми изгледа ко неудобно да и’ е. Па не знам што да направам за да го помести главчето малку кон градите. Уф, ми е жал за малечкото ми. Мочла една, како така се наместила...
04.11.2009, 15:43
alex_mo
636
Весна не се преоптоварувај со замислени работи.Па сигурно на женската и е удобнол.Знаеш тие не се како нас,ако нешто не им е ок преткаат ,нешто ќе те наболнува,а кога ќе се родат се си кажуваат со плачење.Само биди ведра,бебињата тоа го чувствуваат.Знаеш како викаат среќна мајка-најсреќно бебе..
04.11.2009, 15:48
mami
8680
Весна не си ставај непотребни мисли во глава.Па сигурно на женската и е пријатно и убаво така.Знаеш тие не се адаптираат како нас ако нешто не е ок преткаат ,се бунат,а кога ке ни дојдат на овој свет - плачат.Така да ако ти немаш потешкотии нејзе и е сигурно најубаво...
потпишувам, ако не и е удобно верувај дека ти прва ке дознаеш или подобро кажано почувствуваш
04.11.2009, 16:45
ananikol
1568
Eve samo sto stignavme od eho i dragi moi ringerajki jas seuste nemozam da si dojdam pri sebe od vozbuda . Tri pati praevme eho,na prazna besika-i togas bese svrten so glavceto nadolu i non-stop mrdase.Pa na polna besika (po pol saat)togas bese na meseto legnato i pak celo vreme mrdase,pa posle pak na prazna besika i togas lezese na grbceto pa se svrti stranicno.Skoro dva casa ostanavme na eho i seskoja cest za doktorot dodeka ne se uveri deka site merenja se vo red ne se otkazuvase.Bidejki bese vaginalno eho tretiot pat pocustvuvav i bolka no i jas sakav da bidam sigurna dekja e se vo red pa istrpev.Vazno deka so e se vo red. A,da, sega sme vo 12 nedela i dolgi sme 6 sm.
Happy mommy jas i ti sme blisku,ti si 3 nedeli pred mene.Koga ke te snema ovde i koga ke ni pisis poraki od porodilno ke znam deka mene mi doslo vreme da se spremam
04.11.2009, 17:22
Весна
771
Е да деееее, а мене што маст ми вади со ноживања во дијафрагмата и ребрата?! Само не ми беше убава слика во моментот кога ја гледавме, така со главчето наназад, па тоа ми остана во паметот. А до сега секогаш во движење ја фаќавме, а овојпат спиеше. Ама затоа сега и раце и нозе, се тегне, гајле си нема. Ех, ајде сааааамо уште седум недели
04.11.2009, 18:36
srekna mama
316
Леле Весна супер-ќе поминат како од шала,па тоа мало цуце што си го гледала како мрда,што те клоца сега .ќе си го држиш во раце .ајде уште малку
04.11.2009, 18:50
Сани
136
здраво дечки, само што се вративме и малку сум исплашена!!! бебушот е во ред, малку е поголема отколку што треба но докторот ни рече дека нема доволно вода и дека тоа малку го загрижува рече да пратам дали се движи како и секогаш и во понеделник да отидам пак на контрола па ако е ситоацијата иста или полоша ќе ме задржат таму. Не се плашам 35та недела сме само да биде се во ред имал ли некој вакво искуство до сега? да знам што ме очекува.
04.11.2009, 18:53
srekna mama
316
мила немам такво искуство,но не се секирај,без паника,ќе биде добро,Следи ги движењата на бебушот,како што кажал докторот и ќе биде. Пиши како си
04.11.2009, 19:07
mamabuba
9
luge jas sum 29 nedela od bremenosta a pred nekoj den bevme na eho i malata gospogica uste ne se spustila so glavceto nadolu,doktorkata veli ima vreme ke se spusti,vie sto ke kazete za toa?
04.11.2009, 19:18
ananikol
1568
Sani,nemoj dusicke da se plsis istiot slucaj bev jas nekad davnoo.. so sinceto koe e sega tinejdzer.Jas na krajot na bremenosta bev zdebelena samo 6 kg,a se rodi 4.200 e pa sega racunaj kolku e vo se drugo..Isto taka nakrajot na bremenosta mi spomna doktorot sto me vodese deka poradi goleminata na bebeto e namalena kolicinata na vodata i odev 2 pati nedelno na kontrola za da ne se zamati vodata.Po deset dena odkoga pomina terminot se dogovorivme da pojdam na provokacii i se rodi zdravo pravo-ljubi ga majka .sega e 185sm. nemoj da se sekiras,se ke bidi vo red,ke vidis.Nema mesto za panika,samo poleka so veli srekna mama..
04.11.2009, 19:21
Еца
6692
Сани не грижи се мила, се случува и тоа. Треба да бидеш среќна што навреме е откриено и ќе се следи, значи ако има потреба и порано да се породиш најважно е да бидете добро со бебето. Ај погледни вака, а да не видел докторот дека постои проблем со плодовата вода, автоматски проблеми и кај бебето ќе се јавеле, вака радувај се на секој ден, мисли позитивно и само добро да се заврши. Па ако треба и наскоро мекици да јадеме. Ајде тука сме со тебе и чекаме да не информираш како стојат работите.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
04.11.2009, 19:24
Сани
136
ти благодарам многу ananikol само да знаеш каква паника ме има фатено леле леле само се надевам дека се ќе биде во ред, цела бременост ја лежам и со серклаж сум ич не ми е мака за ништо само да биде здрав и жив.
04.11.2009, 19:28
ananikol
1568
Ke bidi,ke bidi se OK,garantirano ke vidis. Posle ke si baram mekiciiiii.... A i jas sum istiot slucaj i kaj mene ke ima leznje..
04.11.2009, 19:54
Весна
771
Еее Сани, викаш малку било поголемко... сигурно си е таман. Еве јас сум 32 недела, а бебушот ми го мерат како за 34 недела да е, плодова вода си е таман, па ни двајцата гинеколози што ми ја водат бременоста ми немаат алармирано за големината. Во Систина, др. Димчев ми кажа дека не треба здраво за готово да ја земаме килажата на бебето, бидејќи не само што секое бебе е различно, туку и самите машини се различно подесени. Кај матичниов, пак, секогаш малава ми беше мерена за 200гр. повеќе отколку во Систина. Ајде опушти си се и мази си го мешето уште некоја недела
13.11.2009, 15:29
Палешка РР
7505
И ние само што си дојдовме , денес бевме и на прво ЦТГ. Јас кога се извозбудив, лелеееее , а Миа збесна Тешка е 2200 гр и од докторката има чиста десетка
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.11.2009, 15:36
mami
8680
13.11.2009, 16:13
Палешка РР
7505
Е да, ќе заборавев да ви кажам. Прстот од ногата си го пикнала в уста, акробатка една смешна
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.