ШТО ДА СЕ ПРАВИ ЗА ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ДЕЦАТА
Паѓање
Во првите месеци на живот не треба никогаш да се оставаат сами
децата на местата каде се преповиваат, креветчињата без огради, каучите и фотељите. Кога не е можно директно да се надгледуваат или да се земат во раце, децата се оставаат на сигурно место: во креветче со огради или во бокс. Треба да се знае дека децата се во состојба самите да се движат уште од 6тиот месец, што значи дека е добро да се користат вратички за
внатрешните скали, да се отстранат клучевите од вратите, да се монтираат огради на прозорците, да не се држат столици блиску до прозорците или на балконите. Потребно е веднаш да се повика лекар или да се обратите на итната помош 118 кога детето ќе падне или силно ќе ја удри главата и после тоа манифестира сонливост и / или повраќање. Итната помош 118 треба веднаш да се повика и во случај по паѓањето детето да не ce одгласува кога му се обраќате или кога не е способно да ги движи нозете и рацете.
Изгореници
При припремањето на оброците, разни течности или врели јадења кои прскаат можат да предизвикаат сериозни изгореници кај децата. Затоа е потребно да се користат сите можни претпазливости и да се држат децата подалеку од сите извори на топлина (пр. пегла, печки) и шпорет. На пример, тенџерињата и разните лончиња можат да се стават на задните решоа или рингли. Исто така, треба да се запомни дека е опасно детето да се држи во
раце додека се носат или се ракува со врели јадења или напитоци. За да се спречат изгореници како последица на врелата вода од чешма, бојлерот треба да е регулиран на температура помеѓу 50 и 55 степени. Во случај на горење, треба веднаш изгорениот дел да се стави под чешма со ладна вода, веднаш да му се обратите на вашиот педијатар или, во случа и на озбилни или големи изгореници, на итната помош 118.
Гушење
Во првите месеци и години на живот, децата ја истражуваат околината носејќи ги сите предмети кон устата. Затоа е потребно да се одбегнува да се оставаат на дофат на рацете на децата предмети кои би можеле да се голтнат, како што се мали играчки, ланчиња, привезоци. При ранењето, храната треба да се исецка на мали парченца. Не требада им се даваат бомбони, кикирики или друга храна која децата сé уште не се во можност да ја џвакаат.
Давење
Децата не се оставаат никогаш сами при бањањето, дури ни тогаш кога се полни со вода кадата или пластичната кадичка, или кога таа се празни после употребата. Надвор од дома, треба да се обрне особено внимание на контејнерите со вода, цистерните, бунарите, базените итн.
Труење
Лековите и средствата за чистење на куќата треба да се држат подалеку од догледот и дофатот на децата. Овие производи треба да се купат и држат во нивиот оригинален сад со заштитно затварање. Неопходно е секогаш да се контролираат роковите на траење на лековите и на храната. Во случај на голтање, обратете се на Брзата помош носејќи го со себе шишето на проголтаната течност или лек.
Несреќи со струја
Надворешните електрични жици, електричните приклучоци и продолжените кабли по земја се многу опасни затоа што децата кои почнуваат сами да се движат, можат да се привлечени од нив, да ги допираат или дури и да ги ставаат во уста или гризат, така како што можат и да ги стават прстите во електричните приклучоци на ѕидот. Потребно е користење на пластични капчиња, кои лесно се наоѓаат во продажба, за да се затворат електричните приклучоци. Треба да се одбегнува употребата на продолжени кабли; или ако тоа не е можно, потребно е да се стави жицата високо, поминувајќи по делови од намештај и врати, на начин што ќе остане надвор од дофатот на децата.
Подобро е што побрзо да се поправат жиците кои висат.
< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:55:08 >
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."