cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Мартинки

  
clock-img

02.03.2010, 08:50

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Дали некој знае што се мартинки?Барав низ Скопјево да купам но луѓево се зачудени и прв пат слушаат.Генрално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Секако дека постојат варијанти на тема, но ова е основата на обичајот.Син ми секоја година од градинка добива мартинка во вид на нараквица исплетана од црвен и бел конец.Еве вака изгледаат
user posted image
user posted image

user posted image
user posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 2.3.2010 8:51:16 >

clock-img

02.03.2010, 09:00

clock-img

natasha

pencil-img

430

Martinkite go obelezuvaat 1vi Mart, i se sekavam koga bev malecka imav prijatelka koja sekoj 1vi Mart mi isprakase cestitka so martinka(inaku taa ziveese vo Bugarija)i iskreno mn se raduvav,a i ne bas da go znaev vistinskoto znacenie

clock-img

02.03.2010, 09:10

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

..леле и јас ги обожавав..не им го знам значењето, но знам дека секој 1 март со душа го чекавме чичко поштар да дојде и да ни донесе писмо од тета од Бугарија каде имаше 2 мартинки. Во писмата пишуваше..поздрав за двете мои милички од Баба Марта..ех, ова ме потсети на тета која ја обожавам, а ја немам видено веќе подолго време user posted image user posted image user posted image

clock-img

02.03.2010, 09:14

clock-img

topce

pencil-img

523

ние лани добивме од Општина Аеродром. преку пошта ни пратија

clock-img

02.03.2010, 09:16

clock-img

nadica

pencil-img

4381

кога бев мала носев и ги обожавав user posted image user posted image user posted image годинава надица е мала но за догодина секако ќе и направам

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

02.03.2010, 09:25

clock-img

mami

pencil-img

8680

Секој 01.03 се одржува концертот Ксантика, по повод марта и мартинките. Најчесто е во Домот на АРМ и тогаш даваат мартинки дали за на рака дали како машничка за да ги закачиш на облеката. Порано одевме редовно со мм, а откако се роди Лука некако не ни текнало.
Порано баба ми ни врзуваше мартинки, сега и неа ја нема, па не носиме

clock-img

02.03.2010, 09:33

clock-img

mis.

pencil-img

3845

А има ли некаде да се купи мартинка?

clock-img

02.03.2010, 09:36

clock-img

mami

pencil-img

8680

мислам не..не сум сретнала до сега

clock-img

02.03.2010, 14:28

clock-img

majka 79

pencil-img

836

jas koga bev mala nosev martinki koi mi gi prakase baba mi od Bugarija.
sekoja godina imav nova martinka.
sakam i moite deca da nosat i ako ne najdam za da kupam, ke pobaram niz fiokite kaj majka mi da vidam dali ima nesto ostanato od moite martinki.

clock-img

02.03.2010, 14:34

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

I jas kako mala nosev martinki majka mi mi pravese,samo kaj nas vikat deka se stavaat koga prv pat ke vidis lastovicka. Jas na Angela zdravje od godina sekako ke i stavam. 

clock-img

02.03.2010, 16:28

clock-img

Natasha5

pencil-img

830

Кај нас овие се викаат МОЊАЦИ и се ставаат на 14 март.

clock-img

02.03.2010, 21:47

clock-img

Aleksandra

pencil-img

309

Denes koga se vrativ od rabota svekrva mi na Ana i dade martinki za na raka a jas cela vo prasalnici. I bila nekoja prijatelka na kafe i zemale spletile martinki. I eve duri sega koga ve procitav vas mi tekna za sto se raboti. A mnogu se ubavi vo vid na cvet i se vrzuva okolu rakata.

clock-img

02.03.2010, 21:58

clock-img

BILE.F

pencil-img

670

Јас имам носено, ама другарка ми ги правеше дома. Не сум сретнала негде да се продаваат! Тие носат среќа и кога ќе ја видиш првата ластовичка може да ја извадиш!

_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

clock-img

02.03.2010, 23:54

clock-img

^SARA^

pencil-img

73

Кога бев мала носев мартинки,ги имаше се продаваа и по некоја традиција баба ми ни ги купуваше.Сега немам видено некаде да се продаваат.Во Бугарија имаат голема традиција со мартинките,па додека бев таму имав по неколку наредени на рака , бидејќи луѓето имаат обичај да си подаруваат едни на други.Таму носат сите и мали и големи и стари, а кај нас порано носеа сите деца ,а сега и децата се поретко.Мислам дека некако полека се губи традицијата user posted image

_____________________________

*** Верувај во себе ***

clock-img

03.03.2010, 00:15

clock-img

sweety***

pencil-img

12

da da i jas se sekavam obavezno vo mart nosevme martinki ama sega nema nisto na decata pointeresni im se kompjuterite od sto i da bilo drugo user posted image

clock-img

03.03.2010, 00:22

clock-img

delfinka

pencil-img

416

kaj nas tradicija bese babata da ni gi plete martinkite a ponekogas si imavme dupli i si kupuvavme
sega veke sumpodzaboravila ama ednata so se nosese na prt mislam deka koga ke go vidis prviot strkse stava pod kamen a drugata ???mora da ja podprasam majkami pa pak ke ve informiram...

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

clock-img

03.03.2010, 00:46

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Читајќи колку убави работи од нашата традиција заминуваат во минато сериозно се размислувам да направиме нешто со што ќе се врати модата на овие работи, како и учење на младите генерации да плетат, везат итн.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

03.03.2010, 07:33

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

Eca i jas se soglasuvam so tebe.

clock-img

03.03.2010, 08:38

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

денес, во 14:00, на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза се отвора Пролетен базар на ракотворби. Ке трае до 8ми. Сигурна сум дека тука ќе има Маринки. А и многу традиционално изработени алишта, додатоци, украси и сл.

clock-img

05.03.2010, 01:22

clock-img

zvezdi4ka_bt

pencil-img

21

eeeee koga bev mala kolku sum nosela martinki heheheuser posted image user posted image

_____________________________

Време е да престанеме да ги чекаме изненадните подароци на животот, сами треба да создаваме живот.

clock-img

01.03.2011, 13:46

clock-img

skorpijana

pencil-img

683

da kako deca nosevme martinki user posted image user posted image mnogu mi se dopagaa

clock-img

01.03.2011, 13:52

clock-img

katerina78

pencil-img

12

Уште сабајле и закачив на ќерка ми мартинка на јакната и ептен пресреќна отиде во градинка. Инаку и јас секоја година носам мартинки.

clock-img

02.03.2011, 22:06

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Јас носам мартинка во моментов, на раката. Ми ја подари девојчето кое го чувам, па морам да ја носам user posted image user posted image
Инаку и ќерките имаат. Многу пагански ми звучи, ама пошо сум голем обожавател на РА, не ми сметаат ај и мартинкиве user posted image
Инаку во Романија, Бугарија, Русија, празникот се слави до 21 март, поточно до доаѓањето на пролетта и се верува дека ги брка злите духови и болестите и дека тој што ќе стави мартинка на почетокот на март и ќе ги носи до доаѓањето на пролетта ќе има среќна година. Не се носат само на први март...

< Поракaта ја уредил виктори -- 2.3.2011 22:07:29 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

02.03.2011, 22:19

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Јас никогаш не сум носела ко дете, другарка ми имаше си ја носеше на палтото, ама искрено ми се допаѓа, досега немав појма што симболизира, затоа и не сум придала значењесега кога прочитав ми има логика и вредност... ќе си ставам една на рака, и на детето ќе му закачам, само не знам каде user posted image

< Поракaта ја уредил Џесика -- 2.3.2011 22:20:20 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

02.03.2011, 23:34

clock-img

mila mama

pencil-img

1616

Ni jas ne sum nosela martinka. Vo Bugarija sum videla martinka za prv pat i gi nosat se dodeka ne vidat strk (simbol na proletta), a togas gi zakacuvaat na drvo, zamisluvajki zelba user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

Последни статии

article-img