Според најновите истражувања, една од 100 личности има целијакија, се смета дека на 10 до 12 оболени само еден е дијагностициран.
Целијакијата (глутенска ентеропатија) е една од најчестите болести на цревата. Тоа е автоимуна болест при која после подолго или пократко конзумирање на глутен на луѓето кој не го поднесуваат доаѓа до оштетување на слузокoжата на тенкото црево. Организмот тогаш произведува антитела кој го напаѓаат самиот организам и ако не се лечи може да дојде до тешки болести и состојби – малигни тумори, анемија, остеопороза, болести на крвните садови, висок крвен притисок, дијабет, неплодност, низок раст,.......
Сто лица на болеста
Пред повеќе години се сметало дека целијакијата е детска болест која со текот на времето исчезнува, па заболените деца при крајот на развитокот се симнувале од диетата, се мислело дека кај возрасните ја нема. Но денес се знае дека тоа е доживотна состојба, воглавно присутна од самото раѓање, со различни симптоми, но долго време и без видливи симптоми, дури кај некој личности со генетски предиспозиции целијакијата не мора да се развие.
Голем проблем е што целијакијата иа многу различни симптоми и не постојат две личности со исти показатели на болеста, која може да се развие на секој органски состав. Поради толку различни симптоми, кои во голем број не се поврзани со гастроентериналниот трахт, лекарите и после повеќе годишно лекување на некоја тегоба не се сомневаат на целијакија. Освен тоа ни дијагнозата не е лесно да се постави. Постојат крвни тестови но не се секогаш сигурни, позитивниот резултат дава оправдано сомневање целијакија, но и негативниот не ја исклучува. Само со биопсија на слузницата на тенкото црево се поставува точна дијагноза.
Храната без глутен е единствен лек
Не постои лек за целијакијата. Единствена терапија е безглутенската диета која мора да биде ригорозна (глутенот во исхраната не треба да го има ни во трагови) и доживотна. Диетата не смее да се прекинува, бидејќи секој прекин доведува до понатамошно оштетување на слузницата на цревата и до опасност од развој на бројни тешки заболувања.
-Безглутенската здравствена диетална терапија не ни малку едноставна. По поставување на дијагнозата од корен се менува исхраната и целот начин на живот. Секоја особа со дијагностицирана целијакија би требало да се јави во “ Здружението на граѓани со целијакија ”, каде може да добие прави и прецизни совети за набавка и чување на безглутенските продукти, за приготвување на храната, за тоа што смее а што не смее да конзумира,.... Тоа не може да му го каже ни доктор ниту нутриционист. Лекарот би требало секој нов дијагностициран пациент со целијакија да го упати во Здружението, но најчесто тоа не се случува.
Но ако кај некоја личност се јави сомневање дека има целијакија, никако несмее да ја менува исхраната на своја рака, ако почне со безглутенската диета пред поставување на дијагнозата, може да го попречи правилното дијагносицирање или да ја замаскира клиничката слика на болеста ( или некоја слична на неа).
Контаминација со глутен
Заболените со целијакија постојано треба да се едуцираат при што поддршката од семејството и Здружението се ислучително важни. Ако сакаме ригорозна диета мора да се пази на многу детали па и на тоа каде се купува храната без глутен. Имено ако продутите без гутен стојат или се транспортираат со храна која содржи глутен може да дојде до контаминација дури и преку амбалажата, така стануваат опасни исто како и храната со глутен.
-Со посебни тестови во Зружението направивме тест: со обично и брашно без глутен, ги оставивме едно покрај друго десет дена, мерењето покажа дека безглутенското брашно е контаминитано со глутен.
Луѓето со целијакија мора детално да ја проучат декларацијата на производите иако тие секогаш не се прецизни. Во Здружението можат да добијат прецизни информации за тоа кои производи и од кои производители се достапни на пазарот и сигурно не содржат глутен.
Брашното на рецепт
Животот на луѓето со целијакија им го олеснува тоа што Фондот за здравство одобрува одредена количина на брашно. Во зависност од возраста на пациентот по препорака на специјалист (гастроенеролог) може да се добие дволна количина на брашно за нормално фунционирање.
Многу заболени свесно или несвесно ја занемаруваат безглутенската исхрана, искушенијата за престанување со диетата се чести, посебно ако по конзумирање на глутен не се приметуваат здравствени влошувања. Недисциплината е многу честа кај тинејџерите кој патат поради тоа што се разликуваат од својте врсници. Но секогаш треба да се има на ум: многу симптоми на различни болести долготрајно можат да бидат скриени, а конзумирањето на глутен само може да го зголеми ризикот за развој на многу тешки болести.
Типични и нетипични симптоми
Типични симптоми на целијакијата се: долготраен пролив со обилни, масни и столици со тежок мирис, недостаток на апетит, мачнини и поткожно масно ткиво, метеоризам(надуеност на стомакот), слабост на мускулите, губење на расположението. Кај децата рацете и нозете се потенки а стомакот испакнат(надуен)- ваква типична слика се јавува неколку месеци по внесување на глутенот во исхраната на детето.
Чети нетипични симптоми се анемија, низок раст, одложен пубертет, болки во стомакот, запек, неплодност, закаснета менструација, невролошки и психички пореметувања, остеопороза, меурчиња на кожата,... можно е симптоми долго воопшто да нема или се многу благи па не се приметуваат, но сепак да дојде до оштетување на цревната слузница.
Присутност на глутенот
Глутенот е протеин на житарките: пченицата, јачменот, р‘жта. Пченката природно не содржи глутен, но при одгледувањето и преработката често доаѓа до контаминација, па се избегнува во исхраната кај луѓето со целијакија.
Глутенот е добар носител на додатоци во исхраната (боја, заилувачи на вкус итн.), па се става во бројна индустриска храна, лекови, козметички производи.
Освен очекувно во лебот, пекарските производи, тестенините, бисквитите,...глутенот е присутен во сувомеснатите производи, сенфот, кечапот, инстант супите, готовите јадења, слаткарски производи,....
Присутен е и во бројни козметички препарати, вистина во трагови но за преосетливите луѓе и тоа може да биде опасно. На пазарот постои козметика без глутен, што е посебно важно за производите кои може да се проголтаат како што се пастите за заби, кармини, шампони.
Знакот на прецртан клас на пченица
Диетските производи т.е. безглутенските намирници кој се замена за оние од обично брашно (безглутенското брашно, лебови, тестенини, бисквити, двопек, корнфлекс,.) произведени се од состојки кои природно не содржат глутен или истиот е екстрахиран. Мора да бидат означени со знакот прцртан клас на пченица, што е осигурување дека производот не содржи глутен во недозволени количини и поминал строги лабараториски конроли во сите сегменти од одгледување до готов производ. На нашиот пазар за жал може да се сретнат производи на кои во деклацијата стои дека се без глутен, но при процесот на производство можело да дојде до контаминација.