за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Vesna1, јас од тоа што имам читано, треба прво да почекаш, пелената насабајле кога ќе стане да и биде сува (или речиси сува, значи да нема многу мочкано) па после да и ги вадиш пелените и навечер. Затоа мислам прво намали и ги течностите, после 8 саат навечер нека не пие многу течности, па дури откако ќе го решите ова, премини на вадење на пелената.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
24.07.2011, 13:14
Martins mom
3342
Денес прв пат го ставив на нокширче и се измочка за нецели 5 минути Долго време ме гледаше како седам на шоља и му кажував мама моча и се изненадив кога по некое време одеше во ќош, клекнуваше и викаше Манин мота(Мартин моча) Вчера му купивме и ете од денес ќе се учиме Првиот обид беше успешен, па ќе видиме Некои ми велат дека е многу мал, но штом знае да ми каже дека е гладен, ваљда ќе знае да каже и за какање И плус тоа се’ збори и не гледам зошто да не ги фрлиме летово пелените!
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
24.07.2011, 15:14
Felly RR
7977
за Мартин!!! Само упорност и трпеливост, и никако со сила. Матеа првата недела кога почнавме да се одвикнуваме, никако не сакаше да седне на нокширче, ама сега еве ја почна. Ние уште сме во фаза: еднаш во нокширче, еднаш во гаќички, ама важно има некој напредок. Најмногу проблем имаме насабајле, кога не сака да седне на нокшире. А попладнето полесно е, ја седнувам, и велам ајде измочкај се и ме послушува без многу проблеми. Мислам дека насабајле е потешко, зошто за спиење носи пелени, и кога ќе се разбуди, додека лежи во креветче се мочка и кака в пелена, и потоа наредниот пат кога треба да мочка, ќе се стега, ќе се витка, ќе се туфка, ама не седнува на нокшир
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
24.07.2011, 15:18
AnnaMolly RR
6409
за Мартин и Матеа!
Мартинс мам, е е мал Мартин штом знае да зборува, ќе си кажува. Само упорност и ќе биде!
_____________________________
Live and let live
24.07.2011, 15:34
mamamoni
492
ние сме многу мали ама седиме на нокширче, само ми е страв да не има некој контра ефект па поголема да почни да дава отпор, а сама сака да седни не ја присилуваме и си се мочка, само што ќе се измочка станува, инаку постојанао е со памперс значи не очекувам дека можи да ми кажи кога и се мочка, има само 9 месеци дали има некој искуство
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
24.07.2011, 15:35
Snowhite RR
5042
Браво за Мартин и Матеа Мојов се' зборува, кажува кака мота (моча) и кога ќе му речам ајде оди да какаш во нокширчето, ме разбира веднаш оди да седи, ама се уште се нема покакно или помочано во него, само 2 пати ми се има покакано на под и кога ќе го ставам на нокшир плачи, пишти, ништо живо не сака и на шоља имам пробано, не сака плачи. А и тој иди со мене в купатило и ме гледа кога седам на шоља и исто му кажувам мама моча, ама џабе. А и јас сакав летово да ги фрлиме, зошто пак ако не успееме ќе треба да чекаме до следното. Вчера го слеков гол да се шета, си реков ако се помоча, кога ќе се наводени можеби ќе му текне да моча во нокшир, ама ништо, бодито жива вода му беше кога го видов, а тој муке си нема Не знам друго што да превземам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
24.07.2011, 15:46
Felly RR
7977
И Матеа беше така Snowhite, одма вриштеше од нокширчето, и мочкаше кај ќе стигне (еве прочитај на претходната страна што сум пишувала) и така цела недела. Првиот пат кога се измочка во нокширче беше вака: Кај мајка ми бевме на гости, ја сетив дека и се мочка и ја соблеков гола. Таа свиреше на еден клавир, и нокширчето и беше како столче. Цело време правеше стани/седни (свири на клавирот, па станува, се поклонува и бара аплауз). Кога ќе станеше јас и го отворав капакот од нокширот, таа некогаш ќе станеше ќе го затвореше, а некогаш си седеше на отворен нокшир. И кога почна да мочка, беше станата, ама јас одма ја седнав (не се побуни) и си се измочка внатре. И така преку игра, ја седнувам, и давам сликовници, или пак телефонот (еднаш додека седеше ја снимив и сега и го пуштам тоа и ја седнувам). Првото време и бебето што го има играчка мочкаше во нокширче (го седнував, и со шприц прскав, демек мочка ) Што се не пробавме
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
24.07.2011, 23:57
mila 3
193
lele nie nosevme peleni do 3 godini matej zboruvase uste pred godinka, na godina ipol bese najgolemata "alapaca", se znaese da kaze a deka mu se kaka ili mocka nejkese ni za ziva glava.sramota
25.07.2011, 08:43
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamamoni
ние сме многу мали ама седиме на нокширче, само ми е страв да не има некој контра ефект па поголема да почни да дава отпор, а сама сака да седни не ја присилуваме и си се мочка, само што ќе се измочка станува, инаку постојанао е со памперс значи не очекувам дека можи да ми кажи кога и се мочка, има само 9 месеци дали има некој искуство
Воопшто нема да има контра ефект. Јас имам пишувано дека од неполни 9 месеци седи Филип на нокшир и секое сабајле кака во нокширче. Ете и арх_диз истото го направила и кај нејзе нема спротивен ефект. Уште од мало ако си го прифати нокширчето и си седи без да се буни, супер. Ставај ја секое сабајле пред да смените пелена и навечер пред спиење, макар и само да си седи. Да си направи навика.
_____________________________
Live and let live
25.07.2011, 15:02
Felly RR
7977
Леле, морам да ја пофалам Матеа, денес прв пат какаше во нокширче. Сабајле кога стана од спиење, одма ја седнав, и се измочка и искака во нокширчето. А и друго да ја пофалам, почна да ги користи двете нокширчиња. Првото што го имавме купено е во фома на шоља, со капак, и централниот дел се вади. Прво бидејќи не сакаше да седнува на него, купивме и едно обично (наједноставно). Е сега кога почна да седнува на нокшир, го користеше исклучиво овој првиот, ама вчера и објаснив убаво дека двата се за тоа, и ја седнав малку облечена на малото, и потоа мочкаше и во него.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.07.2011, 15:43
Radmila 81
9
Sto da kazam jas mnogu tesko ni odi .Bliznacinja se imaat 22 mes.i se gledaat edno od drugo ako ednoto nesaka da sedne togas i drugoto ne saka.Mihail bese kaj majka mi 2 dena i tamu sedel na noksirce i mockal (jas seuste nemam doziveano ni od ednoto ni od drugoto da vidam rezultat vo noksirceto)Koga se vrati ja gleda sestra mu i nikako ne sakaat.Pominaa 10 dena a tie aber nemaat da kazat.Voopsto ne sakaat da sednat na noksirce.Duri i koga ke gi ponudam da sednat na noksirce od daleku se branat NE NE .Jas iskreno razmisluvav da se otkazam pa da probam od septemvri togas ke polnat dve godini ama stvarno veke neznam sto e ispravno.Sega koga gi citam vasite iskustva nekako i nesakam da se otkazam tuku da zberam trpenie uste i da istraam.Pozz!!!!
26.07.2011, 16:33
ikki
224
da se pofalime nie, sabajlevo Andreja se izmo4ka vo noksir4e
26.07.2011, 16:54
Felly RR
7977
Radmila 81, не се откажувај никако! Моето има 19 месеци, и првите десетина дена, никако не сакаше да се доближи до нокширчето, ама потоа преку игра, некако почна да седнува, и сега да речам многу брзо се навикна. Денес дури и на шоља мочкаше без никаков проблем. Дека се две, ако едното посака да седне сигурно и другото ќе сака. Пробај прво со некоја омилена играчка, нека биде облечена, па соблечете и ги панталоните/ гаќичките, и со шприц прскај како да се мочка.(за да видат зошто служи нокширчето) Нека бидат само по гаќички, и дури и да почне да се мочка надвор од нокширот, ти кажи му „не тука“ и однеси го на нокшиче да седне, да видиш дали ќе се збуни, или ќе седне. Пробувај секако ама не се откажувај.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.07.2011, 23:52
mamamoni
492
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamamoni
ние сме многу мали ама седиме на нокширче, само ми е страв да не има некој контра ефект па поголема да почни да дава отпор, а сама сака да седни не ја присилуваме и си се мочка, само што ќе се измочка станува, инаку постојанао е со памперс значи не очекувам дека можи да ми кажи кога и се мочка, има само 9 месеци дали има некој искуство
Воопшто нема да има контра ефект. Јас имам пишувано дека од неполни 9 месеци седи Филип на нокшир и секое сабајле кака во нокширче. Ете и арх_диз истото го направила и кај нејзе нема спротивен ефект. Уште од мало ако си го прифати нокширчето и си седи без да се буни, супер. Ставај ја секое сабајле пред да смените пелена и навечер пред спиење, макар и само да си седи. Да си направи навика.
AnnaMolly дали на Филип му ставаш памперс сега преку ден? И го учеше да ти дава некој знак дека му се мочка или не. засега си седи два или три пати во текот на денот, и читаме сликовници додека седи на нокширче
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
27.07.2011, 08:13
AnnaMolly RR
6409
Да, му ставам пелени. Само за какање сме научени, мислам дека е мал за мочкање да кажува, има само 13 месеци. Ама за какање го седнував и му викав: Ајде Филип да кака. И му правев „а-а“. И цело време така. На почетокот само си седеше, ама после се научи и кажува секогаш за какање. За мочкање мал е и за вадење пелени, тоа здравје другото лето. Насабајле го седнувам на нокшир пред телевизор и гледа цртани. Не го занимавам јас, а тоа време се спремам за на работа
Ајде ти седнувај си ја, па пиши како напредувате. Софија ти е тамам возраст за другото лето да ја одучуваш од пелени скроз.
_____________________________
Live and let live
27.07.2011, 08:37
Maca25
7558
Ајде честито за сите мочковци и мочки во нокширче!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
27.07.2011, 09:14
blue_blue
893
Радмила81, еве што имам напишано за одвикнување од пелени лани, кога мооите близначки се одвикнаа од пелени. Тогаш имаа 22 месеци. Ти гарантирам дека ова функцинира - кој го пробал 100% има успех. Ти треба само многу трпение првите 7 до 10 дена и поддршка од некој близок да не изгубиш здрав разум кога цела куќа ќе ти биде мочана...Тргни теписи (ако ги имаш), на троседи, двоседи стави од оние што се купуваат во Зегин за во кревет под чаршав што штитат да не прокисне мочката и врз нив некој чаршав лесно што се суши, купи по 20 пара гаќи за дете и спрема си....Со сигурност ќе ги научиш за 10 дена да мочкаат /какаат во нокширче. Само никако не им ги враќај назад пелените - колку и да те фати лудило од мочките низ куќа.
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue
Zdravo,
Jas sega gi ucam moite bliznacki veke 4-ti den. Se sto imam citano. slucnato i videno veli deka najbrzo ke se odviknat dokolku go napravis slednive cekori:
deteto treba da ima megu 22 i 28 meseci 2-3 dena pred da pocnes so odviknuvanje mu kazuvas na deteto deka veke nema da nosi peleni bidjeki e golemo i kako mama i tato ke nosi gaki i ke kaka/mocka vo noksirce (ili so adapter vo WC solja, za mene adapterot sega ne e opcija bidjeki dvete sakaat da mockaat vo isto vreme odnosno ako ednata ja stavam na solja vednas saka i druggata iako ne i se mocka).
Deteto go nosis so tebe vo WC i mu objasnuvas sto pravis - celata postapka od pocetok do kraj.
Kupuvas kulka so noksirce i nea ja stavas da "mocka". Posle mu davas na deteto da ja stava kuklata da mocka (ova e za da sfati zosto e noksirot).
Denta koga ke odlucis da se simnat pelenite gi siminja i ne gi vrakas (osven za spienje navecer - i za preku den spienje ne treba da se stavaat - ima vo Zegin podloski za krevet za da ne ti se unisti dusekot vo slucaj da se izmoca).
Mu objasnuvas na deteto deka seka ke nosi gaki i kako mama i tato ke kaka i mocka vo nokisr/WC. Moze i so tebe da go odnese vo WC dur si ti na solja deteto da sedi na nokisr.
Pri sekoe mockanje go falis deka se izmockalo i mu vikas deka ima ubavi cisti gaki i deka sega tie treba da ostnat suvi.
Koga ke se izmocka na parket/krevet/kauc ne go karas, ama i ne mu vikas "dobro/nisto", tuku mu kazuvas deka se mocka vo noksirce, a ne na parket
Pred da si legne preku den go stavas na noksir da se izmocka i mu kazuvas deka ke si legne koga ke se izmocka. Isto pravis i pred da izlezete nadvor - go stavas na noksir i mu vikas deka treba da se izmocka i koga ke bide gotov/a ke odite nadvor za moze da bide suv/a i da si igra podolgo nadvor.
Treba trpenie, ama i upornost - ednas koga ke gi izvadite pelenite - ne vrakajte nazad - inaku procesot ke trae za sekogas...Mora deteto da ja napravi razlikata megu mokro/suvo, a ako mu stavate ednas pelena/ ednas na noksir skroz ke se zbuni i zatoa ke odite eden cekor napred - dva nazad.
Na moite ova im e 4 den "obuka" i denes veke pocnaa da kazuvaat koga im se mocka/kaka. Site sto go primenuvale ovoj metod mi kazaa deka za 5 do 10 dena se naucuvaat, t.e. deka mockanje nadvor od nokisr ke prekine za 10 dena, a togas veke treba da se prejde na vadelje na pelenata i navecer. (inaku utrovo koga stanaa pelenite i na dvete im bea skroz suvi, piea mleko i odma gi staviv na noksir - vo sekunda se izmockaa)
Ke ve izvestam za progesot!
ИЗВОРНА ПОРАКА: mario
nikako ne mozeme da se odvikneme od peleni.Me faka nervoza i panika. Mojot sin Ima strav od noksirce i nikako ne saka da sedne na nego. A koga e gotov so nuzda kazuva odma.Posovetuvajteme sto da rabotam.
27.07.2011, 09:23
blue_blue
893
Заборавив - немате поим кое олеснување е кога не ви е детето во пелени (или двете во мојот случај)....Не морам да купувам пелени, нема опасност од црвенило на газето, неморам да мислам дал и кога треба да сменам пелена, и најважно од се - не морам да бркам две растрчани и расскокани деца низ куќа за да им сменам пелена и да се борам со нив дур мењаме пелена - они сакаат да скокаат - јас морам да ги држам мирно за да ставиме пелена и да намачкаме крема. Затоа одвикнувајте ги што побрзо од пелени, а летово е идеално за да се одвикант дечињата кои имаат барем годинка ипол
27.07.2011, 11:51
vesna1
345
Da se pofalam Marta denje celo vreme si mocka i kaka vo noksirce. Si kupivme i edno pomalo pa go setame nadvor so nas. I nokeska prv pat cela pelena suva ostana cela nok. Stana vo 3 noke i se izmockavme na noksirce i sabajle suva pelenata. Se nadevam deka naskoro ke ja trgnam i noknata pelena. Iskreno malce se plasam kako ke reagira od septemvri vo gradinka koga ke bidat novi deca, novi ucitelki,a i ke gi gleda kako mockaat vo peleni. Se nadevam nema da se vrati na pelenite.
27.07.2011, 13:26
Martins mom
3342
Кај нас чекор назад На ептен добар пат бевме, ама се разболе, сега е кенкав и не сака да ми каже кога му се мочка и кака. Го фати и малце проливче и ете вчера и денес сме со пелена.
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
27.07.2011, 15:56
Radmila 81
9
Felly RR i BLUE _BLUE mnogu vi blagodaram za sovetite i podrskata navistina mi dadovte sila i trpenie.Vaka koga citam navistina mi izgleda deka ke pomine se kako sto treba.Posebno malku mi olesna sto i Blue _blue ima bliznaci i recisi ista obvrka kako mene.Blagodaram uste ednas za sovetite pa ke pisam kako ni odi.Pozz!!!!
27.07.2011, 23:23
Felly RR
7977
Само смирено и полека, ќе се научат. И мене првата недела ми изгледаше невозможно, па еве за неполн месец учење, вчера поминавме само со две незгоди, а денес само со една.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
10.08.2011, 19:12
Felly RR
7977
Матеа еве неколку пати сабајле кога ќе стане, пелената и е скрос сува, и кога ќе појдам да ја земам вика „мо, мо“ дека и се мочка, за да ја седнам одма на нокшир. Не знам дали да и ги извадам пелените и за спиење, ама сепак мислам ќе почекам уште некое време, зошто денски уште прави грешки. Ако нон стоп ја прашувам, и ја носам на нокшир, ќе си се измочка, ама ако не ја прашам, некогаш ќе каже, некогаш не.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
10.08.2011, 20:32
Slagjana
463
за Матеа
26.08.2011, 13:30
Felly RR
7977
Ние само што почнавме да се фалиме на темава, сега пак пишувам за да се пожалам. Еве може има една недела, МАтеа многу послабо кажува за мочкање, некогаш дури и ќе каже „мо, мо“ и кога ќе и речам - ајде на нокширот да одиме, се тегни и не сака вика - не, не. Ќе ја прашам има мо или нема, и вели - нема, за по 10-тина мунути да се измочка в гаќи. Многу се нервирам, зошто сега треба и в градинка да тргне, а така ако прави и таму, не знам што ќе правиме. И не знам зошто вака прави, кога имавме голем напредок, еве и погоре имам пишувано, имаше денови кога и ич не згрешаваше, или пак еднаш само во денот, а сега три пати обавезно се преслекуваме. Единствено можам да го поврзам со тоа што одморот ми заврши (а бев подолго време дома) и сега кога почнав да одам на работа, мослам дека тогаш се јавија овие проблеми со мочкањето а исто и со спиењето (само тоа во друга тема пишав, овде да не излегувам надвор од темата). Како да го решам сега ова
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.