Навистина е точно ова што го напишала Кори. Кога е детето поголемко, ќе сака да прави исто што и другите поголеми деца, да се пофали дека знае, и ако види некое друго како користи нокширче, може да помогне. Кај нас имаше дури и обратен случај - многу дечиња во градинка, иако поголеми од Матеа, носат пелени, и почна и таа да бара пелени. Јас ја убедував дека треба и тие да мочкаат во нокширче, дека само бебиња носат пелени. Ама ни се случи, подолг период, таа во градинка си беше супер, ама дома обавезно се измочкуваше. ДУри и како од инает, ќе ја прашам - да не ти се мочка? Таа - не, и по 5 мин, в гаќи. Еднаш веќе толку се изнервирав, и и реков добро сакаш да носиш памперс, бебе си ти? И таа со смеење - да, бебе сум, и и ставив памперс. Ама попладнето одевме кај едни пријатели, имаат поголеми дечиња, и таму сама побара да мочка, и ми рече - дете сум, не бебе, и го извадовме памперсот, еве од тогаш нема згрешено (да не ја подречам, па пак да почне )
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.