за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас мислам дека во април месец ќе биде мала. Подобро почекај до кај јули/август, ем ќе биде поголемка, ем ќе биде потопло. А вака во април, пак не е до толку топло, за да можеш да ја оставиш по гаќичи и да ти се мочка на секој саат. Во лето е и попрактично, зошто можеш и надвор да ја изнесеш - на тераса, во двор, па нема по дома се да ти биде мочкано А плус и за облека - ќе и ставиш само гаќички, не мора да носи друго (за по дома) па ќе имаш помалку за перење И кога веќе ќе решиш да и ги извадиш пелените, не е препорачливо да и ставаш за шетање, за да не ја збунуваш. А за навечер, ставај и за спиење извесен период додека дење не се научи, па потоа ќе и ги извадиш и за навечер.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.02.2012, 00:38
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamamoni
имам пишувано погоре дека од 9 месеци седи на нокшир и се немаше покакано во памперс, а и за мочкање кажуваше, но пред две недели кај моите биле дојдени вујко ми со малата и Софија си седела на нокшир да се кака а ова покакано во памперсот (точно една година е постаро од неа) и ја видела дека е покакана и од тогаш во памперс се кака и ми вели -Ана кака пама- незнам како да ја навикнам пак да ми кажува дајте некој предлог, и уште ова Ана од тогаш почна да кажува и ги фрлија памперсите, несакала Софија да и се смее
Како што ти пиша СНоувајт, сега однесете ја да ја види дека користи нокшир. И Матеа кога почна во градинка, некои дечиња таму носат пелени, и почна по дома да кажува - Таа носи пампес...Тој носи пампес.... Мамо клај ми пампес. И имавме проблеми, се дури не појдовме на гости кај едни пријатели со поголеми дечиња. И таму кај нив, кажа дека и се мочка, и кога појдовме во ВЦ, ми вели - мамо, голема сум, не сум бебе, и од тогаш нема побарано памперс.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
07.03.2012, 10:21
baby 3
1
Почитуван мајки, имам две синчиња, кај постарото кое има 4 години,од кога помалото малку порасна, има 1 година, почна пред 1-2 месеци да се јавува енкопреза(мислам дека тоа е стручниот поим), односно иако веќе околу 2 години, не носи памперс и си казува, сега почна да кака во гаќи. Ние не го караме и се обидуваме со убаво да му обајсниме дека тоа не е во ред, и имаше еден период кога престана и сега пред два-три дена пак почна и тоа со поголем интензитет. До сега само ке му се случеше малку да испушти, а сега баш буквално целата нузда ја врши во гаки, и тоа само какањето, за мочкање си кажува. Пред тоа му се случуваше само кога беше дома, а сега последниот пат и во градинка, и таму децата му се смееле и сега несака да оди во гардинка, вика дека е многу болен и неможе. Ќе Ве молам дали може да ми кажете што да правиме и каде да се обратиме, дали да го оставиме сам да го помине тоа или е потребно било какво лекување. Дали некоја од вас имала вакво искуство??? Ви благодарам
10.03.2012, 23:11
Felly RR
7977
baby 3 еве што најдов за Енкопреза. Информациите се земени од заздравје.ком.мк Се надевам нешто од ова ќе ти помогне
Автор: д-р Милан Чакаровски
Енкопрезата е неконтролирано празнење на столицата и после 3-тата година до кога е нормално оваа функција да биде воспоставена. Честа е кај момчињата. Често е поврзана со дневната енеуреза (неконтролираното мокрење).
Причини за настанување
Не се врзува за наследството, најчесто само еден член од семејството го манифестира овој проблем. Може да претставува недостаток на адекватен тренинг или недостаток на адекватен одговор на тренингот, со анамнеза за постојан неуспех во воспоставувањето на контролата на цревата.
Може да биде психолошки условено пореметување, при што постои нормална физиолошка контрола на дефекацијата, но од некоја причина се јавува противење, отпор или неможност да се задоволат социјалните норми за дефекација на соодветни места.
Некои деца несвесно го одбираат таквото однесување за да го изразат пореметувањето на чувствата, кое кај нив настанува после раѓањето на помалото дете, тоа е само негов начин да ги “казнат” своите родители, бидејќи сега “повеќе го сакаат другото дете”, но истовремено и да го привлечат вниманието на родителите околу себе, да го стави новороденото во позадина, настојувајќи повторно да постане мало бебе кон кое родителите имаат привилегии.
Енкопрезата може да биде реакција на детето на атмосферата во семејствово и личноста на родителите – воспитувачите, но и реакција на случувања во широката околина, градинките, училиштето и меѓу врсниците.
Лекување
Пред почетокот на лекувањето на енкопрезата потребно е да се исклучи евентуалниот органски причинител (на пример Хиршпрунгова болест), иако органските причинители се ретки. Лекувањето на енкопрезата е психотерапевтско. Енкопрезата обично предизвикува голема тензија кај родителите и останатите членови од фамилијата. Во семејството треба да се воспостави сиурност во атмосферата, каснувањето на детето не помага. Менувањето на нечистиот веш треба да се прави мирно, без префрлање и слично. Корисен е бихејвиоранлиот метод – детето во редовни временски интервали се поставува на шолја или нокшир и така се обидува да го воспостави редовниот ритам на празнење на цревата, психотерапијата му помага на детето да ја совлада пратечката анкиозност, нискиот степен на самопочитување и чувството на социјалната изолација.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
12.03.2012, 20:30
Annet
2404
moze ke recete ne sum normalna ,moze ke recete deka izmisluvam,ama mene edna od najgolemite zelbi mi e da ja naucam na noksir da sedi i da kazuvam.veruvale ili ne,I ke pravi za 2 dena 7 meseci,vcera i kupivme noksir,denes ja staviv sedese se razbira jas do nea za da ne mi padne,i se ismocka,potoa pak koga ja presoblekuvav,samo sto ja sednav se iskaka i toa ne se napinjase pred da ja sednam,vecerva ja staviv pak i pak mockase......znam deka e rano malo e mnogu bebe e,ama mislam i taka sedi inaku moze i na noksir da posedi 10 min,kolku da se uci....neznam i sama se cudam,sakav da vidam dali ke saka da se di ili ne...ama se nadevam deka ke se nauci me poleka. inaku ne mislam na godina da ja odviknam od peleni nevozmozno e ama bar doma da si sednuva,poleka poleka ke se nauci moze da kazuva,toa dusice uste guga ama mislam so trpenie ke bide
13.03.2012, 08:24
AnnaMolly RR
6409
Верувам, Анет, и тоа од лично искуство. Тоа што си ја седнала на нокшир толку рано ти е мноооогу паметен потег. Јас почнав да го седнувам Филип на нокшир само што научи да седи самостојно. Го ставав на нокшир наутро и навечер пред спиење, некогаш и по попладневното спиење. Многу често си мочкаше и какаше во нокшир. Нормално дека е рано за вадење пелени на Ива, ама ако си упорна и ако често ја ставаш на нокшир ќе си створи една навика и ем ќе имате помалку валкани пелени, ем полесно и побрзо ќе се одвикне од пелени. за двете!
_____________________________
Live and let live
13.03.2012, 08:58
Mihaela 2010
4230
Mihaela isto na 15 meseci sama pocna da si kazuva deka i se kaka,idese go zimase noksirceto i barase da ja sednuvam da se iskaka...epten bev srekjna vikam kjuti detevo brzo ke mi se odvikne.Amaaaa neznam sto se sluci vo posledno vreme ne saka,vika mi se kaka ,ajde i go vadam noksirot i taman da ja sednam ke pocne da se dere ne ne ne,ne sakam noksir kakam pampers..A zenava sto ja cuva obavezno i kaka i i mocka vo noksir bez problem.neznam kaj ja utnav rabotava ili nekoj inat mi tera ama letovo sakala nejkela moram da pocnam poleka so odviknuvanje..
13.03.2012, 09:47
Felly RR
7977
Mihaela 2010, може и е некој период. Ти пак нуди и цело време нокширче, ама ако не сака, немој со сила да ја седнуваш. А в лето ти препорачувам кога ќе се стопли да и ги извадиш пелените (нормално неколку дена претходно ќе ја припремаш, дека е голема, дека нема повеќе да носи пелени, туку да си користи нокширче) и после вади ги пелените, и нема ставање. Тогаш сака-неќе, ќе мора да користи нокшир, кога ќе види дека нема повеќе пелени.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.03.2012, 10:22
AnnaMolly RR
6409
И Филип имаше период кога створи одбивност кон нокширот, ама спас најдов во оној капакот за шоља. Купи таков, гарант поинтересно ќе и биде да седи во ве-це отколку на нокшир.
_____________________________
Live and let live
13.03.2012, 10:30
Maca25
7558
Внук ми има 8 месеци и веќе почнаа да го ставаат на нокшир. Нормално, не кажува дека сака да мочка или кака, но откако почна убаво да си јаде знаат кога точно ќе кака. После секој оброк на нокшир и малиот си врши работа. А башка и интересно му е. Брат ми и снаа ми веруваат дека до годинка ќе го одвикнат од пелени.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
28.03.2012, 13:22
stela
279
Majki da ve prasam dali vo gradinka gi odviknuvaat decata od peleni, ili toa treba da se pocne doma, a oni samo se nadovrzuvaat ili pomagaat no duri koga deteto veke pocnalo da kazuva?
28.03.2012, 13:55
Beatris
3116
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR
Внук ми има 8 месеци и веќе почнаа да го ставаат на нокшир. Нормално, не кажува дека сака да мочка или кака, но откако почна убаво да си јаде знаат кога точно ќе кака. После секој оброк на нокшир и малиот си врши работа. А башка и интересно му е. Брат ми и снаа ми веруваат дека до годинка ќе го одвикнат од пелени.
за внук ти, добро е штом нема отпор кон седење. Штом вака кажуваш и јас одма трк по нокшир Мада мојава е атомска мравка, у едно место не седи повеќе од минутка, ама може ќе и биде интересно од кај знам
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
28.03.2012, 15:20
mamamoni
492
И ние почнавме на капак за шоља да седиме, еве една недела само тоа правиме облечи соблечи , и на секое по малку се мочка,па потоа се мијаме раце, тоа и е интересно. Ќе почекам уште малку да се стопли и ќе ја оставам без памперс. Инаку нокширот и С не го сакаше едно време... имам пишувано погоре за тоа. Не се двоумете и ставајте ги уште од 9 месеци на нокшир само колку да се навикнуваат.
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
03.04.2012, 13:06
mamicki
1111
Кога да почнеме да употребуваме нокшир? Искуство?
03.04.2012, 13:55
mamicka77
1280
ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR
Внук ми има 8 месеци и веќе почнаа да го ставаат на нокшир. Нормално, не кажува дека сака да мочка или кака, но откако почна убаво да си јаде знаат кога точно ќе кака. После секој оброк на нокшир и малиот си врши работа. А башка и интересно му е. Брат ми и снаа ми веруваат дека до годинка ќе го одвикнат од пелени.
за внук ти, добро е штом нема отпор кон седење. Штом вака кажуваш и јас одма трк по нокшир Мада мојава е атомска мравка, у едно место не седи повеќе од минутка, ама може ќе и биде интересно од кај знам
isto i jas sum vo plan M stom napolini 9 meseci da ja stavam na noksir po sekoj obrok i ajs otprilika znam koga si vrsi rabota i ke ja stavam e sega za mockanje sekako ne znam koga i e red ama i toa ke go sovlada
03.04.2012, 14:02
mamicka77
1280
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet
moze ke recete ne sum normalna ,moze ke recete deka izmisluvam,ama mene edna od najgolemite zelbi mi e da ja naucam na noksir da sedi i da kazuvam.veruvale ili ne,I ke pravi za 2 dena 7 meseci,vcera i kupivme noksir,denes ja staviv sedese se razbira jas do nea za da ne mi padne,i se ismocka,potoa pak koga ja presoblekuvav,samo sto ja sednav se iskaka i toa ne se napinjase pred da ja sednam,vecerva ja staviv pak i pak mockase......znam deka e rano malo e mnogu bebe e,ama mislam i taka sedi inaku moze i na noksir da posedi 10 min,kolku da se uci....neznam i sama se cudam,sakav da vidam dali ke saka da se di ili ne...ama se nadevam deka ke se nauci me poleka. inaku ne mislam na godina da ja odviknam od peleni nevozmozno e ama bar doma da si sednuva,poleka poleka ke se nauci moze da kazuva,toa dusice uste guga ama mislam so trpenie ke bide
za iva srce malo ke si se nauci kako treba,nie cekame uste malku da se stopli i da pocneme da sedeme na noksir bidejki sega uste mi e strav da sedi gola okolu 10pa i 15min ama stom se potstopli vednas pocnuvame so akcija
03.04.2012, 14:17
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki
Кога да почнеме да употребуваме нокшир? Искуство?
Јас само што почна да седи Филип го седнав на нокшир. Значи кога имал 6-7 месеци. И прво нормално само така си седеше, ама еднаш си се искака, па си се измочка... Не дека од толку мали знаат за што е нокширот, едноставно сакав да се научи да седи на него без проблеми. На 11-12 месеци кажуваше секогаш за какање, ама во градинка не го ставаа на нокшир и се одвикна. Јас дома сепак секое сабајле и навечер пред спиење го седнувам. Сега почнавме со капак за шоља и кажува буквално за секое какакње, а често и за мочкање, па во план сум летово да ги фрлиме пелените барем за преку ден. Значи мое искуство - што порано се навикне на нокшир, подобро.
_____________________________
Live and let live
03.04.2012, 14:21
Viktori
5329
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki
Кога да почнеме да употребуваме нокшир? Искуство?
Мамички, јас чекав и чекав и чекав додека не наполнија околу 2 ипол години. Збореа, разбираа и ќерка ми веднаш престана да користи пелена, а на син ми му требаше недела две. Не дека не треба или не може порано, ама не гледав причина зошто и јас да се малтретирам и они кога не разбираат што се бара од нив.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
03.04.2012, 14:28
JovanaJ
911
Istoto iskustvo go imam i jas kako Viktori. Cekav podolgo vreme 2.5 godini i se odvikna mnogu lesno. Nikogas ne sme koristele noksir, od prosta pricina sto vednas pocna da si sedi na solja so soodveten kapak. Veke razbirase se i nemavme nikakov problem. Koga bi imala bebe sega povtorno isto bi postapila.
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
03.04.2012, 14:39
mamicka77
1280
ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki
Кога да почнеме да употребуваме нокшир? Искуство?
Мамички, јас чекав и чекав и чекав додека не наполнија околу 2 ипол години. Збореа, разбираа и ќерка ми веднаш престана да користи пелена, а на син ми му требаше недела две. Не дека не треба или не може порано, ама не гледав причина зошто и јас да се малтретирам и они кога не разбираат што се бара од нив.
pa i mene me buni toa jas koga sum doma ke ja stavam koga i e red znam i go ama koga sme izlezeni kako ke nosam noksir so mene ? sekako deka ne i taa pak vo peleni ke si zavrsi rabota i taka moze nema ni navika da stvori vie sto mislete za toa samo doma vo noksir a koga sme izlezeni vo peleni sekako kaj moite ke ima noksir ke i kupat ama na drugo mesto nema i taa pak ke si fate navika vo pelena
03.04.2012, 15:01
Calypso
1386
Kako sto napisaa Viktori i JovanaJ, i jas nemam namera uste sega da go maltretiram detevo da sedi na noksir, kje pocekam da potporasne. I onaka, fizioloski e sposobno za odviknuvanje duri posle godina i pol, sto ima da go forsiram toa?! Baska sto ne sakam da go ucam da sedi na noksir, kako prvo, mesto ne go drzi, pa ne veruvam deka kje sedi na nego, a kako vtoro, moze da si pomisli deka e igracka, i taka da go tretira. A noksirot ne e igracka, neli? Dodusa, jas ne ni sakam noksir da kupuvam, direktno na wc skolka kje go sednuvam, so adapter. Koga ke razbira povekje, sekako deka pobrzo kje se odvikne od pelenite.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
03.04.2012, 23:28
Natuska85
3613
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki
Кога да почнеме да употребуваме нокшир? Искуство?
Јас само што почна да седи Филип го седнав на нокшир. Значи кога имал 6-7 месеци. И прво нормално само така си седеше, ама еднаш си се искака, па си се измочка... Не дека од толку мали знаат за што е нокширот, едноставно сакав да се научи да седи на него без проблеми. На 11-12 месеци кажуваше секогаш за какање, ама во градинка не го ставаа на нокшир и се одвикна. Јас дома сепак секое сабајле и навечер пред спиење го седнувам. Сега почнавме со капак за шоља и кажува буквално за секое какакње, а често и за мочкање, па во план сум летово да ги фрлиме пелените барем за преку ден. Значи мое искуство - што порано се навикне на нокшир, подобро.
Како бе кажуваше на 11 месеци за какање .Јас планирам да му купам сега брзо нокшир ќе го седнувам кога ќе затопли ама мислам дека уште е рано за да ми кажува кога му се мочка,кога кака
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
03.04.2012, 23:30
mamicki
1111
ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki
Кога да почнеме да употребуваме нокшир? Искуство?
Мамички, јас чекав и чекав и чекав додека не наполнија околу 2 ипол години. Збореа, разбираа и ќерка ми веднаш престана да користи пелена, а на син ми му требаше недела две. Не дека не треба или не може порано, ама не гледав причина зошто и јас да се малтретирам и они кога не разбираат што се бара од нив.
Ova mi zvuci razumno, blagodaram Viktori
03.04.2012, 23:31
Maca25
7558
Внук ми има скоро 9 месеци, а скоро еден месец кака на нокшир. Секое сабаје само што ќе стане го ставаат на нокшир и си мочка, после доручкува и пак на нокшир и си кака. Ретко кога има утнато да не се искака во нокшир. Ама му го имаат ептен фатено редот. А дека кажува, не кажува ништо, ни кака ни ништо.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
03.04.2012, 23:43
Natuska85
3613
Абе и јас го знам К кога кака,обично пола саат откако ќе појадува,а и го осеќам на фаца кога се спрема за да кака и мислам дека ќе можам да го фатам на нокшир ама нема шанси да кажува,мал е бе
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."