После сите можни начини да го одвикнам од пелени, пред некој ден се сретнав со една пријателка, девојчето нејзино со Михаил одат во градинка и таа е помала еден месец од него, ми вели, Се одвикнавте од пелени, Не, викам, Како вика, ние готово, викам, сите начини ги пробав, не сака, А проба да го плесниш по газето ми вели, ние неколку пати ја плеснавме и почна да кажува. После тоа размислував дали да го применам овој начин, ми беше страв да не направам полошо, ама си реков што може да биде полошо. И така 2 дена кога ќе се покакаше ќе го плеснев неколку пати по газето, ќе го искарав, ќе се распалчеше и ќе ми речеше, нема поќе во памперсот, во нокширот ќе се мочкам и вториот ден вечерта пред спиење го прашав ти се кака, Да, ми вика, го зедовме нокширот и кога стварно се измочка во него. После тоа по кратко време ми вика Мамо ми се кака, и пак седна на нокшир и пак се измочка.(Зашто јас мислев прво да го научам да се кака во нокшир и цело време го прашував ти се кака, и сега тој и за какање и за мочкање вика Ми се кака). Вчера решив да не оди во градинка, да пробуваме, втора смена бев на работа, после го однесов кај мајка ми, ја натерав и нејзе да купи нокшир и цел ден си мочкаше и какаше во нокшир, само еднаш згреши. А денеска морав во градинка да го носам и таму му кажав, сабајлето еднаш се помочал во нокшир а после во гаќи и му ставиле памперс, зашто имало само едни бермуди резерва и ако ги измочкал и нив ќе немало што да му облеча. Тоа малку ме изнервира, зашто најверојатно не го прашувале цело време, а тој заборавил да кажи, па можеле да ги испушат бермудите и ако направи уште една беља да му ги облечат
Е сега не знам што правам навечер, не можам да го оставам без памперс, зашто многу пија течности и сабајел кога ќе стане памперсот му е полн, често и прокиснат е
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away