за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Snowhite, и јас мислам почекај уште некој ден, па извади му го памперсот и за ноќе. Веќе е голем и Михаил, и поубаво сега да му го тргнеш и за ноќе. А на креветчето стави си од оние од Кан бебе мислам дека имаше за околу 100-тина денари 12 парчиња- памучни подлоги за преслекување.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
05.07.2012, 18:38
Snowhite RR
5042
Имам такви памучни од Канбебе (еднаш наместо памперси такви купив ), а и на мм му реков од работа(работи во фирма за производство на постелнина) да ми донеси водоотпорно чаршафче, ама ќе почекам уште некој ден
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
05.07.2012, 18:54
kikicka
4218
Сноувајт де кажи цена ова она и ние да си набавиме водоотпорни постелнини....
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
06.07.2012, 15:04
penelopa
3419
Ние неделава почнавме со одвикнување. Обично го ставам на нокшир 3 пати на ден- сабајле обавезно мочка и кака, после спиење обично мочка вчера и какаше а и денес а навечер само мочка. Мислам дек е супер за почеток само не ми е јасно како ќе ми каже дека му се мочка или кака кога детето мое многу малку зборува
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
06.07.2012, 15:38
Felly RR
7977
Пенелопа, па ќе го сетиш ти кога му е време, и ќе го прашаш. Имам пишано и порано дека Матеа велеше само МО. Битно да се разбирате.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
06.07.2012, 23:50
mamamoni
492
Ние ги извадивме памперсите и за навечер, ја разбудувам околу 2 или 3h за мочкање, таа не е ни разбудена ја седнувам на шоља мочка и пак ја легнувам, ми рекоа да не ја разбудувам за сама да стани но незнам на нејзината возраст колку е тоа возможно, засега сме супер понатаму ќе видиме
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
07.07.2012, 00:41
kikicka
4218
Ние сме невозможни,мојава инат ми тера,се ми испомоча дома и дури ми се смее. Ке се помоча,и ме гледа како теле ,демек види што направив. И јас одма и викам нее шшшшш тамуу,тука шшшш,кога ти се мочка тука ке седнеш,и ја седнувам и седиама џабе кога веќе се помочала. Не сака пелени да и ставам,се буни ама небива морам да ставам кога се шетаме.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
07.07.2012, 15:51
AnnaMolly RR
6409
Морам да го пофалам Филип, еве скоро две недели го оставам кога сме дома по гаќи, значи по околу 5 часа дневно. Последниве 5-6 дена кажува, го ставам на нокшир и си врши работа. Со по две пелени дневно поминуваме. Кога сме дома преку викенд само за спиење попладне една, една навечер. Најголемиот успех го имаше вчера и денес. Вчера кај моите го однесов, сам побара да му ја извадам пелената. Ми вика „Мамо, сакам гаќи, ќе ти кажам кога ќе ми се мочка“. А приметив и дека насабајле кога ќе стане пелената му е целосно сува, го ставам на нокшир и си мочка. Мислам дека ќе имам поголем напредок кај и да е. Решив да не брзам и да не го одвикнувам нагло. Единствено сега на одмор ќе му ставам пелена само за навечер за спиење. Нема да ги вадиме и навечер веднаш, има време и за тоа. Поважно ми е преку ден да не носи.
Е, сега, најсмешниот дел Пред некој ден непланирано бевме кај тетка ми, не понесов ни пелена ни ништо. Таму се искака во пелена, па викам ајде да си одиме немам што да му облечам. И тетка ми ми даде едни розови гаќи од братучетка ми. Детево се заљуби во нив! Почна да вика „Носам женски гаќи!“ И кога му викам сега да му облечам гаќи само нив ги бара и не ги моча
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 7.7.2012 15:54:12 >
_____________________________
Live and let live
07.07.2012, 16:07
Pepelaska *
3820
Закон е Филип, срцко мал, браво за сите мали рингерајчиња.И ние пробавме, но пред некој ден кога почна да каака и кажува тој какаш му викам ајде седни на нокширчето, вика не и престана со какањето. Сттрав ми е да го силам и форсирам па да му направам беља , по малку ќе се научиме.А памтам дека кога полагав развојна психологија пишуваше дека до 2 години немаат осет децата,
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
07.07.2012, 22:34
mila mama
1616
А памтам дека кога полагав развојна психологија пишуваше дека до 2 години немаат осет децата,
Дури до две и пол пепелашка. Така што јас планирам подоцна да почнам и по можност веднаш на шоља со оние детските даски што се ставаат за да се стесни просторот на дупката. Нокширот ми е моја лична ноќна мора.
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
07.07.2012, 23:15
Pepelaska *
3820
НЕзнам какви се тие даски ама тука една комшивка му има купено на внукот и вика супер биле, може и јас така ќе направам оти незнам со нокширов не ми го сака некако , а и кога би пошле негде кај што нема нокшир ќе мора на шолја па ако не сака , мачно било ова
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
08.07.2012, 16:59
Martins mom
3342
Даската е закон!!! Со нокширот мака имавме, отпрво го сакаше, ама потоа за жива глава нејќеше да седи и ме тераше низ тераса да праел фонтана, ама на нокшир никако Кога ја купивме даската ко магија некоја да се случи, детево редовно почна да си оди во веце сам и воопшто не греши.
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
08.07.2012, 17:03
Martins mom
3342
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Сега сум во дилема што да правам за ноќе, еве 2 вечери памперсот му скроз сув, пред да си легни мочка во нокшир и на сабајле после одма мочка и тоа обилно, од цела ноќ што собирал Не знам дали да му го извадам и за ноќе
Мој совет-вади! Штом тргаш памперс, тргни го скрос. Зошто да го збунуваш детето да си мисли дека пелени се носат за спиење, па ај после одвикнувај го од тоа...Ете и мојот пие течности и често мочка, ама кога спие никако.
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
08.07.2012, 17:08
Џесика
2036
Абе фрлете нокширите, ако сакаат во шоља уште подобро и похигиенски, ние нокширот за украс го купивме, даската ни е мала оти имаме големи газој, па право во шоља си вршиме работа... а ноќе уште си ставаме пелени, иако ни се скоро секогаш суви до сабајле, некако не сум сигурна во себе дека ќе се будам да го проверувам
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
08.07.2012, 17:12
Martins mom
3342
Џес, на кој е толку газлест Б?! Даската ви е мала??? Охохоооо машала А за она што не ти се станува, да отвориме тема Навикнување на мајките на деца без пелени, па да видиме...
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
08.07.2012, 17:26
Џесика
2036
Мала ни е, и во градинка ми викаше учителката, го седнувам на нокшир, ама му виси газето, дебелко е, па на шољичка го седнувам а инаку за станувањето, треба аларм ко температура кога проверуваме цела ноќ
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
09.07.2012, 10:26
arh_diz
7198
I jas mu gi izvadiv pelenite preku den ,nekogas ke se zaigra ke se izmoca vo gakicki , ama poveke si kazuva za kakanje odamna kazuva.Nokna ne sum probala da mu izvadam
_____________________________
Биди тоа што си
09.07.2012, 10:52
AnnaMolly RR
6409
Вчера неколку пати згрешивме во гаќи. Ама сепак цел ден беше по гаќички, само за спиење му ставав пелена. Еве деновив свеки ќе го чува и и реков да не му става пелена.
Има голема промена и напредок. Претходно не му пречеше кога ќе се измочка, ама сега одма ми вика „Мамо вади ми ги гаќите, мокар сум“. Еве да речеме дека вчера 4 пати згреши, 4 пати си кажа и си заврши работа на нокшир/шоља.
Полека, полека, ќе биде
_____________________________
Live and let live
09.07.2012, 19:07
Slagjana
463
Деновиве и ќерка ми (2 год. 5 мес.) почна да носи гаќи преку ден. Вчера згреши еднаш, денес не, со тоа што и е страв да кака в нокшир и кога ќе види дека има пелена тогаш кака. А мора да и ставам пелена за преспивање и за ноќе. Кога ќе се разбуди мислам еден килограм тежи. Нема шанси без пелена да ја оставам. И за во парк си ја носи. Како за почеток мислам доволно е и ова.
10.07.2012, 09:56
Mihaela 2010
4230
Nokeska za prv pat posle eden mesec Mihaela se razbudi i mi vika:mamo mi se mocka,lele jas celata ispanicena stanuvam zimam noksirot vlazni maramici i trk do spalna,si stana si se izmocka i pak si zaspa...prv pat da pobara preku nokj da mocka..a i mnogu mi bara voda u posledno vreme se budi i e zedna,zeskovo ke ne ubie nekoj den
10.07.2012, 10:04
vezilka RR
4931
Дечки ај ве молам за совет. Јас планирав сега кога ќе бидам на одмор да почнам да го одвикнувам Никола од пелени. Тој има 19 месеци. Сега за сега не кажува за мочкање, а за какање неееекогаш кажува ама откако ќе почне да се кака. И сега се нешто ме премислуваат дека најубаво било да се одвикнуваме кога веќе ќе има полни две години оти сега ќе ми требало многу време. И кажете ми совет како да го задржам на нокшир повеќе од 2 секунди, детево по толку седи мирен на газот!
10.07.2012, 10:08
Mihaela 2010
4230
vezilka prvo nema vrska dali napolnil 2 god ili e pomal ili poistar,se e do deteto,ako ti mislis deka e spremen togas ne gledaj na toa da napolni dve pa da pocnete.jas mislam deka sega ti e period da mu stavas gakicki,pa ednostavno da oseti i da uvidi razlika,edno e koga ke se izmocka vo pampers drugo koga vo gaki pa se navlaznil se izmokril...so tek na vreme ke uvidi deka nema pampers i ke pocne da ti kazuva...a i zesko e sega,iskoristete go vremevo dur e toplo. snaa mi od koga pocna da go sednuva vo noksir a sega vo avgust ke pravi 2,ama ne saka da sorabotuva od pricina sto slabo zboruva,toa e najgolemiot problem,nemaat komunikacija i ne znae da si kaze
10.07.2012, 10:09
AnnaMolly RR
6409
Има шанси да ти успее ако кажува за какање/мочкање. Пробај, извади му ги пелените. Па ако не ви оди, ќе си пробате пак по неколку месеци. А за задржување на нокшир, дај му некоја играчка, пушти му цртани (мада ни ова мене не ми успеваше). Јас му давав смоки или некои грицки зашто единствено така седи мирен. Па мм ме караше, вика ај ти седни на шоља и јади смоки
_____________________________
Live and let live
10.07.2012, 10:20
vezilka RR
4931
Хе,хе, демек ..„смоки за секоја пригода“.. е работава. Бидејќи со нив се лажеме да седи во точакот, може и во оваа прилика да пробаме Јас вака облечен веќе еден месец се обидувам да го задржам на нокширче, ама не ми успева подолго од 2 секунди. И баш во тоа и ми е проблемот што не знам дали е спремен. Значи тој зборува, хе хе и отповеќе дури , ама и измислува. Јас поначесто го прашувам Никола какан си тој некогаш ми кажува како е а некогаш ми вика да, а нема везе не е какан. И нешто не му смета кога ќе се искака, како на други деца да почне да мрчи, мислам дсека може какан да седи еден саат и да не му присмета
10.07.2012, 12:26
kikicka
4218
ЛЕле замалку пак ке имаше какање на ламинат,за секунда ја фатив и седна на нокширот. Гола беше а јас на пс и осекам аромо некоја ане и текнува да седне на нокширот баш позади неа стоеше. Како и да и зборувам ,не сака да каже инат тера ,интересно и е .А кога ке и речам браво откако се какнала и измочкала плеска рачиња.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."