cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Одвикнување од пелени

  
clock-img

28.07.2012, 14:20

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

Точно е дека секое дете е посебна приказна. И ќерка ми почна со одвикнување пред 2-3недели. Сама почна да го бара нокширот. Е сега има проблем со какање. Не сака во нокшир, туку бара пелена. А за мочкање ако знае дека нема пелена, држи додека не седне в нокшир. Моравме и на плажа да го носиме оти не сака да мочка на друго место. И од вода излегуваше и трчаше кај нокширот. За спиење си носи пелени и не планирам да ја форсирам за ноќе. Сама ќе кажи кога да ги извадиме целосно.

clock-img

29.07.2012, 00:09

clock-img

talisman

pencil-img

96

Што се однесува до објавената студија и јас сум скептична , не сакам генерализирање и кога сите се ставаат во еден кош, а од друга страна баш би сакала да видам кое 2 или 3- годишно дете може да издржи повеќе од 5/6 минути кога ќе им се примоча-прикака user posted image Па исти се ко трудници, недај Боже мене ( додека бев трудна ) некој да ми се заглави во вц и да ми каже почекај 10 - тина минути user posted image
Јас фала Богу многу релативно лесно поминав со одвикнувањето од пелени. Наполнивме 2 години во април, ама уште од јануари почнав постепено со одвикнување така што ја ставав на вц шолја веднаш стом станеше од спиење и упорно и повторував да каже ако и се кака. Знаеше да биде забавно па да седам со неа по 15/тина минути, да пееме, раскажуваме ( читај јас раскажував user posted image ) и сл. ама по некое време и времетраењето се скрати. Едноставно сакав да научи дека вц шољаа служи само за какање, а останатото ќе го правиме на друго место. Не сакав да купам нокшир зошто не сакав да се навикне на него па да имам проблем и да морам да го носам каде и да мрднам. И купив интересен адаптер / капак за на шоља и нејзе и беше интересно да седне на жирафите кои ден денес ги вика жаби user posted image И така теравме неколку месеци, носеше пелена ама казуваше... се случуваше да се измоча, ама никогаш не и да се укака во пелена. Откако наполни 2 години, во јуни решив да и ги тргнам пелените, пред кречење де user posted image Си мислев, ако прави бељи бар да прави тогаш и да ми е полесно да исчистам. И на мое огромно задоволство првите неколку дена се има измочано само 2 пати, еднаш бевме надвор на шетање а еднаш ( пак за среќа ) на плочките во кујна user posted image Веќе неколку месеци сме без пелена и досега фала Богу немаме проблем. Ноќната пелена не планирам да и ја тргнам уште, иако знае во сон да се вознимири кога и се моча и тогаш иако плаче и е нервозна, ја носам во вц. Некогаш и е сува пелената, но сеуште преовладуваат мокрите, така да не сакам да форсирам.
Можеби е излитено ама за одвикнувањето мислам дека упорното повторување му е мајка.. Ја упорно и повторував дека треба да моча / кака во вц и упорно ја прашував да ли сака да оди во вц. На крајот на краиштата, секоја мајка го познава своето дете, знае какви му се реакциите пред да сака да моча или кака, така да со навремено реагирање и упатување мислам дека може лесно да се научи секое дете.

clock-img

29.07.2012, 16:19

clock-img

Bile

pencil-img

440

Јас мислам дека имам проблем околу оваа работа, но сите ми викаат не се замарај има време. Керка ми ке полни 3 години во септември, почнавме пред месец-два да го тргаме памперсот и да мочкаме во шоља и понекогаш во нокшир. Е сега не сака на шоља да мочка оти е многу слаба и се плаши дека ке пропадне (ако не ја држам отиде детето user posted image )а не сака на нокшир никако, за жива глава нејке да чуе. За цело време носи папмерс само го симнуваме кога треба да мочкаме. Е сега друга работа, досега не ми се случило да дојде и да каже мамо мене ми се мочка или кака, само јас го прашувам и ретко се погаѓа да се измочка или да се искака. Луѓе ај ве молам за помош, што да сменам што да направам. Значи сум пробала секаква метода на фин начин и не успевам...user posted image

_____________________________

Gorana i Stefani

clock-img

29.07.2012, 16:31

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

зами и адаптер за шоља, ако ти е страв дека ќе пропадне. ем ќе и биде нешто ново, интересно, а може и да заврши работа.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

29.07.2012, 17:08

clock-img

Bile

pencil-img

440


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

зами и адаптер за шоља, ако ти е страв дека ќе пропадне. ем ќе и биде нешто ново, интересно, а може и да заврши работа.


Имам адаптер за шоља го зедов за големата на Грако, ептен е квалитетен се гледа од самиот производ но не ми заврши работа кога големата ја одвикнував. А навистина ФАЛА што ме потсети вреди да се проба и ке пробам.

_____________________________

Gorana i Stefani

clock-img

30.07.2012, 17:06

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ние ја извадовме пелената и за навечер. Прво не знаев како да го разбудувам ноќе ми беше жал, ми беше страв да не почне да плачи, да вреска. Арно ама една вечер сам рече „ми се моча“ и јас веднаш го однесов на нокшир. После таа вечер секоја вечер кај 3 часот го станував и го носев на нокшир, ама и понатаму ставав пелена, зашто една вечер, кога го станав веќе беше измочкан. Пред два дена мм донесе водоотпорно чаршафче од работа и повеќе не му ставам пелена. До сега нема згрешено ноќе, па ќе видиме за понатаму

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

31.07.2012, 13:33

clock-img

dostickage

pencil-img

2181

E kje si puknam i kje si puknam.
I nie sme vo faza na odviknuvanje i odi nekako ama koga sme doma.
E arno ama koga go nosime kaj gospozata svekrva na cuvanje preku nedela , ona go uci da se kaka vo gakji samo za da ne prlja po doma. Fakt e deka na pocetokot se kakase nasekade no i fakt e deka deteto ima oset , znae sto pravi , znae deka ne treba vo pelena i tn. Dosta e temperamenten pa vo igra znae da mu se zgresi no znae i sam da me odnese do toalet i da si go stavi adapterot.Koga e na adapter jas si sedam so nego si igrame , mu raskazuvam nesto i sl za da se opusti i da zavrsi rabota. Nema averzija nitu prema noksirot nitu prema adapterot.Treba samo malku trpenie.
Mojava gospoza da vi se pofalam mi gi krade gakjite sto mu gi prakjam za tamu se so cel da se kaka vo niv.
Taka sum jako nervozna i na seta maka na rabota mi ide da i pratam nejze edni gakji po DHL so pozdrav i poruka ona da se kaka u nivuser posted image
Mi se place i nervozna sum katastrofauser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Sekoj den vristam u kola koga go zimame deteto zaradi nezinite gluposti , stvarno vise ne se izdrzuvauser posted image user posted image user posted image user posted image
Nemam vise komu da se obratamuser posted image user posted image user posted image user posted image

Aj barem si se olesniv

clock-img

10.08.2012, 15:40

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Јас да се пофалам дека за преку ден скроз ги тргнавме пелените. Првиот ден на одмор кога стигнавме му ги извадив, му реков да кажува за мочкање и какање.
Првиот пат се измочка во гаќи, па се утепа од плачење да го соблечам зашто бил мокар. После кажуваше. За 12 дена еве како сме без пелени згреши неколку пати првите 3 дена, ама од тогаш не згрешил. Си кажува и за какање и мочкање и издржува и по неколку минути додека отидеме до ве-це. И додека се бањаше во езеро ако му се примочка, трчаше надвор и ми викаше „носи ме да мочкам“, па додека стигнеме до ве-це или до некое дрво user posted image , си издржуваше.

И за денското спиење не носи пелени. Вчера дека во кола бевме повеќе време му ставив пелена. Кога рече ми се моча па ми се моча, вади ми ја пелената... Застанавме со колата, го соблеков и си мочкаше.

Еве и преку ноќ не моча, сува му е барут пелената насабајле, а пие и сок и вода навечер. Кај и да е и тие ќе му ги тргнам.

Ептен сум среќна што брзо ни успеа, се на се му требаа само три дена да сфати што како е работата.

_____________________________

Live and let live

clock-img

10.08.2012, 21:13

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

И ние денес прв пат се покакавме во нокшир, знае да каже ама откако ќе си заврши работа.
Ама денес снемавме пелени и додека купивме беше по гаќи, ја смени фацата и го сетив седна и одма си се покака.
Купивме гаќи сега па ќе се учиме

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

13.08.2012, 08:08

clock-img

Gorde J

pencil-img

192

IMAM GOLEM PROBLEM STO ME DOVEDE DO  INFUZIJA I POVRAKANJE OD NERVOJA
Moeto dete veke edna godina mocka i kaka vo noksirce. Ne odev na rabota poveke vreme 6-7 meseci i stom pocna da ja cuva baba i pocna da se pomocuva, a od pred nekoj den i kaka vo gaki. Dava silen otpor na noksirce na solja i na se sto e za kakanje. koga ke i dijde nagon za kakanje silno vristi i trca kaj mene i vika NISTO NE MI SE PRAVI i se stega nekoe vreme i posle nama kade da odi kakite sami pocnuvaat da izleguvaat. A baba i duri sega mi kaza deka se isplasila vo sonot i sega taa veli deka "sonceto" (sto ne vika za spienje i go cuvame pod pernica) ne i dava da se kaka tuku i vika da place.
VE MOLAM ZA POMOS NE SUM IMALA VAKOV PROBLEM DO SEGA

clock-img

13.08.2012, 08:20

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Да не ја искарал некој кога се искакала по грешка па сега да одбива да кака на нокширче? Сте размислиле за посета кај детски психолог? Можеби звучи малку претерано, но ако ништо друго не помага, тогаш тоа би било најубаво....или пак оставете ја нека тера по свое, евентуално ќе почне сама да прави како што треба....Можеби ова и е реакција на тоа што сега веќе мама не ја чува туку баба, па бара внимание или на тој начин покажува револт?
Ајде некоја од поискусните мамички нека каже....

< Поракaта ја уредил Ikana -- 13.8.2012 8:29:10 >

clock-img

13.08.2012, 08:34

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Gorde j jas pominav niz istoto samo moeto dete imase 5 godini.2godini go pravese toa znaci do 7god.mi rekoa deka se e na psihicka baza se utepav od odenje po privatni detski psiholozi i vo simpo odevme,cabe zdravo pravo dete ama terase inat.na kraj lekot mu go najde dr.Nada Pop Jordanova vo detska klinika normalno si raboti so plavi kartoni i se plajka neso minimalno.Da ne me svatis pogresno ama site vikaa deka e psihicki,strav,stres za moevo dete bese taka toa go imase preziveano neznam za tvoeto samo so pobrzo si pobaras pomos toa poarno ova bilo dolk proces barem mene taka mi kazaa,se nadevam malku ti pomognav pozdrav

clock-img

18.08.2012, 17:22

clock-img

Gorde J

pencil-img

192

Fala Vi mnogu za sovetot , no uspeavme da go nadmineme nekako problemot. Bevme 2 dena kaj majka mi i tamu imaat poinakov pristap pa ja ubedile da kaka na noksirce i taa sega misli deka ako se kaka vo gaki ke se razbole pak majka i i vnimava.
A tocno deka saka pogolemo vnimanie od mene i zatoa taka pravi.

clock-img

19.08.2012, 08:43

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Леле јас ќе полудам значи, откако го извадовме памперсот и за навечер ниту еднаш немаше згрешено, а сега три вечери со ред се моча в кревет, а пред спиење оди по три пати на мочкање и пак моча в гаќи, страв ми е да не си се навикни такаuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

08.09.2012, 00:30

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Прашање:Дали по извесно време и по колку време откако ќе ги одвикнете од пелени, ноќе почнуваат сами да стануваат за мочкање. Зашто јас Михаил секоја вечер кај 2.30-3.00 часот го станувам за мочкање, ама некогаш се случува да се успијам т.е да не се разбудам тоа време и тој ќе си се измочка во гаќи
Плус тоа и со одморот малку ни се поремети и таму, а сега еве и откако си дојдовме плачи не сака да стани да се мочка, а пред тоа не се ни сеќаваше, ќе го кренев, ќе го седнев на нокшир и ќе се измочкаше во сон што се вели и назад во кревет, а сега маки мачам, затоа сакам да знам дали по некое време сам ќе почне да се разбудува за мочкање и како да го научам на тоа ако можам да го научам некакоuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

08.09.2012, 00:47

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

А можно ли е ич да не го разбудуваш ноќе и да се научи дури сабајле ко ќе стани да мочка?! Јас кога се одвикнувавме од пелени уште првата недела му го извадив и за ноќе.Пред да си легниме мочаме и после дури ко ќе станеме од спиење.Да го заучиш и ич да не го будиш можи поарно ќе биде.user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

08.09.2012, 01:01

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Абе како јас да го заучам, прво пија многу вода и течности пред спиење, второ почетокот кога се одвикнавме ноќе уште некое време носеше пелена и најчесто му беше сува на сабајле, а еве и сега тие неколку пати кога не сакаше да моча ноќе и навистина до сабајле не мочкаше, дури и кога стана по пола саат му се примоча. А сношти еве јас ова време некаде се разбудив и ме болеше стомак, не можев да спијам и после најверојатно сум заспала баш тогаш кога требаше да го станам за мочкање и се разбудив дури во 5 и утоп жива вода беше. И затоа не можам така да ризикувам да не го станам за мочкање. Затоа си велев дали има шанси да му проработи сетилото сам да се разбудува кога ќе му се мочка, ако не му се мочка да си спие до сабајле

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

09.09.2012, 11:44

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Па ова лесно било, требало само да помислиш и готовоuser posted image Ноќеска сам стана од креветче и ми вика „Ми се мочка“, го однесов на мочкање, заврши работа и пак си легна во креветчето си продолжи да спија user posted image за М

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

09.09.2012, 12:33

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Snowhite, гледај намали му ги течностите пред спиење. И така може нема да има потреба да станува ноќе. А инаку грешки и понатаму ќе прави. Па и на поголеми дечиња им се случува понекогаш да згрешат.
Јас да ви кажам нас што ни се случи. Сега дека во поголема група, и имаат и шољи, а и нокширчиња. И затоа и дома, сега повеќе сака да мочка на шоља. Еднаш целата радосна - јас мамо сама, затрчана, и едно време слушам: аааааааа, таа од брзање заборавила да го стави адаптерот и си седнала така, и пропаднала внатреuser posted image . Инаку си се качува на столче за да може сама да си седне.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

10.09.2012, 09:49

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

Е Фели ме изнасмеа user posted image . И кај ќерка ми в градинка сега наместија мали шољи и таа сама си седела таму. Ама дома нема столче за да се качи, па се надевам нема да пропадни. Инаку и за преспивање не носи пелена, ама навечер сеуште и ставам. Досега не се случило да се разбуди со сува пелена наутро и затоа мислам дека нема шанси да ја извадиме за скоро време. А да ја разбудам ноќе за мочкање нема шанси. Само ќе вреска и нема да се измочка.

clock-img

16.09.2012, 19:09

clock-img

omorfo89

pencil-img

215

Ќерка ми има 17,5 месеци и пред скоро 2 месеци почнав да ја оставам по гаќички и 2-3 пати ке ми се измочкаше.Навечер секогаш и е сува пелената.
Сега пред 2 недели само што ке ја ставам на нокшир одма почнува да мочка, еве оваа недела само 1 се измочка во гаќи , мислам дека сем на добар пат за да ја одвикнам барем за мочкање user posted image ја ставам на нокширот секои 3-4 часа
За какањето ми е уште проблем , не кажува уште и 1 во денот кака во гаќи..


_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

clock-img

17.09.2012, 09:03

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Ние од 30 јули сме без пелена за преку ден без никакви грешки, а од пред 4 ноќи и навечер не му ставам и не згрешил до сега. Се буди навечер ако му се мочка, мочкаме и пак спиеме. Колку било убаво да не се замараш со менување пелени и со некоја илјадарка плус во буџетот user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

17.09.2012, 10:23

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Ние ништо не направивме. Убаво седеше,мочкаше се и оп и текнадека веќе несака ни нокшир ни ништо. Ако има пелена мочка а ако нема пелена не мочка.

< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 17.9.2012 10:24:24 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

19.09.2012, 10:31

clock-img

mosa

pencil-img

546

А можно ли е ич да не го разбудуваш ноќе и да се научи дури сабајле ко ќе стани да мочка?! Јас кога се одвикнувавме од пелени уште првата недела му го извадив и за ноќе.Пред да си легниме мочаме и после дури ко ќе станеме од спиење.Да го заучиш и ич да не го будиш можи поарно ќе биде.

Da draga Martins mom mozno e ova zatoa sto jas V go oduciv taka.Ama ne mu ja zadrzuvav pelenata.Poveketo od majkute neli prvo go oducuvaat preku den,a potoa preku nok.Nom jas dobiv eden isproban sovet od edna moja prijatelka koja toa go napravola na svojata kerka.Znaci na V prvo mu go isvadiv pampersot preku den,no toa traese eden den,a potoa odma i navecer.I da zanes deka deteto taka polesno,a i pobrzo ke se nauci da kazuva.I da ti kazam deka bese uspesno.I vistina namav nikakov problem.( da ne go podrecam)I da sto poveke go zavlekuvas i navexer so pampers,tolku poloso za deteto.Mene mm mi vikase mal e uste ne go maci,no nema vrska nemav nikakvi problemi.Seto odviknuvanje traese samo nekolku dena.I taka i jas mu pravam,znaci anvecer ke mocka i potoa duri sabajle,nekogas znae i da me razbudi zosto mu se mucka.


E sega dragi moi sakam da ve prasam nesto.Vo poslednive nekolku dena mi se sluci nesto.Znaci edna vecer dodeka v spiese bev kaj sveki.Znaci vleguvav nekolku pati da vidam dali e razbuden,no si spiese mirno.No vo eden moment slusnav edno panicno placenje.A v stanal i palcese izgleda se isplasil zosto nemalo nikoj.Izgleda stanal zosto mu se mozkase i kopga vcidekl deka ne nema se isplasil.Znaci ne so ostaviv mnogiu vreme nego bukvalni 1 min.Potoa go srediv i go smiriv,a koga se smiri vika se isplasiv mama deka ve nema,deka otidovte bez mene.Mu objasniv deka mama i tato ne odat nikade bez nego.No sega drugo e problemot sto toj se razbudi i slednite nekolku dena mockan.Znaci i vcera i zavcera i denes.Dodusa vcera ispi premnogu mleko,no do pred ova me budese ako mu se mocka ili mu se pie voda.Ja prasuvam sveki ona vika mislam nema vrska.tuku posto si igral so voda,deka denovive go pustav nadvor dodeka ja pravev zimnocata.deka moze e preladen pa zaradi toa e toa.Neznam sto da pravam.Za karanje ne go karam,Mu rekov deka ako pak se pomocka ke mu stavam pam[ers kako na malute bebinja.Go prasuvam sakas li da ti stavam pampers ,a toj veli ne sramota e mamo.Neznam dali ova e od strav ili e samo nekoja nastinka ili prelada o ke mu pomine.Ete vcera vecer pred spienej go staviv na noksir.MNockade i pravo na spienej.Ajde pisete sto mislite vie.Se palsam da ne od strav,bidejki kako sto rekov do pred ova ne sum imala nikavi problemi.Ajde piste mi dargi moi iamte li vakvi iskustav.Mi treba pomos.Mi e starv da ne mi se zauci taka da si mocka vo gaki.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

clock-img

19.09.2012, 12:59

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

А можно ли е ич да не го разбудуваш ноќе и да се научи дури сабајле ко ќе стани да мочка?! Јас кога се одвикнувавме од пелени уште првата недела му го извадив и за ноќе.Пред да си легниме мочаме и после дури ко ќе станеме од спиење.Да го заучиш и ич да не го будиш можи поарно ќе биде.user posted image



Јас не го будам за да мочка, туку сам си се буди. И тоа не секоја ноќ, еднаш во три ноќи се буди за мочкање.
Инаку, пред да си легнеме го носам во ве-це, па пие млеко, па по 400-500 мл сок навечер и честопати издржува до сабајле, дури кога ќе станеме си мочка, полни цел нокшир user posted image

_____________________________

Live and let live

Последни статии

article-img