Ете и Ј се одвикна од пелени (преку ден) за три дена.
Јас и лани нешто се обидов на кратко, ама некако не ми се чинеше спремен, ниту тој ниту јас, па не сакав да се малтретираме со долготрајниот процес ниту јас ниту тој, и оставив за "неке боље дане".
Сега пред да ги извадам пелените му зборував месец дена пред тоа, дека наскоро ќе ги фрлиме и ќе носи гаќички и ќе моча во ноша или вц како мама и тато и други големи и деновите кога немав обврски да можам да се посветам на тоа, му ги извадив.
Добив совет да три дена биде целосно гол, и без гаќички и приметив дека е подобро бидејќи така гол му е поинтензивно чувството за мочкање, онака и со гаќички може да се чувствува ко во пелени па да се опушти.
Му кажав сега си без пелени, ако ти се мочка или кака да кажуваш и да трчаш на ноша. Од првиот ден веднаш кажуваше и за какање и за мочкање.
Искрено се изненадив за какање, мислев дека ќе биде потешко, бидејќи читав дека на децата им е потешко тоа, ама ете позитивно се изненадив. И тоа заврши работа ко човек на нокширот, онака во пелени по 3-4 пати знаеше да кака се по малку.
Е да, првиот ден излегов во продавница со него, без пелени, и тој на сред маркет остави баричка, и плус одушевен ми вика: Мамо, види што направив! Иако му објаснив и дома да бара за вц-то, тој требаше да згреши, па затоа секој нареден пат надвор, дури и на лизгалките со децата бараше да оди на мочкање.
Така, мислам дека донесов добра одлука што малку почекав, на тој начин се поштедив и себе и него, и нерви и време, а богами и перење, сега е поголем и е многу разумен, брзо ја сфати работата. Само првиот ден што имаше ете грешка надвор и дома два-три пати бидејќи се забораваше во игра.
Да напоменам дека првиот ден на секој 5-10 минути му се демек мочкаше и тоа навистина мочкаше, ко бебе, ама и тоа било нормално, еве веќе сега 3-4 дена покасно нормално оди на нокшир. Кога гледам дека поминало многу време, го прашувам јас дали му се мочка, ама гледам да избегнувам, туку сам да си ја препознава потреба, па и нека згреши повеќе, подобро ќе научи, него да се ослонува на мене да го потсетувам.
Е сега за навечер, го ставам на нокширот пред спиење ама му ја ставам и пелената. Овие денови се уште му е полна пелена насабајле, ама верувам дека за некоја недела ќе ги симнеме и тие, додека тоа рефлексот да му прати сигнал до мозочето .
< Поракaта ја уредил Bethany -- 27.6.2014 9:43:52 >
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."