ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
СЕ бориме и бориме на 4 дена само 1 ден без грешка.Не реагира на време или се заборава. Веќе 18 дена.Дали е вака нормално ,или штом неможе да не направи грешки не е тоа тоа ,само време така ќе помине?Совети
Меланија, живци само, трпение. Не се откажувај, подобро продолжи сега, секое дете е различно, можеби му треба друга метода, јас на пример, ја седнував на околу два саати и се правев само да седи се дури не и се примочка, и кога ќе се измочкаше одма, највпечатливо и покажував дека тоа е поентата што седела на нокшир толку време. Додека седеше многу зборував, раскажував приказни за едно умно дете што се измочкало во нокширче и после јадело чоколатце, после друга верзија, дека тато и мама ја носеле во паркот, па на гости... па нареден пат верзија за малите бебиња што се мочкаат во пелени, па тие се малечки, а не како големите деца, што се многу умни и си кажуваат кога им се мочка и си мочкаат во нокширче... многу зборував, премногу, смртно сериозна сум кога кажувам дека лани во јули јас имав ларингит.
Навивам за јунакот, верувам дека блиску е денот кога наеднаш ќе се изненадиш и ти, за секое вршење нужда, ќе ти најави на време и ти нас ќе ни се пофалиш.
Се надевам ти давам зрак светлина низ овој малце помакотрпен процес за нас родителите, но и за нив е, верувам во тоа дека за нив е потежок, се им е ново.