Однапред се извинувам зашто ќе биде подолг постов, зашто скоро цел месец се одвикнуваме, мислам дека ова никаде го нема и што е најтрагично пак нема резултат, еден чекор напред, три назад и веќе стварно не знам што да правам.
Ај од почеток да почнам, на 05.07 прв пат се измочка в шоља и јас цела среќна, ја почнувам постапкава за одвикнување. Арно ама две недели без пелена, 5 пати се на се ако се измоча в шоља и два пати се покака и тоа ако ја однесев јас, значи таа не кажуваше сама, а ианку мочкаше и какаше кај што ќе стасаше. Најмногу ме нервираше што седевме на шоља по 15 минути и повеќе и пуштав и вода да течи и се и зборувам и кажувам, џабе ништо, само што ќе дојдевме в дневна и таму ќе се измочкаше. Е сега морам да напомненам дека овој период јас одев на работа, а тие во главно беа кај мајка ми, а таму повеќе време поминуваа со татко ми, не и ставаше пелена, ама не можам да очекувам од него дека ќе ја носи цело време на шоља или дека ќе и зборува за тоа. По две недели се откажав, сфатив дека најверојатно не е спремна и повторно и ја вратив пелената, зашто веќе и немаше смисла и бабиве цело време да бришат секаде каде што ќе направи беља. Е сега откако и ја вратив почна да кажува и додека отидевме в купатило (во нокшир не сака никако, имаме седено со саати и сликовници разгледувано и се и ништо не прави во нокшир) веќе во пелена си завршуваше работа. Па по една недела повторно и ја извадив пелената, зашто имав и одмор, дома бев и си реков да пробаме пак. И сега еднаш ќе кажи, обично кога и се какаше кажуваше и какавме на шоља, за мочкање некогаш ќе кажеше, ама пак не трпеше и одма мочкаше кај што е, иако и нокширот беше до нејзе. Бидејќи не бев сигурна дали ќе каже или не, ако требаше да оди некаде и ставав пелена и тука згрешив, па кога сфатив дека направив грешка, бидејќи кажуваше, ама ако беше заиграна ќе си се помочаше без да каже, веројатно мислејќи дека има пелена и ја извадив скроз и за спиење, само навечер и ставам, зашто многу е полна пелената на сабајле. Вчера имаше огромен пресврт, сабајлето цело време зборуваме, ја потсетувам ако и се мочка што да направи и знае, значи вели ќе кажувам, покажува како ќе кажела и како ќе седнела и се тоа, и кажа навистина и отидовме в купатило и ништо, го зедовме нокширот за ако пак сака во него да оди и по 1 минута иако до ноикшир стоеше, почна да моча на ламинат, ја прекинав и ја седнав на нокшир, седеше 10 мин, ништо, само што стана, пак почна да моча, пак ја седнав, пак ништо и пак по некое време стана и пак дозаврши на ламинат. А во меѓувреме најдов и едно каке во салонот кое најверојатно го покакала првиот пат додека трчавме за в купатило. Е значи живци искинав. Одручеката кога стана од спиење, јас излегов од собата кога се вратив сама седнала на нокширот и се измочкала, што ме изненади и ми даде надеж. Излеговме и купивме адаптер за на шоља и кога се вративме од мерак се измочка. Денеска пак исто, почна да мочка ја прекинав ја седнав на нокшир, стана продолжи на ламинат. Еднаш надвор и еднаш кога преспиваше денски. Бевме излезени и кога се вративме ја прашувам дали сака да мочка, ми вика НЕ, по 1 минута пак на ламинат и дури ме гледа и ми се смее. Збеснав.
Проблемот ми е што уште утре сум дома и после почнувам на работа и ќе ја варди свекрва ми. а таа не можи да и чисти цело време, а ако по втор пат и ја вратам пеленета ќе треба да помини долго време да заборави па пак да почнам, а уште еден месец е лето во кој имам шанса да ја одвикнам, после ќе треба или в зима или другото лето што е многу касно.
Кажете што да правам, мислам дека ги пробав сите начини и никако не ми успеа. Дали навистина не е подготвена, стварно не знам, мислам дека сум ни ваму ни таму сега
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away