ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica
луѓе помагајте!!!!!!!!!
сите околу мене се против мојата одлука да ги фрлиме пелените и мм и неговите и моите...
само јас сум одлучна и иако денес промашивме 100 пати убедена сум дека за некој ден ќе ја свати финтата БЕЗ ПЕЛЕНА се надевам дека ќе имам успех ако не низ нос ќе ми го извадат инатот
инаку кога ќе се помочка или искака знае дека го сторила тоа и бара промена на гаќите
Надица па нели напредувавте, што бидна сега?
Колку што јас знам ти не работиш или грешка сум? Остај што ти зборат твоите, неговите, тој, ти го учиш детето, сконцентрирај се на тоа и не троши енергија за ништо друго. Секако дека ќе имате успех, е сега дали за 10, 15 дена или ќе треба и некој месец да помине не е важно, важно е да се научите, важно е детето да ја свати пораката.
А за промашување, ќерка ми е веќе 1 година истренирана и кажува и знае и се, па пак и се случува да и избега некогаш во сон или некогаш кога е многу заиграна. Не е трагедија тоа деца се, посебно додека се учат дозволено е да грешат.
Од нас овде најголема поддршка имате, продолжете со учење резултатот секако ќе дојде
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together