Eeј да Цацко , таму живеев , некои 7год. додуше сеуште “таму“ живеам таму ми е дома иако сум во европа. Во ова европава депресивна други работи ме навлекоа па дојдов инаку НИКОГАШ не би дошла овде да живеам! :)
Ова што викаш за организираност, ухх тоа ептен , ем имаат многу почит кон сите communities да ги наречам малцинства, имаш услуги на македонски во некои државни установи , ма уживање :) Она што ми се допаѓа е тоа што се организирани така беспрекорно ама без некаков фашистички стил како што тоа знае да е во швајцарија и др.некои земји... туку се е направено за да на човек му е олеснето, насекаде добиваш фина насмевка, услуга, разбирање.. а не ваму од ова што видов низ европа, абе за се‘ нешто треба да се намачиш, изгњавиш, докажеш ... хорори :) нормално , и во нивните тие насмевки имаш многу фолирање и хипокризија ама барем имаш насмевка и респект .
Мислам дека тешко им било на оние емигранти од кај нас кои отидени се во австралија , без јазик да знаат, без школо, квалификации и сл. но баш тие генерации имаат направено огромни куќи со римски столбови, со мермери и чуда па така кога шеташ низ некои населби одма знаеш дека си во Македонска населба:)) Инаку , кога ќе најдеш работа некаде особено ако е нешто онака пристојно, условите,однесувањето меѓу луѓето ма све е топ! петок е кежуал ден , се оди во фармерка и маичка, имаш 3-4недели платен годишен одмор ем чувството кога ќе одиш од работа , заминуваш во 5 да речеме и онака преминуваш низ тоа рајските заливи, плави таласи,егозтични птици ти крекаат , стигнуваш дома и еве 6 нека е.. па вечера нешто и после пак имаш саати време и да се прошеташ крај плажа а таму кафичи па сретнеш познат па муабет и ај дома.. оти накај 10 се стемнува.. зимите се релативно кратки , од кај јуни до септември ама и тогаш пола денови ти се сончеви и блескави а пола од тоа знае да биде кишовито и ветровито. Ако си во куќа, во двор ти расте палмино дрво , стрелиции колку сакаш и лимуни на дрво на кои истовремено имаш цвет, пуполка и плод !!!! ;))) на едно дрвце имаш 4год времиња..хаоси ;)))
Она што е негативно е што владата таму има превише пари, австралија е земја која не знае за дефицит во буџет пошто се мачат со суфицит па имаат пари да низ цел град и сите населби ти испочукаат камери, де да те надбљудуваат, те за црвено светло де за speeding , значи таман да кивнеш одма тоа некој го бележи.. и според мене, станува доста полициска држава ама така е и во лондон така е и во швајцарија...тоа ги има своите предности и мани и ете, немаме избор мораме да се научиме да живееме со тоа
Во принцип животот е организиран така што кога наоѓаш стална работа и се работи за брачен пар можЕш да добиеш кредит за купување стан/куќа по поволна рата , каматите се околу 4% , оваа цифра варира нели, што од општата ситуација што од тоа дали земаш фиксна или варијабилна камата. Но затоа луѓето се задолжуваат затоа што сакаат парите да ги ставаат во отплаќање на рата а не на кирија каде што се фрлени и ако земеш и кредит за кола и ете ти, се осеќаш врзано меѓутоа боже мој , ако не сакаш не мораш, можеш да штедиш и штедиш и онда купиш кола во кеш и тие работи :)
Убавата страна на сиднеј е таа што како млад човек (овде размслувам за малечкиве) е што градот е преубав со многу убави активности , многу спорт, плажа и сл. од мали ги учат да се солидарни и тоа е една од најважните работи во школо кои ги учат, како да се помогне на другиот што мене особено ми се допаѓа.
Има многу мал број наши (овде мислам на поновиве генерации не на постарите) кои се отидени таму и неуспеале и решиле да се вратат назад . Некои се премногу носталгични особено кон родителите ,брат,сестра, некои пак налетале на неубави искуства и некаков страв им влегол во коски и решаваат да се вратат назад. Поголемиот број остануваат и ги носат потоа и своите родители,брат,сестра или пак редовно одат во мкд .
Мила на мама, знаеш и ние не си ја даваме македонија за пет австралии или нови зеланди
Затоа таму, австралија си ја викаме ЈУЖНА МАКЕДОНИЈА особено затоа што македонската заедница е една од поголемите плус во некои населби кога ќе отидеш, продавниците сите македонски се, ечи македонска музика, македонско радио , по дискотеките секоја трета недела имаш македонски вечери ...абе лудница
значи Мила на мама, а и за другите да кажам, да ве известам дека ние не бегаме од македонија туку ние освојуваме други континенти и се прошируваме дури до таму! не знам за вас ама мене тесно ми е во македонија ,сакам оушн сакам џунгла ;)))