Леќата и грашокот ги правам во глобала исто. Леќа или грав киснам во вода цела ноќ, па наредниот ден ги правам, а грашокот прво го подварувам (без киснење). После динстам малку кромид со вода и маслиново масло, додавам малку лукче и морков на тркалца, па грашокот. Зачинувам со малку сол (веќе користам вегета за малиот), го додавам сечканото варено месо и шолја вода, па оставам да зоврие. Откако ќе се свари убаво, додавам уште малку вода, разматувам малку брашно (помалку од лажичка) со ладна вода и го додавам во грашокот постојано мешајќи - оставам да изврие убаво и да се згусне. Исто ги правам и леќата и гравот, само без месо. Инаку, ова е за бебиња над 8 месеци, со тоа што зеленчукот го пасираш пред да му го дадеш на малото. А над година веќе не пасирам.
Еве уште еден супер брз рецепт, одличен и лесен и за мали бебиња, деца, но и за возрасни.
Се рендаат зелени тиквички, се посолуваат малку и се оставаат да се исцедат убаво. Се додава рендан лук, кромид (на најситно), морковче, сечкан магдонос, јајце и брашно (може и интегрално). Се меша убаво (смесата да е како за ќофтиња, малку поретка), се зачинува по желба, се става во подмачкан огноотпорен сад и се пече. Пред крајот одозгора се ренда сирење или кашкавал и се допекува. Оди со кисело млеко или јогурт, но и како прилог за месни јадења.
_____________________________
All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.