за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Decki aj ve molam neka mi kaze nekoj kako da spremam brokula i so sto moze da se kombinira, imame 6 ipol meseci za nas samo vo supa ja jademe taka da ne znam kako da ja spremam za , a i mlada tikva zemam i za nea da mi kazete. Fala vi odnapred!
12.06.2012, 11:52
AnnaMolly RR
6409
Еве јас ИСКЛУЧИВО вака му спремам брокула, на друг начин не ја јаде. Варам компир, кромид, лук и морков. Кога ќе се сварат ја додавам брокулата (само цветовите) во водата да се повари едно 4-5 минути максимум. Потоа се пасирам и додавам путер и сирење и Филип се дави во ова. Овој ручек си го викаме „витаминска бомба“. Брокулата ја јаде само во оваа комбинација и тоа само со сирење, ако нема сирење ништо од јадењето. Изгледа така му се неутрализира вкусот на брокулата, а исто така и лукот го неутрализира нејзиниот вкус.
Види ти адаптирај си го рецептов според тоа што јаде твоето бебуле. Пријатен апетит!
_____________________________
Live and let live
12.06.2012, 11:53
Andriance
2140
ИЗВОРНА ПОРАКА: Darky
Decki aj ve molam neka mi kaze nekoj kako da spremam brokula i so sto moze da se kombinira, imame 6 ipol meseci za nas samo vo supa ja jademe taka da ne znam kako da ja spremam za , a i mlada tikva zemam i za nea da mi kazete. Fala vi odnapred!
Nisto porazlicno od drugite zelencuci...brokulata ja obicno ja kombiniram so kompirce, a i tikvicata e mnogu ubava...brokulata izmij ja, tikvicata izlupija, isecija na kockicki..mozes prvo kompirot da go stavis zasto nego mu treba malku povekje vreme za varenje dodeka na btrokulata i tikvicata mnogu malku...
_____________________________
Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!
12.06.2012, 11:54
AnnaMolly RR
6409
Младата тиквичка јас му ја правев исто така со морков, кромид и лук и ставав најчесто јунешко месо (ако сте вовеле месо). Ако не, свари ја во комбинација со зеленчуци што веќе сте ги пробале, нема да згрешиш каква и комбинација да одбереш. Само нека не бидат повеќе од 3-4 намирници на едно јадење.
Можеш да приметиш дека лук ставам во секоја манџа Детево ми се дави во лук и цела зима не е разболен.
_____________________________
Live and let live
12.06.2012, 12:48
jana81
450
Annamoliy a od koga pocna da mu stavas luk vo kasickite, jas pocnav kromid da stavam od 9 meseci ama luk uste ne sum dala ako moze da mu stavam i lukce
12.06.2012, 12:50
Darky
134
Ve sakam rr, mnogu ste brzi, eto go spie, jas ke mu gi staam da se varat uste od sega za rucek da bidat gotovi. Meso uste ne sme vovele vo ishranata, kompir i morkov da, taka da so toa ke mu praam. Vi blagodaram mnoguu
12.06.2012, 12:54
AnnaMolly RR
6409
Лук уште од 6 месеци мислам дека му давав. Нема ништо штетно во лукот, одличен е за имунитет, а и дава вкус на зеленчукот. Ретко во нешто да не му ставам лук. Слободно давај.
_____________________________
Live and let live
12.06.2012, 14:08
jana81
450
fala ti AnnaMolly za odgovorot, leleee a jas pak mislev da ne e tezok lukot i planirav posle godina da mu stavam. E gotovo ke pocnam i lukce vo ruceceto da mu stavam taman povkusno ke bide
21.06.2012, 20:53
Darky
134
Eve eden recept za 6 mesecno bebe! Vo voda od bataci zovriena se stava malce kromid i eden morkov. Potoa se dodava puter i dve lazicki oriz. Se varat 10 do 15 min. Odkako ke se potrosi vodata, i ke oekne orizot se dodavaat 2 lazicki kiselo mleko, i sve ova se blendira. Dobar apetit! :-)
22.06.2012, 10:07
dubi_du
82
Eve i od mene eden recept za 9-10 mesecno bebe:se varat dve kopancinja i mevceto se sitni so raka ili se secka.Vo drugo tendzere se stava malku maslinovo maslo so malku kromidce da se isprzi pa se dodava oriz i malku vegeta.Otkako ke se proprzi se dodava mevceto i vodickata vo koja se varea kopanite.Voda ne se stava mnogu za da jadenjeto otkako ke se svari orizot ne bide mnogu tecno.Potoa se blendira ili se gmeci so viluska vo zavisnost kako jade vaseto bebe.Mnogu e vkusno mojot sin maf go pravese a bogami i mama do dojaduvase ostanatoto
25.06.2012, 21:35
Pepelaska *
3820
Мамички , дајте некоја идеја за телешко месо како да го спремам освен варено? ?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
26.06.2012, 10:07
AnnaMolly RR
6409
Еве еден од поомилените рецепти на Филип.
Месото прво свари го убаво да омекне. Исечкај на коцки компир, морков и кромид. Стави го зеленчукот во тавa, стави малку вода и зејтин, вегета и пола лажичка црвен пипер. Врз зеленчукот стави го месото и покриј ја тавата со фолија. Стави ја во рерна да се пече. Многу е вкусно, Филип се дави во ова. Ама црвениот пипер е задолжителен, му дава многу убав вкус на зеленчукот
Може да се прави со секакво месо, свинско, пилешко, телешко...
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 26.6.2012 10:08:57 >
_____________________________
Live and let live
26.06.2012, 20:56
Ikana
3780
Само едно прашање за брокулата, односно 2...со каква вода ја варите, дали обична од чешма или таа за бебето, и дали смеам замрзната брокула и карфиол да дадам? Фала!
26.06.2012, 22:35
kikicka
4218
Леле Иканаа,ти ептен се форсираш,уште да земеш да ја превариш купената па после вари во неа брокула Напрај го отпорно малку мимче пимче.Инаку ДА смееш замрзнат зелечук, и, ДА смееш со вода од чешма.Не е ништо страшно тоа,премногу ја заштитуваш,знам дека е прематурче ама ке ја омекнеш.
Можеш да инаправиш,брокула,морков и карфиол со путерче и ронка сол или вагета.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
26.06.2012, 22:57
Ikana
3780
Хахаха знам, ама ете учам и јас полека....Инаку тоа ми беше идејата, има еден беби микс замрзнат од брокула, карфиол и морков и сакав таква каша да и спремам....само да проба одделно брокула и карфиол, па после...Фала Кикичке!!!
26.06.2012, 23:07
kikicka
4218
Ништоо Иканкее ,инаку и јас од тој микс и правев,или секогаш кога ставав брокула ,ставав и карфиол.Исто можеш и компирда ставиш со миксот.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
03.07.2012, 14:09
Fiao
771
Sto uste da stavam vo kasicka kompir i tikva? za rucek mi e, dajte nekoj sovet?
03.07.2012, 14:12
Fiao
771
vodata od cesma koga ke prevrie (a posto ke ja varis brokulata - ke prevrie ) e isto bezbedna kako onaa flasiranata I ti se molam Ikana zamrznati zelencuci na bebe ne! Prvo odmrzni gi mala sala
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana
Само едно прашање за брокулата, односно 2...со каква вода ја варите, дали обична од чешма или таа за бебето, и дали смеам замрзната брокула и карфиол да дадам? Фала!
03.07.2012, 14:15
Ikana
3780
Сите ме зафркаваат ова не е фер Јас мислам од срам ќе станам тата мата за кашички...имам рачен блендер и само мутам нешто по дома и мајка ми дегустира, и ако не е добро фрлам хахахах!
03.07.2012, 14:18
Natuska85
3613
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao
Sto uste da stavam vo kasicka kompir i tikva? za rucek mi e, dajte nekoj sovet?
морковче
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
06.07.2012, 15:18
Fiao
771
Eve sto krkavme denes so gooolemo zadovolstvo izedovme se vo eden zalak!
1 kompirce (pomalecko) 2 morkovcinja (mladi i tenkicki) 1 malo grance brokula 1/3 od mala tikvica 1/2 cesne lukce 1/2 kromidce (staro i mnogu malecko)
Seto toa svareno i izblendirano so 1 kafena lazicka maslinovo.
06.07.2012, 15:38
AnnaMolly RR
6409
Еве еден рецепт за едно од поомилените јадења на Филип.
Се варат макарони какви било. Откако ќе се сварат се тргаат на страна, се цедат. Во посебно помало тенџерче се пропржува половина чешне ситно рендано лукче, се става 100 мл томатело (јас користам италијано, со босилок, поубав вкус има) и една зденка. Сето тоа убаво да си проврие додека не се стопи зденката. Потоа во истото тенџере се додаваат макароните, па се остава уште 2-3 минути на оган со постојано мешање. Мераци!
_____________________________
Live and let live
06.07.2012, 16:15
ivoni4ka
903
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Еве еден рецепт за едно од поомилените јадења на Филип.
Се варат макарони какви било. Откако ќе се сварат се тргаат на страна, се цедат. Во посебно помало тенџерче се пропржува половина чешне ситно рендано лукче, се става 100 мл томатело (јас користам италијано, со босилок, поубав вкус има) и една зденка. Сето тоа убаво да си проврие додека не се стопи зденката. Потоа во истото тенџере се додаваат макароните, па се остава уште 2-3 минути на оган со постојано мешање. Мераци!
hhehhe srko abe ova vkusno mi izgleda i za nas moze za rucek kisceeeeeeee
_____________________________
07.07.2012, 11:03
*Elena*
542
Mamicki kako go podgotvuvate meleniot oriz? Dali e isto kako obicen, casa oriz se vari obicno so tri casi voda...
07.07.2012, 11:13
miana
6152
Mamicki ajde pisete kako da podgotvam spanak za 6 ipol mesecno bebe????