за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Mamicki moze da mi kazete kako pripremate tarana za bebushkite,koj soodnov voda testenini i sto sto ja kombinirate tnx, sakam utre da mi pravam za dorucek pa da ne kesperimentiram.pozz
03.11.2012, 22:03
elenak
2004
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR
Здрав бебе чоко-пудинг / Бебе после 10 месеци
Бидејќи се изначитав еден куп гадости за готовите пудинзи, решив да најдам рецепт за здрав, а многу вкусен пудинг и рецептот го адаптирав за бебе.
- 1 банана - 1 лажица какао - пола лажица мед - 100 мл вода (додавајте по потреба, внимавајте да не стане премногу ретко) - 2-3 ливчиња од свежо нане (колку за вкус на минт)
Ставете се во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Потоа пудингот ставете го во фрижидер, да отстои некое време колку да згусне. Во овој рецепт можете да уживате и Вие и Вашето бебе
Фиао овие твои чудни рецепти секогаш излегуваат вкусни, ова дефинитивно мора да се проба. Како сум го пропуштила, дури сега го видов А баш завчера кога и правев грав се мислев дали да и ставам свежо нане и се откажав, мислев да не и мириса јако. Инаку и ние не сме пробале мед, ваљда може да го заменам со малку кафеав шеќер?
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
03.11.2012, 23:01
Natuska85
3613
Еве еден рецепт од мене .Неколку китки карфиол малку обарени. Секоја китка посебно се м'цка во матено јајце па во презла.Сите заедно се редат во тавичка претходно премачкана со маклу зејтин.Сето ова се става во рерна и се пече некои 20тина минути.Вкусно и за и за мама .
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
04.11.2012, 11:10
elenak
2004
Испробан рецептот за чоко-пудингот на Фиао. Превкусно е Имаме здрава и вкусна ужинка за денес.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
05.11.2012, 10:45
Fiao
771
Некаде читав дека нането во поголеми количини не е баш препорачливо за бебешки, така да тоа онака ставајте го само колку да добие вкус, не претерувајте со него. Многу ми е мило што ве бендиса пудингот , слободно може и без мед, малку повеќе банана не е страшно, но шеќер јас не би додала никако... или веднаш ќе треба да го извадиме од „здрав“ оброк
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR
Здрав бебе чоко-пудинг / Бебе после 10 месеци
Бидејќи се изначитав еден куп гадости за готовите пудинзи, решив да најдам рецепт за здрав, а многу вкусен пудинг и рецептот го адаптирав за бебе.
- 1 банана - 1 лажица какао - пола лажица мед - 100 мл вода (додавајте по потреба, внимавајте да не стане премногу ретко) - 2-3 ливчиња од свежо нане (колку за вкус на минт)
Ставете се во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Потоа пудингот ставете го во фрижидер, да отстои некое време колку да згусне. Во овој рецепт можете да уживате и Вие и Вашето бебе
Фиао овие твои чудни рецепти секогаш излегуваат вкусни, ова дефинитивно мора да се проба. Како сум го пропуштила, дури сега го видов А баш завчера кога и правев грав се мислев дали да и ставам свежо нане и се откажав, мислев да не и мириса јако. Инаку и ние не сме пробале мед, ваљда може да го заменам со малку кафеав шеќер?
< Поракaта ја уредил Fiao RR -- 5.11.2012 10:48:39 >
05.11.2012, 10:59
Fiao
771
Најдобриот зелен смуди до сега!
- 25-30 зрна од розево грозје (не знам како се викаше сортата, но знам дека е без семки, има розе боја, превкусно е и гроздовите се многу густо исполнети, нема простор меѓу зрната) - 3-4 гранчиња магдонос (се разбира дршката ја фрлате, се користат само листовите) - 1 банана - 1 жолто, благо јаболко - 1 китка спанаќ = 10 средна големина листови - вода по потреба - 1 голема лажица мелена плазма
Зрната од грозјето се сечат на половина и се чистат од семки, нема потреба да ги лупите. Магдоносот убаво одвоен од дршките, се користат само листовите, бидејќи од дршките може да боли меше. Јаболкото убаво го мијам и го лупам поради тоа што пазарските јаболки се прскани, еден период кога имав домашни непрскани ги ставав со се лушпата. Спанаќот исто така убаво измиен, јас ги користам само листовите. Вода по потреба за да може убаво да врти блендерот и доколку ви искочи потечно, слободно ставете повеќе плазма, ќе го згусне. Се заедно се блендира и се крка! *Од оваа доза има и за бебе и за мама , соодносот е тој на мерките, ако сакате само за бебе, направете половина од ова.
Превкусно! Добар апетит за бебешките и за мама или тато
05.11.2012, 11:03
Kockicka
302
thx Fiao na receptite go probavme i nie zelenoto smudi so spanaka kruska i banana maf go napravivme :) denes e na red pudingot :)
05.11.2012, 12:26
elenak
2004
Леле абе убаво си се израдував јас оти ми се погоди пудингот и мене лично ептен ми се бендиса, ама изгледа моево дете не сака банана Досега неколку пати имав пробано да и дадам и секогаш ми прави фаци како да и се повраќа ама мислев не е гладна. Ќе касне малку и нејќе после. Ама дефинитивно вчера кога пробав да и дадам од пудингот сфатив оти до бананата е. Во неколку комбинации истото ми го прави, значи не ја сака никако. Пудингот си го изеде тато а мене ми беше толку мака Ќе мора за нас некои рецепти без банана Инаку јас го правев со мед и полека ќе почнеме да си јадеме, немаше реакција од тоа што го изеде (сепак проба 3-4 лажички).
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
05.11.2012, 12:39
Fiao
771
Само што ми кажа мајка ми сортата на грозјето е дренок. Инаку во дренокот има семки максимум до 3 во зрно, а од него има и друга некоја варијанта хамбург ли се викаше незнам, тоа е исто на вкус и изглед ама во него нема семки. Кое и да го ставите нема да згрешите
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR
Најдобриот зелен смуди до сега!
- 25-30 зрна од розево грозје (не знам како се викаше сортата, но знам дека е без семки, има розе боја, превкусно е и гроздовите се многу густо исполнети, нема простор меѓу зрната) - 3-4 гранчиња магдонос (се разбира дршката ја фрлате, се користат само листовите) - 1 банана - 1 жолто, благо јаболко - 1 китка спанаќ = 10 средна големина листови - вода по потреба - 1 голема лажица мелена плазма
Зрната од грозјето се сечат на половина и се чистат од семки, нема потреба да ги лупите. Магдоносот убаво одвоен од дршките, се користат само листовите, бидејќи од дршките може да боли меше. Јаболкото убаво го мијам и го лупам поради тоа што пазарските јаболки се прскани, еден период кога имав домашни непрскани ги ставав со се лушпата. Спанаќот исто така убаво измиен, јас ги користам само листовите. Вода по потреба за да може убаво да врти блендерот и доколку ви искочи потечно, слободно ставете повеќе плазма, ќе го згусне. Се заедно се блендира и се крка! *Од оваа доза има и за бебе и за мама , соодносот е тој на мерките, ако сакате само за бебе, направете половина од ова.
Превкусно! Добар апетит за бебешките и за мама или тато
05.11.2012, 12:51
Fiao
771
elenak малку е тешко овие зелените смуди кои се многу здрави да се изведат без банана, бидејќи вкусот им е многу јак и мирисот на зелените листови, а бананата тоа го ублажува... Не би знаела што да те советувам, јас стално ги правам со банана... Ај може ќе смислам нешто
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak
Леле абе убаво си се израдував јас оти ми се погоди пудингот и мене лично ептен ми се бендиса, ама изгледа моево дете не сака банана Досега неколку пати имав пробано да и дадам и секогаш ми прави фаци како да и се повраќа ама мислев не е гладна. Ќе касне малку и нејќе после. Ама дефинитивно вчера кога пробав да и дадам од пудингот сфатив оти до бананата е. Во неколку комбинации истото ми го прави, значи не ја сака никако. Пудингот си го изеде тато а мене ми беше толку мака Ќе мора за нас некои рецепти без банана Инаку јас го правев со мед и полека ќе почнеме да си јадеме, немаше реакција од тоа што го изеде (сепак проба 3-4 лажички).
05.11.2012, 13:30
elenak
2004
Епа ние смуди го папаме со јаболко и кајсија. Имам смрзнати кајсии наши домашни па така комбинираме. Ај сега и од мене еден рецепт што тукушто го изручкавме: две кајсии пола јаболко сок од една мандарина 1-2 зрна аронија пола лажичка ленено семе пола лажичка мед Сето ова откако ќе се изблендира може да се комбинира со било какви житарки (корнфлекс, овесни, оризови снегулки) а ние го јадевме со плазма оти малку ни се киселки мандарините
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
05.11.2012, 13:33
anaana
1126
od kolku meseci moze ova da se dava? nie za edna nedela ke pravime 8
Бататот заедно со морковот и лукчето ги ставив на пареа 15 мин. Потоа ги ставив во блендер и додадов свеж лист блитва. Сето тоа исмиксирано го искркавме за час!
05.11.2012, 20:00
Ikana
3780
Ајде и јас еден рецепт да споделам
- 200 мл кравјо млеко - 2 рамни лажици гриз (се вари млекото и го додавате гризот и мешате на тивок оган додека не згусне) - 1 банана - половина зелено јаболко (излупено) - многу малку ванилин шеќер (со прстите земете малку од ќесичката и додадете го на гризот) Се ова во блендер, оладете го малку и спремно за кркање.
05.11.2012, 20:13
amateuress
253
одамна не сум ја отворила темава, а тука прекрасни рецепти да ти имало
нешто како овошен јогурт доаѓа, ама заради бисквитите ептен е добро, јас кога му правев на малиот и братучетка ми беше тука и проба - многу вкусно и се виде, па и направив, па и на мм му се бендиса и така сите по дома, и домашни и гости, си јадат бебешка храна (јас сум комуналец, метам тоа што ќе остане )
06.11.2012, 08:16
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: @Mila@
Mamicki moze da mi kazete kako pripremate tarana za bebushkite,koj soodnov voda testenini i sto sto ja kombinirate tnx, sakam utre da mi pravam za dorucek pa da ne kesperimentiram.pozz
Јас ја варам 1:3 значи колку што ставам тарана, со истото ( филџан или тањирче) ставам 3 такви вода, малку сол , и масло. Можеш со сирење. Ние пошто не јадеме сирење му ставам зденка или абц, а некогаш и рендано јајце ( заради камуфлажа да го изеде) тарана ни е омилено јадење.
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 6.11.2012 8:19:45 >
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Бататот заедно со морковот и лукчето ги ставив на пареа 15 мин. Потоа ги ставив во блендер и додадов свеж лист блитва. Сето тоа исмиксирано го искркавме за час!
Бататот е премногу здрав ептен.....испробано во се.....и зелениот и портокаловиот......многу често и правам ручече со него а рецептов е испробан
07.11.2012, 22:18
SkCura77
430
Тавче со мешан зеленчук (за над 1 год)
1/2 модар патлиџан, 1/2 тиквичка корен и лист од целер, 1 пашканат 2 моркова, 2 помали компира 1/4 страк праз исечкан на тркалца
Тавчето се премачкува со путер. Се става претходно излупениот и исечкан на коцки зеленчук. Се долева вода, се ставаат зачини по вкус и се пече 45 мин. Се сервира топло, со малку павлака или кисело млеко. Може да се додаде и варено/ печено пилешко, телешко или мисиркино месо. Син ми ова го обожава... Наздравје нека ви е!
08.11.2012, 18:42
Fiao
771
Интегрален ориз со свежа блитва
Еве еден многу интересен рецепт кои искочи случајно, комбинирајќи ги состојките кои ми беа останати во фрижидерот.
Интегралниот ориз и лукчето се варат, да стане како каша (може лукчето да се вари настрана или да се изренда во оризот). Ова заедно со 1 варена жолчка се става во блендер, се наросува малку сол и 1 лажичка маслиново масло и се блендира. Откако малку ќе се излади се додаваат и листовите исчистени од рачките (свежи) во блендерот и повторно се блендира. Откако сето ова ќе се помеша додавате лажица кисело млеко кое му дава одличен шмек. Ангелина ова го јадеше денес и се направи тупан! Мислам дека изеде тањир од кој најверојатно и јас ќе се најадев
< Поракaта ја уредил Fiao RR -- 8.11.2012 18:43:03 >
09.11.2012, 22:32
elenak
2004
Денес малку експериментирав. Сварив какао со млекце (1 лажичка какао и околу 150-160 мл млеко) без шеќер. Во тоа ставив мелена плазма (отприлика колку да згусне). Кога се олади бидејќи имаше грутчиња го изблендирав заедно со пола јаболко. Резултатот беше чоколаден пудинг со вкус на јаболко, ммммм Признавам дека лапнав 2-3 лажички, не му одолеав Ама и на госпожата и се допадна, па така ние ќе си јадеме домашен пудинг со отсуство на банана Планирам да и направам и со други овошја, мислам дека со вишни би било исто така вкусно.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
10.11.2012, 17:18
Kockicka
302
Mamicki dajte nekoj predlog za vecera so zolcka od jajce ?Na pocetokot go jadevme so kisleo mlekce no mi rekoa deka se namaluva kolicestvotot na zelezo pa prodolzive vo zelencukovi ili ovosni kasi ,no nekako denes ovosje imame jadeno mnogu a za zelencuk mi e kasno za vecera
10.11.2012, 17:59
AnnaMolly RR
6409
Гриз со жолчка. Свари си го нормално гризот. Откако ќе биде готов додај една жива нематена жолчка, убаво измешај и врати на рингла една минутка, додека не почне да ти прска гризот. Ова беше едно од омилените јадења на син ми кога беше помал.
_____________________________
Live and let live
10.11.2012, 18:06
Maca25
7558
Палента со жолчка банана со жолчка
јас вака и давав на ќерка ми.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
12.11.2012, 01:39
Bilence2
727
Pire, kompir, mleko i zolcka se svareno.
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
21.11.2012, 13:46
janamic
8
Mamicki moze da mi kazete nekoi recepti...bebushot ima 5ipol meseci