cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Беби рецепти

  
clock-img

30.11.2014, 20:19

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Чорба од карфиол (8+)
Се вари околу 100гр карфиол во пола литар вода, се пасира и се враќа во водата во која се варел. Се додава половина лажичка путер. Една жолчка се мати со две лажици кисело млеко и се додава во водата со постојано мешање. Се остава убаво да изврие барем 5 минути. Може да се додаде малку магдонос. Убава е со лепче, мх, мх...

clock-img

12.12.2014, 13:44

clock-img

sonc90

pencil-img

267

zenski ako znae nekoja od vas dajte nekoj recept za zajacko meso...i vo megjuvreme da prasam od zajakot se dava samo beloto meso t.e. grbot ili moze i od drug del na teloto?

clock-img

25.12.2014, 21:11

clock-img

sonc90

pencil-img

267

gledam nikoj ne vrakja na prviot post pa odma se prefrlam na drug post user posted image
kazete mi kako da ja nateram kerka mi da jade zelencukova kasa?do sega samo kompir i morkov imame probano od zelencuk i lugje znaci se molime da otvori usta...baska sto ne jade ni 60 gr od kasickata...sto da i turam vnatre da ja jade zelencukovata kasa?smeam li da i stavam zejtin,margarin..? inace imame 5 i pol (skoro 6) meseci...

clock-img

25.12.2014, 21:17

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ова за зајачко месо не знам како се подготвува, а и на бебе мислам не се дава диво месо (бидејќи овде е поставено прашањето сфатив дека ќе го давате на бебе).

Што се однесува до зеленчукот тоа е до 6 месеци. После може да се додаде путер или крем сир, АБЦ намаз на пример јас ставав.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

25.12.2014, 21:33

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Sonc90 па нормално е тоа на почетокот, допрва почнувате. Не очекувај да ти јаде цели оброци. Башка и за неа е сето тоа ново, имај трпение. Ехеее колку ќе ти треба и за понатаму :)
Пробај следно морков со тиква, таа е така благичка, или уште поубаво со благ компир- багет, тоа е здраво и вкусно. Син ми не сакаше компир поради лепливоста, текстурата.

А за зајачко месо, јас никако не би дадела. Вие уште не пробавте зеленчуци, па зајачко месо.
Не знам, никогаш не јадев тоа и немам намера, ама веднаш ме асоцира на нешто тешко и жилаво.
Башка што е дивеч. Остави тоа за некое друго време. За бебе од месо само телешко за почеток, и тоа не право месо, туку за почеток со водичката во која се варило, со бујонот.

И никако маргарин. Може малку од путер или маслиново масло. Така јас му ставав на син ми.

< Поракaта ја уредил Bethany -- 25.12.2014 21:35:27 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

26.12.2014, 20:03

clock-img

sonc90

pencil-img

267

Ne mislev vednas za zajak tuku otkako ke pocneme so meso...i mislev na domasen a ne na div zajak zs dedo mi cuva i me prasuvase dali da kolel za kerka mi...i bas e ubav.mene bar mi e mn ubav i realno mesoto mu e lesno kako kokoskata.ne e tesko kako telesko,jagnesko ili svinsko...inace fala mn za sovetite zenski.ke vidime sega kaki ke gurame...jas ispaniciv za da ne e malce jadenjeto pa da ne treba da mu stavam mastraf nekoj...

clock-img

16.01.2015, 16:39

clock-img

Maja Peovski

pencil-img

27

Здраво мамички, ние сме 6 месеци кажете ни некои комбинации со палента и гриз?user posted image

clock-img

16.01.2015, 16:51

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

За палентата и гризот имаме и посебни теми:
1. Палента
2. Гриз
Јас гризот го комбинирав главно со овошје, а палентата со јогурт, жолчка од јајце (кога ќе почнете тоа) и со АБЦ крем сир.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

16.01.2015, 17:16

clock-img

Maja Peovski

pencil-img

27

благодарам, user posted image

clock-img

28.01.2015, 13:46

clock-img

Maja Peovski

pencil-img

27

Да напишеме и ние еден рецепт, што многу го сакаме!!
еден помал компир, еден морков и пола филџанче леќа, ги сецкам прво морковот и компирот и ги ставам да се варат некаде на крај ја додавам леќата и варам додека не омекне се. Откако омекне го тргам настрана и му додавам малку сол и две три капки ладно цедено маслиново масло. Сето го блендирам и чекаме да се излади и ручкамее user posted image Инаку имаме 6 ипол месеци и почнав се да му давам само свинско и грав ќе почнам после 8 месец

еве уште една ми текна со пилешко
едно парче колку прст дебело пилешко месо, еден морков и пола филџанче ориз. Го ставам морковот и пилешкото сецкани на ситно да се варат на крај го додавам оризот и исто како и претходната блендирам и му додавам малку ептен сол и две капки маслиново масло или путер..


А исто најмногу ја јадеме кашичката од јаболко и мелени бисквити, ставам едно јаболко сецкано и лупено да се вари, откако омекне го блендирам и му додавам мелени плазма бисквити и да ви кажам ја обожава!

ако ми текне уште некоја ви пишам user posted image

< Поракaта ја уредил Maja Peovski -- 28.1.2015 13:47:43 >

clock-img

04.02.2015, 09:03

clock-img

June

pencil-img

10

Мајки, благиот компир - батат со што го давате во комбинација?

_____________________________

"In the end, it's not going to matter how many breaths you took, but how many moments took your breath away "

clock-img

04.02.2015, 19:05

clock-img

lale

pencil-img

132

od koja vozraz vovedovte riba oslic, losos vo ishranata na vaseto dete.Pozdravce!

clock-img

04.02.2015, 21:04

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924


ИЗВОРНА ПОРАКА: lale

od koja vozraz vovedovte riba oslic, losos vo ishranata na vaseto dete.Pozdravce!


лале, за риба - воведување, начин на подготовка има дискутирано ТУКА

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

04.02.2015, 23:48

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481


ИЗВОРНА ПОРАКА: June

Мајки, благиот компир - батат со што го давате во комбинација?


Јас го давам со морков или тиква така ми го сака бебе а можеш и во зеленчукова каша со мевце ако веќе сте пробале повеќе вкусови

clock-img

09.02.2015, 21:18

clock-img

teletabisi

pencil-img

9

Zdravo mamicki.sakav da ve prasam za brokulta kako im ja spremate na vasite decinja ako moze nekoj recept da mi kazete

clock-img

09.02.2015, 22:31

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

бρоκула можеш да ставиш во супа или заедно со дρуг зеленчуκ да ја изблендиρаш со павлаκа, обаρи ја κρатκо 5 мин во зовρиена вода, зашто аκо ја дρжиш подолго ги губи витамините. Не знам κолκаво ти е детето и што се имате пρобано за да можам да ти κажам ρецепт, ама κаκо што ти ρеκов помешај со тоа што веќе имате пρобано до сега

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

09.02.2015, 23:25

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Јас брокула давам со се најчесто сварена па измешана со павлака,сварена со ориз,во супа со морков целер пашканат и компир,како каша со месо и друг зеленчук и на секој друг начин што во моментот на приготвување би ми текнал.Ако даваш првпат пробај само брокула па смешај со нешто веќе пробано и какошто спомна Snow немој многу да ја вариш ако ја вариш со месо или друг зеленчук додај ја на крај кога веке ќе биде готово да поврие само малку.Поздрав и добредојде на рр

clock-img

14.02.2015, 09:18

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Постовите од teletabisi и lukajana се префрлени во темата Прва нова храна - ТУКА

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

30.03.2015, 17:05

clock-img

hopeless

pencil-img

529

Супер тема. Ќе ја разгледам од почеток.
Еве еден рецепт од мене за дечиња кои веќе ја џвакаат храната.
Мафини
200 гр брашно
25 мл масло
150мл вода може и млеко
Малце пециво
Спанаќ по желба.
Се меша и се става во калапи за мафини.
Се пече 20мин, на 180степени

Ќерка ми ги обожава


< Поракaта ја уредил hopeless -- 30.3.2015 17:07:58 >

clock-img

30.03.2015, 19:30

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924


ИЗВОРНА ПОРАКА: KaterinaM

Драги мамички што се може да се дава на бебуш од 6.5 месеци, освен овошје (банана, крушка, јаболка, кајсија, слива) и зеленчук (брокула, морков, компир, спањак, ориз)?


КатеринаМ, одговори на твоето прашање може да најдеш ТУКА

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

04.04.2015, 19:53

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Прашањето на mamicka_26, одговорите и насоките се префрлени во темата Прва нова храна на бебето.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

16.07.2015, 01:29

clock-img

marchi

pencil-img

948

Ova nas mnogu ke ni se najde zasto ako sme golemi treba odnovo da pocneme da se ucime da jademe

clock-img

21.11.2015, 00:03

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

receptot na vesna so tarana jas mu pravev isto samo namesto puter dodavav maslinovo maslo i tuka mu vmetnuvav zolcka i beshe eptemn kremast i socen obrok

tarana bolonjeze mnogu saka moeto
varam edna do dve lajci tarana vo poslena voda
nastrana domasen sok od domati stavam da zovrie dodavam na vrv na noz kafeav seker, malku sol i malku cejlonski cimet pola lukce samo ke go pritisnam so noz i go stavam celo vo sosot kolku da pusti miris necela min i go vadam dodavam prethodno sitno seckano i vareno teleshko mevce malku da provrijat do sakana gustina . se mesaat taranata i sosot i bebe epten mi go saka obrokov

tikvarnik za bebe/dete
tikva pecena/varena ja pasiram so viluska dodavam zolcka i malku mleko (kravjo koga ke zapocnite da davate togas spremete go ova ne se pravi so ad) zavisi od gustinata ako e varena tikvata i ima poveke vlaga dodavam 1 lazice malo griz zacini po vkus najcesto samo vanila mn malku a sum probala i plus cejlonski cimet vo dvata slucaevi e vkusno * sum pravela od dosta blagi tikvi ne sum dodavala seker ako se pogodi tikvata da ne e blaga moze da se dodade i kafeav seker ili na kraj otkako e pecena da se prelie so malku med 12+

sega skoro imav dva uspeshni recepti so domasni kori/jufki
gi varam koga se gotovi cedam i mu dodavam malku puterce i gi vrakam na isklucena ringla
-prviot pat dodadov obarena brokula vo testeninata zaedno so puterot da se soedini i pred serviranje dodadov grcki jogurt
-vtoriot pat go pravev so obaren spanak e ova bese pred nekoj den i dietalno ni e dozvolen samo jogurt so max 1% mm pa takov dodadov beshe po tecno ama na vkus super
*brokulata i spanakot gi obaruvam vo solena voda

nekako se inspirirav od receptot na vesna pa se iznapisav za testenini user posted image moram da se isklucam pak ke navratam na temava user posted image

< Поракaта ја уредил MamaKiki -- 21.11.2015 0:05:10 >

clock-img

30.11.2015, 13:09

clock-img

alana

pencil-img

5


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

gledam nikoj ne vrakja na prviot post pa odma se prefrlam na drug post user posted image
kazete mi kako da ja nateram kerka mi da jade zelencukova kasa?do sega samo kompir i morkov imame probano od zelencuk i lugje znaci se molime da otvori usta...baska sto ne jade ni 60 gr od kasickata...sto da i turam vnatre da ja jade zelencukovata kasa?smeam li da i stavam zejtin,margarin..? inace imame 5 i pol (skoro 6) meseci...


sonc90 и ние не сакаме зеленчук user posted image
Имаме скоро 7 месеци и маки мачиме. Некогаш и го мешам со овошје, ама тоа не е тоа...сакам да си го прифати природниот вкус вака само се лажиме. 2/3 од тегличка јадиме едвај со молење. Па и тиква многу не сакаме. А за овошје широко отвараме уста. Пробав малку сол да и ставам и пак исто...Ќе пробувам дури не си прифати или пак дури не најдам некоја комбинација што ја сака.

clock-img

30.11.2015, 14:17

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

za sol vi e rano bebinjata ne sakaat dopolnitelno sol oti sekoja hrana za niv e silna na vkus neli prv pat probuvaat..
mozi da probas so puter toj dava po prilaten vkus ili maslinovo maslo ladno cedeno nekolku kapki
moeto i sega na 14 polni meseci ne sekogas jade cela teglicka na hipp a super si napreduva..
ti odlucuvas sto ke jade a bebe kolku ke jade user posted image
probvaj so zelencuk so ima neutralen vkus i ne mesaj po mn vidovi 2-3 vidovi ti se dovolni.. mozes da koristis i zacin priroden ako sakas ima sega mladi kromitcinja pa malku od percata i malku od beliot del ke dadat vkus i miris..
jas skoro stalno sravav malku mlado kromitce (si zamrznav iscisteni i seuste imam od proleta ) , malku morkovce da recam 2-3 krukcinja, edno malo parce pashkanat e probvav i so maldo lukce ama nekako ne mi saka luk detevo.. posebno koga pocnavme so meso vaka go varev i pri kraj dodavav prpimer kompir blitva ubavo otkako ke se svarea blendirav bez paskanatot i bez kromidot a ne sekogas go dodavav i celoto morkovce koe se varelo so vodata kade se varelo si dodadvav za da imam gustina kako sto sakav i na kraj ili puterce ili maslinovo ladno cedeno..
ako gotvis primer jadenje so koe moze da se koristi kiseo mleko dodavaj po malo lazice dava po svez vkus...
ako veke neki ni kompir probaj da svaris 50:50 kompir i batat portokalov ke bide slatko kako oshno ama ne e tolku socno kako ovoshjeto i polesno mozi ke prifati poinakva konzistencija na hrana...

tikvicka moeto mn sakase ja varev na parea i stavav malku mlado lukce posle ja blendirav samo tikvickata i dodavav ili krem sirenje abc ili kiselo mleko plus maslonovo ova mu doagase kako krem supa idese po tecno i zatoa ja jadese a ako beshe po gusta primer so plus kompir ne ja jadese :)



Последни статии

article-img