cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Беби рецепти

  
clock-img

20.07.2010, 14:02

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

еве неколку рецепти  - проверениuser posted image

плав патлиџан, 2 црвени патлиџани и 5-6 зелени пиперки. Ова го варам на пареа околу 30 минути. После варам гриз со вода (200 грама вода со две супени лажици гриз) и го додавам во зеленчукот. Зленчукот го мешам со гризот, малку блендирам и додавам многу малку сол, ладно цедено маслиново масло и 1 чешне лук. Моиве лани лето се деавеа во ова (имаа 10 месеци), а еве и оваа година го сакаат. Оваа количина ми е доволна за двете за два ручека (јас им готавм преку еден ден, денес правам - јадат пола, пола ставам во фрижидер и го јадат утре).

риба филет - панга смрзната од Калиманис (овие ми се најубави), 2 црвени патлиџани, 1 целер, 2-3 моркови, 1 тиквица, 4-5 пиперки, брокула. Се варам на пареа, на крај ставам магдонос и тој да се обари малку на пареа. Миксам се, додавам ладно цедено маслиново масло и малку сол. Цедам и лимон. Ова е најдобар начин да јадат риба зошто нема ни да забележат дека јадат риба!

Бисквити плазма со малку мед и млеко им додавам банана и малку несквик - супер вечера!

Мусли (било какви кои ги купувате дома) им додавам кајсии, праски или било кое друго сезносно овошје, малку вода и мед - се ова миксам и имаме супер вечера.

Во млекото кое го пијат и навечер и насабајле им ставам 2 мерици житна каша од Нестле (8 житари и мед) или од ХИП овес и јаболко житна каша. Ем ги држи како убав оброк, ем млекото е многу поубаво за пиење.

clock-img

03.08.2010, 13:24

clock-img

lukas

pencil-img

2148

daj pisete mi nekoja kasicka zelencukova domasna moeto e 5 meseci i mu nemam dadeno zelencuk seuste,samo morkov ama ne mi go jadi,pozz..

clock-img

03.08.2010, 20:26

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Го читам рецептов од Blue_blue и се мислам дали може пиперка и плав патлиџан да се дадат печени. Мене ми е повкусно печена пиперка отколку варена но дали може да ги давам на 7 и пол мес. бебеuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

04.08.2010, 13:00

clock-img

elle

pencil-img

613

Лукас,за почеток најдобро е зеленчукот само да се вари во вода и откако ќе се свари да се испасира и да се даде така на бебето, а за понатаму еве ги  рецептите што ти ги ветив
  ПИРЕ ОД МОРКОВ
Во тенџере ставите малку маргарин да се растопи, а потоа додадете ги исецканите моркови, добро измешајте, и прелијте ги со зеленчукова супа и оставете да се вари додека морковите не омекнат. Кога ќе омекнат, изгмечете ги со вилушка, додадете сосема малку млеко во кое сте размешале пола лажичка брашно, и со тоа поварете уште малку.
  ПИРЕ ОД МЛАДА ТИКВА
Измијте и излупете ги тиквичките,изрендајте ги, малку посолете ги и ставете ги во цедалка да се исцедат. Во тенџерче направете блага запршка на малку маслиново масло(или путер),кога брашното ќе пожолти додадете ги изренданите тиквички.Се малку попржите и додајте малку супа,измешајте и варете додека зеленчукот да омекне. Кога ќе се свари во пирето додајте лажичка кисела павлака и малку свежо сецкана мирудија.
   ПИРЕ ОД МЛАД КОМПИР
Измијте го и излупете компирот,и ставете го да се вари во солена вода(не сечете го).Кога компирот ќе омекне,исцедете ја водата.Испасирајте го компирот и додадете му малку путер и малку врело адаптирано млеко. Се добро измешајте.
   ПИРЕ ОД СПАНАЌ(или блитва)
Спанаќот добро измијте го и варете го во зовриена вода неколку минути. Исцедете го убаво и исецкајте го. На малку масло запржите лажичка пченкарно брашно,додајте го спанаќот измечајте и прелијте го со млеко. Посолете пожелба и додадете малку ситно исецкан лук и оставете де се вари на тивок оган додека да згусне. Одвреме на време мешајте.


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

clock-img

04.08.2010, 13:56

clock-img

Marina 777

pencil-img

3

Не ги видов сите рецепти, ама неколку што видов имаа путер, сол, запршки.... не мислите дека нема потреба од тие работи, цел живот ќе го јадат тоа децата....
Јас на ќерка ми, која има 11 месеци, уште и немам дадено ни сол, ни путер, секој зеленчук го обарувам и пасирам и супер си јаде, немаме проблеми.
На интернет прочитав ужасни работи за тоа што солта може да им направи на децата....така да моја забелешка е дека нема потреба од тие работи.
Поздрав

clock-img

04.08.2010, 22:25

clock-img

lukas

pencil-img

2148

fala elle ama nemozi vo blender da se stavi ,namesto da se pasira,i toa so vrelo adaptirano mleko (vrela voda so lazicka adaptirano taka),pozz mozi glupavo zvucam ama ete neznam..hahha..a toa za so solta mozi da se stavi ne mnogu ama kolku da ne mu e blantavo...a so ke go jadi i bez toa koga ke navikni ke jadi ,i jas ne sum za mnogu sol maslo takvi raboti ama ne sum pak ni za toa da mu e balntavo ke probam i jas prvo da mu dadam bez sol i bez puter pa ako ne mi go jadi ke probam inaku,a i uste nesto mi e strav da mu davam kompir mi velat deka strasno bilo poveke se zadavuvale hahaha i ovde mozi zvucam glupavo ne mi sudete ve molam i morkov ne mi jadi od ovie kasickite,i aj uste malku ke pocekam so zelencukovi i ke pocnam od 6 meseci da mu davam zosto sega zasega go dojam navecer samo koga ke se razbudi i preku den mu davam od sabajle kasicka od ovosje i sok preku den pie zosto ne saka voda se grozi,i adaptirano mleko,e sega nezz pri ova dali da mu vnesuvam zelencukovi sega,so mislite vie ringerajki...pozzzzzz/

clock-img

04.08.2010, 22:32

clock-img

elle

pencil-img

613

лукас зеленчукот ќе го свариш во вода( било морков, компир, тиква, спанаќ,брокула)прво еден по еден нема да ги мешаш а после можеш да комбинираш повеќе видови зеленчук зависи како ќе ги сака user posted image user posted image user posted image user posted image
откако ќе ги свариш ќе ги изблендираш или испасираш и така ќе почнете не очекувај веднаш да изеде цел компир по неколку лажички
Јас кога воведував зеленчук се измолзував и од моето млеко ставав во кашичките и така ги јадеше


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

clock-img

05.08.2010, 14:38

clock-img

emma1

pencil-img

161

aj ve molam za eden sovet. moeto since ima 4.5m, na poslednata kontrola bese malku poslabo naprednat vo kilaza pa dr mi rece da mu dodavam po malku adaptirano mleko, 2-4 pati dnevno posle doenje (inaku do sega bese na doenje samo). za zal tesko go prifaka adaptiranoto mleko, posle cicanje edvaj ispivase nekolku pati po 30ml, probav da skoknam doenje samoso mleko ama i toa tesko ide. bidejki pocnavme so kasicki jabolko i morkov mu stavam po malku od adaptiranoto mleko. nikade nemam sretnato kombinacija na jabolko so mlekce pa mi e strav da ne gresam. inaku taka kasickite mnogu gu saka ama bidejki e mal mu davam samo 1 dnevno.
sto mislite za ovaa kombinacija?

clock-img

11.08.2010, 23:48

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Јас мислам ако твоето синче ја сака таа комбинација, давај му. Ако не му е убаво нема да јаде, штом си јаде- значи убаво му еuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.08.2010, 23:52

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

emma1 и јас мислам дека нема ништо лошо во комбинацијата доколку твоето дете ја прифаќа. Всушност постојат и млечни кашички (јас од Хип сум давала) ориз и банана со адаптирано млеко. Има таква и со јаболко ми се чини.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

12.08.2010, 08:09

clock-img

emma1

pencil-img

161

epa super, mene i dr. veke mi kaza da mu stavam mlekce vo kasickite za da primi poveke mleko. vcera pocnavme i so kompir prvo jadese posle pocna nekako da se mrsti ke vidam denes kako ke bide, ne mu e dovolno blagicko izgleda

clock-img

31.08.2010, 19:22

clock-img

lukas

pencil-img

2148

luge kefoj sum,denes za prv pat sin mi trcase po zelencukovata kasicka kako po ovosnite so trcase poa da imase uste uste ke jadese,mu napraviv oriz varen so tikvicka mlada malku i malku jabolkce i morkovce ,pa da nzete kako trcase po nea,e sega drugo da ve prasam dali nekoj znaj:

kako se pravi gotov oriz ,kupiv nekni melen oriz i denes zapnav nezz da go napravam,i pak od obicniot mu svariv aj da go potrosam i ne kupvam poke,aj ve molam dali ima nekoj iskustvo neka mi kazi...pozz


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

clock-img

31.08.2010, 20:04

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Lukas, те интересира како да подготвиш мелен ориз или...???

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

31.08.2010, 20:17

clock-img

lukas

pencil-img

2148

da da...please kazi mi....melen oriz kako se prigotvuva...pozz

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

clock-img

31.08.2010, 20:25

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

па на самата опаковка пишува...зовриваш 200мл. вода и ставаш 2 лажички од мелениот ориз и мешаш 1-2 минути и се згуснува и се крева ко кафеuser posted image пишува да се прави со млеко, ама јас го подготвувам со вода...син ми го обожава, ама помешан со морковче или банана или тиквица, со било што, само така чист нејќе да го јаде...

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

31.08.2010, 21:39

clock-img

lukas

pencil-img

2148

ne be martins mom ne pisi i jas se otepav od gledanje ne pisi,od sonceva dolina e meleniot oriz,e fala super togas ke mu napravam utre,,pozz fala i jas so voda ke mu go pravam isto so pomesan zelencuk pozz pak i fala...

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

clock-img

01.09.2010, 01:06

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

па на самата опаковка пишува...зовриваш 200мл. вода и ставаш 2 лажички од мелениот ориз и мешаш 1-2 минути и се згуснува и се крева ко кафеuser posted image пишува да се прави со млеко, ама јас го подготвувам со вода...син ми го обожава, ама помешан со морковче или банана или тиквица, со било што, само така чист нејќе да го јаде...



Зарем во зовриена вода не ти се прават грутчиња? Јас прво го растворам во малку ладна вода, како пудинг кога правиме и после тоа го ставам во зовриена. А мене па некако како шубе ми е оти веднаш стасува за 2 мин, си мислам дека недоварен му го давам да го јадиuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

01.09.2010, 10:07

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Не ми се прават грутчиња оти ставам постепено малку по малку и мешам со лажиче постојаноuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

01.09.2010, 16:42

clock-img

elle

pencil-img

613

еве и јас да пишам за оризотuser posted image user posted image user posted image user posted image
јас го ставам оризот постепено пред да зоврие водата и убаво се меша ,значи ни во ладна ни во зовриена и го варам 7 мин. мислам дека пишува од 7-10 мин да се вари на кутијатаuser posted image


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

clock-img

03.09.2010, 23:01

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

И јас го варам 10тина минути, ама и погуст го правам. А така во 200мл, 2 лажички зар не е многу ретко за да се дава со лажичка?user posted image ?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

04.09.2010, 00:28

clock-img

lukas

pencil-img

2148

a kolku klavas ti felly?sakam da znam jas uste ednas ne mu probav da napravam...a treba da go potrosam ona paketce i ne zeam poke potezok e za pravenje ke pravam o nasiot domasniot...aj ako ne ti e maka kazi mi...pozzzzzzz

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

clock-img

04.09.2010, 12:59

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Па јас во 100 мл (отприлика) ставам 4 лажички, и го варам 10тина минути на потивко, и некогаш во варењето притурам вода. Па после го мешам со некое овошје. А и јас купив таков од Сончева Долина и пошто на опаковката не пишуваше како се припрема, јас прво со помалку ориз почнав да го спремам, ама беше многу течен, и сега вака го правам и си јаде.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

12.09.2010, 13:04

clock-img

*miki mami*

pencil-img

579

ОД кога има давате супа на бебињата?                                                                 Како ја подготвувате?
Ние имаме скоро 7месеци уште не сме јаделе супаuser posted image user posted image

clock-img

12.09.2010, 13:21

clock-img

mama26

pencil-img

3977

miki mami.bas deneska na mob zborev so moja drugarka i vo momentot i pravese supa.ja prasav kako?mi rece kupecka.a bebenceto e isto 6 mesecno.e sega jas mislam podobro e da mu napravis prirodno ti-ne kupecko.istoto i go rekov na drugarkata,me poslusauser posted image user posted image ...a i moevo so manji e od 6 meseci a i supi isto taka.no jas gi pravev.ne gotovi.pozzzz se nadevam pomognav

clock-img

12.09.2010, 13:22

clock-img

mama26

pencil-img

3977

kombinacii si pravis od kompir.morkov celerce,oriz...i vo blender ke mu dodades vodicka vo koe prethodno se varelo dali kompirot ili orizot

Последни статии

article-img