cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Средства за чистење

clock-img

11.03.2013, 19:12

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Не сум видела нешто вакво во дм. Јас чистам со емсал за паркет, ама не сум многу задоволна. Ќе проверам утре во дм.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

10.06.2013, 15:28

clock-img

katerinceb

pencil-img

42

емасал за пархет добар е еве таков веке долго време користам и го немам сменето

clock-img

10.06.2013, 15:48

clock-img

meU87

pencil-img

454

Јас малку како застаната во времето, но дефинитивно нема потобро нешто од вим. Ви текнува на белиот прашак user posted image
Е дали некој го има видено некаде низ продавниците или дефинитивно не се произведува веќе?

clock-img

10.06.2013, 16:01

clock-img

Calypso

pencil-img

1386

Јас одамна вимот не сум го видела, ама исто ти чисти и сода бикарбона на пример. Барем мене ми чисти.
Инаку, најдов едно средство во ДМ (ах со тој ДМ, не излегувам од него user posted image ) за бигор, фактички е оцет со мирис на јаболко, чисти супер, а не мириса јако како останатите хемикалии против бигор, само на оцет мириса. Мирисот се ветрее одма, не е тежок, и ми се погоди средствово ептен. А не беше ни 100ден., мислам дека е од литар пакувањето.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

clock-img

10.06.2013, 16:08

clock-img

meU87

pencil-img

454

Za ocetot znam, od svekrva mi go nauciv toa, posebno pribor za jadenje epten svetnuva . Ona non stop rastvara ocet vo voda i dodava sjaj so shto go neutralizira mirisot, i taka mie.
Mene ova mi ostana, najdovme doma ostanato od pred nekolku godini, abe milina, mu nema ramen na vimot user posted image

clock-img

10.06.2013, 16:13

clock-img

Annet

pencil-img

2404

Со што чистите плочки во купатило???

clock-img

27.12.2013, 23:05

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Денес се отепав чистејќи, саат време чистев вратите на туш кабината, и пак не е тоа тоа. Не се од стакло, туку некоја замаглена (млечно-бела) пластика. За менување се стасани, ама не може, па затоа кажете некое ефикасно средство за во купатило, а посебно за туш кабината, нешто што шприцнеш, постои малку и се скида user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 27.12.2013 23:07:26 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

28.12.2013, 04:17

clock-img

Goddess*

pencil-img

332

Probaj so razreden ocet i soda bikarbona,(ako imash moznost vo shishe so pumpica)ke blesnatuser posted image

clock-img

28.12.2013, 16:49

clock-img

Bethany

pencil-img

4534


ИЗВОРНА ПОРАКА: Goddess*

Probaj so razreden ocet i soda bikarbona,(ako imash moznost vo shishe so pumpica)ke blesnatuser posted image


Фала!
Знаев дека има нешто со оцетот, ама не знаев и за сода, така да следниот пат со тоа ќе пробам user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

22.05.2014, 14:25

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Јас сакам да ве прашам, со што го чистите бигорот во купатилото, околу чешмата, на самиот туш и сл. Пробав со многу средства, ама не сум баш нешто посебно задоволна.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

22.05.2014, 14:36

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Јас сакам да ве прашам, со што го чистите бигорот во купатилото, околу чешмата, на самиот туш и сл. Пробав со многу средства, ама не сум баш нешто посебно задоволна.


Јас целото купатило си го чистам со Арф и со Арис.Ич не можам да чистам со оние јаките средства како доместос што се и некои други.Инаку мамичка пробај напрскај со Арис остави нека отстои така 15 минути и после исчисти го.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

22.05.2014, 15:01

clock-img

elenak

pencil-img

2004


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Јас сакам да ве прашам, со што го чистите бигорот во купатилото, околу чешмата, на самиот туш и сл. Пробав со многу средства, ама не сум баш нешто посебно задоволна.


Пробај со алкохолен оцет,вода и сода бикарбона. Во вода раствараш оцет, сооднос 50-50 и лажичка сода. Јас ставам во оние шишиња со прскалка од средство за стакло и напрскувам. Оставам да стои некој минута и чистам. Нема подобра опција од ова, за бигор е закон.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

22.05.2014, 15:08

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Defne 90, и јас купатилото го чистам со Арф, меѓутоа бигорот не ми излегува целосно, а имам пробано и со Арис, и со Чисто, и со сите средства што сум ги сретнала за бигор, ама не е тоа тоа. Elennak, ова твоето не сум го пробала, баш ќе го пробам па ќе видам дали ќе ми помогне. Фала и на двете.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

22.05.2014, 15:41

clock-img

MMM27

pencil-img

93

За бигор само од PULIRAPID сум задоволна.

clock-img

23.05.2014, 07:30

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Isto I jas,ednostavno ne zamenlivo sredstvo.

ИЗВОРНА ПОРАКА: MMM27

За бигор само од PULIRAPID сум задоволна.




_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

20.08.2014, 14:44

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Порано користев Пулирапид и Доместос за шоља, но од пред 4-5 години чистам со оцет алкохолен и сода бикарбона. Оцетот е незаменлив за бигор, плочки, керамика, стакло инокс итн... а содата за секакви прљавштини на шпорет, плотни, остатоци од сапун и за подобрување на јачината на прашокот за перење. Оцетот, пола шољичка заменува омекнувач и целосно ги плакни алиштата.

За мувла и поголема дезинфекција - хидроген. За прашина - ракија а за дезинфекција на работни површини, шоља од надвор итн микс од хидроген па се прска оцет, или алкохол 90% од аптека. Еднаш годишно, чистам се со Дизентам за дезинфекција од аптека.

Кој не верува за оцетот нек проба на лавабото, нека истури на сунгер нека пребрише па нека пише. Мислам никогаш не би дишела повторни доместоси и пулирапиди.

А најблиску до оцетот од купечки средства е Фрош.

clock-img

20.08.2014, 15:11

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Се слагам со lolla, алкохолен оцет е најдобар за чистење, ама баш се и сешто! Дури има една финта за бигор на слушалката од тушот - се полни кесичка за замрзнување со оцет и се врзува околу главата на слушалката така што целата е потопена. Се остава преку ноќ и следниот ден е како нова - ни бигор, ни ништо!

Ова со хидроген на мувла немам слушнато, и баш ќе пробам. Имам мувла кај кадата, само се надевам нема и силиконот да го уништи user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

20.08.2014, 15:27

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Хоупфул, само ако е над силиконот ке ја исчисти. Мувлата те нејзините спори реагира на хидрогенот со пенење и ја крева од површината, а силиконот нема да го уништи.

clock-img

21.08.2014, 12:55

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Jas koristam Sanitar za wc skolkata i za celoto kupatilo zasto dezinficira, a onaka ako ima nekoja prljastina Pulirapid bidejki sanitarot mnogu ne ostranuva necistotii user posted image I jas edno vreme so bel ocet i soda gi cistev cesmite i sadoperot vo kujna ama mi rekoa deka pocrnuvale od niv i prestanav user posted image
Sega za vo kujna koristam sredstvo na Aris mnogu ubavo mirisa, epten ubavo cisti i e povekenamensko ( ostranuva i damki od obleka)

clock-img

15.10.2014, 15:39

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Дали има некое средство за дезинфекција на играчки? На пример глодалки итн....? Или само да ги премивам со врела вода?

clock-img

15.10.2014, 16:44

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Јас ги вријам само во вода а некогаш додавам и сода бикарбона,потоа цедам и плакнам со ладна вода

lolla одамна и јас го применувам оцетот и содата ,но не за се ми е ок.Промер во лавабо прскам оцет бришам со сунгер,но кога ќе искуши бели траги следниот ден па како нечисто.Да не треба поинаку.Инаку оцетот не е за секаде бидејќи белее.Те молам кога можеш поконкретни инструкции за чистење на делови од домот.user posted image

Дали некој знае за нешто исто да се истури сода на тепишх,да отстои па се усисава,вака нешто беше но ме интересира поточно

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

Последни статии

article-img