за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Bikini definitivno, poprakticno e. Em polesno se susi koga ke se namokri em podobro za soncanje. A jas i pokraj toa sto imam nekolku para ne sum zadovolna. Idealniot model go nemam pronajdeno a bi investirala i poveke za dobar kostim za kapenje, eden ama vreden. Problem mi e gorniot del, ajde dolniot polesno se pogoduva. Ova leto nema odmor na more pa za naredna godina zdravje ke mu ja planiram.
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
30.05.2014, 08:53
LoveableMe RR
5035
Зависи кој што сака и како му одговара на телото. Јас преферирам бикини полесно се сушат и не ми држи вода на стомакот.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
30.05.2014, 17:38
Melanija RR
7052
Досега бикини ама сакам да пробам и целосен.Немам баш веќе некоја фигура Знаете ли каде низ Ск има поефтини целосни?Немам баш време за шетанција па помагајте
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
30.05.2014, 22:18
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Досега бикини ама сакам да пробам и целосен.Немам баш веќе некоја фигура Знаете ли каде низ Ск има поефтини целосни?Немам баш време за шетанција па помагајте
На Зелено пазарче по тезгите, има и Оутлет на Сара Фешн на Даме Груев, блиску до Космо, има избор. Да видиш и Теранова, па ќе се споредиш цени/модели.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
31.05.2014, 11:21
deluxe
2479
Бикини дефинитивно Ги обожавам,најмногу оние што се врзуваат од страна на колковите И горниот дел да биде на врзување.Имам неколку пара бикини најчесто во жолто-зелени нијанси ,тие бои дречат на мене
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
31.05.2014, 14:49
Defne90 RR
1991
И јас сакам повеќе бикини ама ете после две породувања телото баш и не ми е за излог толку.Се поправив и имам прилично многу целулит и стрии па и јас како и меланија размислувам за целосен костим,па ќе видиме што ќе направиме.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
01.06.2014, 23:13
Hopeful RR
2349
deluxe, исто - бикиниии! И тоа со врзување од страна, и горните. Си изнакупив на попуст од Голден Поинт два пара во дречливи бои и си ги менувам, супер се. И баш ми е гајле дали сум слаба или дебела, ионака ништо не се крие во купачи
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
02.06.2014, 10:26
Bethany
4534
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Знаете ли каде низ Ск има поефтини целосни?Немам баш време за шетанција па помагајте
Јас лани земав од Сара фешн, беше околу 900 денари. Мислам дека е добра цена, а убав е квалитет. Исто имаа убави едноделни, јас лани се двоумев за еден едноделен ама поради што немаа мојот број, земав бикини. И многу сум задоволна.
Годинава би сакала еден едноделен, се имам дводелни, а има многуубави и интересни и едноделни. Секогаш сакав демек да се сончам и на стомакот, и затоа избирав дводелен, и после пороѓајот немам стрии по стомакот, ама поради алергијава очигледно ќе морам да се помирам со тоа дека нема за мене сончање веќе. Па ќе изаберем еден убав едноделен костим
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
02.06.2014, 12:08
Melanija RR
7052
LoveableMe RR и Bethany RR ,фала
А каде е аутлетот, даме груев беше градски ѕид позади собрание ,или сум грешка?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
02.06.2014, 12:35
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
LoveableMe RR и Bethany RR ,фала
А каде е аутлетот, даме груев беше градски ѕид позади собрание ,или сум грешка?
Позади Собрание, кога одиш накај Лотарија и слаткара Ескимо, е тука е од лева страна дуќан во блокот Градски Ѕид. Аутлетот е долу по скали, а горе е редовна продавница, така мислам беше.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 2.6.2014 12:36:23 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
11.06.2014, 14:07
Kvisko
1325
Јас за сончање си имам бикини за пливање целосен. Секогаш по ислегување од вода пресоблекувам костим па вака ми е попрактично а и бикините не ми се нешто баш пливачка опција.