ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM
живеам во град.Не е којзнае колку голем ама во село не можам да се замислам а не пак да живеам.
темава не ми се баш допаѓа ама морам да подискутирам.зошто правите разлика помеѓу град и село?,кога има подеднаков живот и истите услови.се што ти треба има и во село
искрено јас сум од село.оддалечено 3.5км од радовиш.и има ама баш се во него,и асфалтирани улици,и канализација,и интернет,кабелска,во продавниците може да најдеш се што ти треба,па дури и облека,и не знам уште што.значи тотално исто.а понекогаш дури и е поубаво да живееш во село
еве еден пример-сестрами е мажена во градот,значи и двајцата се вработени но платите мали,и скоро половина плата тие ја трошат за работи кои нам ни се без пари(кромид,компир,пиперки,патлиџани и да не набројувам...)и можам со тоа да се пофалам дека финансиски сме многу постабилни од нив,а и од многу други "ГРАДСКИ"
.друг пример-има улици во радовиш неасфалтирани и по угорнини,и се многу подалеку од центарот отколку ние...и да не споменувам веќе уште еден куп други работи.извинете на долгиот пост.мене ми е убаво во село,имам се што ми треба и сакам да живеам во село