ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe
Bitolcanke se nadevam deka i ti ubavo si pomina na svadba
mm ima edna pogovorka
KUCINJATA LAAT,A KARAVANOT SI VRVI
Па еве ме конечно со новости од "главната" вечер
Па да ти кажам право, си поминав просечно (не онака како што замислував, немаше жесток судир
) - сепак бев поканета покрај саканиот, не ги познавав тие на маса, освен "главните", се разбира
Останатите ги имав видено еднаш, некои 2-3 пати... Ај ќе ви опишам во детали, па ќе сфатите како ми било
Уште пред 10-тина дена, кога ми спомна дечко ми дека сме на свадба кај негов колега, знаев дека и тие ќе се (поранешните негови другари и "другарка му"-онаа која беше против нашата врска и ни создаде толку многу проблеми - ЗМИЈАТА) и ми се расипа расположението од претходните денови веднаш
особено кога спомна дека, најверојатно, ќе собираат сите колеги пари, заеднички демек (а ТАА- читајте - ЗМИЈАТА, секогаш беше организаторка за тоа-собираше пари, организираше средба, кажуваше термин...) и ќе се чекаме за влегување во кафеаната. По сите перипетии што ги издржав не сакав повеќе да ја видам, а уште помалку НЕА да ја чекам !!! Ама овој-мојов - демек ќе испаднело само тој да се дели, што ќе помислеле колегите ... не знам што
(Објаснување - 10-тина колеги биле кои останале до дипломирањето во друштвото, меѓу кои и нивната КОЛЕШКА
). Успеав да го убедам за кратко, пред 2 дена купивме поклон (претходно не му се имаа јавено за некакво организирање, договор) и си мислевме ќе си одиме сами, ќе влезиме, па за на маса - неизбежно е да сме со нив (младенците си ги планираат гостите и масите, нема избор)... Кога ... вчера сабајле, му се јавил колегата, другар и комшија на дечко ми велејќи му дека ќе собирале пари заедно за во плик и ќе чекале за влегување во 21 ч. (како што и претпоставувавме). Дечко ми му кажа дека имаме купено поклон, да не не чекаат, ќе се видиме внатре. И - ок, мислевме - се разбраа... Кај 16ч. пак го побарал истиот
Овој подоцна му се јавил и другар му му рекол - ќе се чекале порано - 20:30 - демек изразувал сомневање како да не сакал да одиме со нив ... Ова беше кога се подготвувавме... Знаев дека ќе настани некој проблем - дека ТАА ќе замеша прсти, како и обично
Им има лаено на сите секакви глупости (од типот-јас го разделив од нив-неа и маж и и компанијата нејзина, дека не сакаме да сме со неа, дека ние, т.е. јас сум виновна). И паркиравме погоре од кафаната, седиме в кола и се мислиме
да правиме. Кога имаа речено дека ќе одат подоцна-кај 21, ние мислевме да одиме порано-кај 20:30, ама сега-никако... Јас бев со ставот да одиме пред нив, да бидеме седнати, па кој потоа дошол, кај седнал-баш ме боли...,арно ама дечко ми мислеше со тоа им покажуваме на другите дека ја играме нејзината "игра" - доказ дека се дели/ме од сите... Видовме како излегоа од колата, па по некое време отидовме на местото на чекањето. Беа неколкумина. Напред-мажот и, поназад таа и колегите со жените (не ми беа познати + не се гледаше многу во темницата). Мојот се поздрави со сите, а јас само со мажот и, со останатите не, зашто ќе видеа другите дека само со НЕА не се поздравувам... По муабетот сфативме дека не било договореното време 20:30, туку 20:45 - 21 (различно кажуваа), значи планирала да ЈА чекаме 15-30 минути !!!
Гнаса смрдена !!! Арно што не излеговме од кола порано (+ врнеше). Сите како доаѓаа и даваа НЕА пари, па потоа ТАА ни се обрати нас - "Вие носите?" ???
И овој мојот и одговори - имаме поклон... ТАА и тоа како знаеше дека имаме поклон (од неа беше пуштен 3 пати да го бара колегата дечко ми) + кога дојдовме видоа - виде дека сме со поклон, го стави на клупа !!! Ме нервира овој-мојов колку сеуште е будала пред неа, се понижува не сакајќи и после се ! Почнаа да влегуваат по извесно време, таа се сврти да види кај сме
Претходно цело време се џареше, јас воопшто не се гледав во НЕА (сигурно
- мислеше најверојатно дека и со мажот и нема да се поздравам)...
Не не береше на 1 маса (бевме 20-тина, некои беа со децата), но како што претпоставував - ТАА седна на нашата маса
за среќа не до нас
Доцна почна музиката - околу 21:30 (и подоцна), па кога му велев на мојов да играме, рече - подоцна, демек во првите ора се најблиските-роднините. Потоа мојов отиде на другата маса да се види со некој колега, а сите од нашата маса станаа да играат, останав сама - малку глупаво се чувствував. Потоа дојде мојов, му реков да станиме да играма, но во тој момент се вратија сите на маса и рече - подоцна, демек глупаво било, ќе виделе сите дека обратно правиме (а јас не забележав дека баш сите седнаа и не ми беше важно то), демек бегаме од сите
Ок, му реков, ќе гледаме кога ќе стани ТАА, па ќе станиме и ние. Ужасно бев изнервирана
Ме убедуваше дека не е така, поинаку размислувал... Пцуеше како дозволил уште да ТАА да ни прави проблеми, како се довел до тој степен... По кратко се расположив малку и станавме да поиграме. Само што станавме заврши песната и почнаа да ја сервираат вечерата... ТАА зборуваше со колегите, се клештеше како несалам (кокошкино смеење), пиеше ракија цела вечер (како и порано, кога излегувавме со нив, воопшто не се сменила). Ви звучи познато??? Единствена жена (читајте ЖЕНА-МАЖ) на масата... Некое време мојов излезе да пуши цигара надвор и потоа ми кажа кај што бил тој биле и други колеги-4-5 и дошла до нив и ТАА
Ништо чудно - ништо непознато, ништо ново...
Потоа поигравме малку ора (немаше многу ора, а некои и не ги знаевме), малку валцер (мажот и не гледаше, а ТАА тоа време излезе надвор
Тоа беше во глобала. Си заминавме порано од другите, зашто мојот беше за на работа сабајлето.
П.С. И заедничка слика имаме (како што влеговме 20-тина души + ТАА) за спомен
Ја зеде дечко ми, мене не ми треба.
Сега наредна средба со неа - 2 октомври - свадба на друг колега - до тогаш - мир
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...