за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Сега се вратив од ЦТГ и му викам на докторот дека ме болат ребрата, а тој ми кажа дека не е високо поставено туку дека е големо бебето (скоро 4кг.)и затоа ме болат ребрата. Го видов а и докторот ми кажа дека е наместено и спремно само да ме фатат болките и .......
05.11.2009, 11:05
Maca25
7558
Ајде елле!!! Значи да чекаме радосна вест секој ден??!?!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
05.11.2009, 11:12
elle
613
Да веднаш ќе бидете известени, само да реше да излезе Сите ја чекаме...
05.11.2009, 11:14
Сани
136
elle супер само со лесно и известувај да не те мислиме
05.11.2009, 11:37
Весна
771
Охоооо Елеееее, па тоа е одлично! за бебушот, леле што весела си сега, така?! Ајде со лесно, со песна и смеење се’ да ви биде!!!
05.11.2009, 11:40
profesorica
5709
леле еле само со лесно, ајде наскоро и ти ќе си го држиш во рака
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
13.11.2009, 21:41
Весна
771
Милички, ве молам вие што се имате пораѓано во Чаир советувајте ме кога да идам на ЦТГ и која всушност е постапката. Треба ли телефонски да се закаже кај одреден гинеколог (и дајте некоја препорака кој)? Знам дека Еца некаде попатно спомена нешто вакво, ама не ми текнува во која тема. Лека полека ми се билжи редот од рингерајсктата листата, а некако не сум сигурна што треба да правам околку ова прашање
13.11.2009, 21:47
Еца
6692
Весна ти влезе во девети? Ако си можеш да одиш до чаир на ЦТГ, обавезно да си земеш упат и плави картони. Закажување нема, но мислам дека е порелаксирано околу 9.30- 10.00 часот да одиш. Мој совет, барај го Др. Јегенин, и кажи му дека си рингерајка и голем поздрав од Рингераја до него.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
13.11.2009, 22:19
Весна
771
Не Еца, уште не сум, ама еве за две недели и тоа ќе биде Туку, баш прво од тебе дознав за др. Јегенин, а потоа и други ми го пофалија. Но, што фајде ако баш тој не ми се погоди во моментот кога малово ќе сака надвор. Многу ти фала и секако дека ќе го поздравам
15.11.2009, 13:29
Sara
162
ИЗВОРНА ПОРАКА: Весна
Милички, ве молам вие што се имате пораѓано во Чаир советувајте ме кога да идам на ЦТГ и која всушност е постапката. Треба ли телефонски да се закаже кај одреден гинеколог (и дајте некоја препорака кој)? Знам дека Еца некаде попатно спомена нешто вакво, ама не ми текнува во која тема. Лека полека ми се билжи редот од рингерајсктата листата, а некако не сум сигурна што треба да правам околку ова прашање
Весна исто и од мене имаш препорака кога ќе одиш на цтг има листа со распоред на денови кој ден кој доктор е на смена за прегледите зборам, и отиди кога е д-р Јегени на смена, т.е. тој е скоро цел ден таму, така да не е тешко да го најдеш. Кога ќе го направиш прегледот кај него ехо цтг и слично прозбори со него ако сакаш тој да те породи па ќе се договорите нешто сигурно. Јас требаше да одам на закажан царски па лесно беше да се договорам, но сигурна сум дека и со спонтан пораѓај нема да има проблем, како и да е сите доктори таму што ги запознав беа супер и нема да згрешиш кој доктор и да те пораѓа, стручни се сите немам зборови. Ако веќе почнеш да одиш кај некој друг спомни го тука на форумов ако го знаеме ќе ти кажеме искуство со него. Поздравче и со лесно, само биди позитивна.
02.12.2009, 11:12
Палешка РР
7505
Денес по втор пат на ЦТГ. Овојпат беше супер, минатиот пат бев многу вознемирена што се пренесе и на бебето. Мислам дека овде некаде прочитав да се изеде цела чоколада пред ЦТГ, можеби од тоа?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
02.12.2009, 11:17
Весна
771
Ауууф, јас денес првпат ќе идам, имам закажано во 13ч! Аууууф - фуф! А не ни треба да јадам чоколадо, па малава веќе од вчера журка прави или можеби протестира околу тесниот простор.
02.12.2009, 11:18
mami
8680
ќе да е второто весна..што направи? кај кој доктор ке одиш? или кој се падне на смена?ајде па те чекаме со извештај после
02.12.2009, 11:22
Весна
771
Првин идам кај матичниот ми гин., па потоа продолжувам во Чаир да видам каква е ситуацијата, ако има гужва ќе оставам за утре и плус со намера да го начекам др. Јегени, а доколку е тој таму уште денес па и ќе си почекам ако треба. А прво ЦТГ ќе ми е, фор шур.
02.12.2009, 13:15
Mihaela
60
јас со Михаела се пораѓав во Чаир и ептен сум задоволна од персоналот иако имав тежок пораѓај,додуша со врски бев,ама и да не бев пак бев задоволна. Сега со второво пак планирам во Чаир и имам едно прашање. Дали некоја мама знае колку се плаќа пораѓај во Чаир без плави картони?
02.12.2009, 13:44
STRUMFETA
566
Neznam dali e sekade isto, jas vo Strumica za normalno raganje plativ 100 evra
02.12.2009, 13:45
STRUMFETA
566
Neznam dali e sekade isto, jas vo Strumica za normalno raganje plativ 100 evra
02.12.2009, 13:53
ananikol
1568
Vo MK se naplaka za poragaj ???
02.12.2009, 14:00
mami
8680
Ако си без сини картони- Да, а колку незнам
02.12.2009, 14:06
ananikol
1568
Taka,fala!!!
Ovde ako nemas dobro osiguranje se poragas DOMA so pomos na babica koja doaga po povik.
Za nekoi raboti MK ima mnogu podobri uslovi posebno vo medicinata
02.12.2009, 14:06
mother 29
4405
ауууууууу на приватно без сини картони ..многу........ ми се чини околу 30 000 ден!
02.12.2009, 14:10
profesorica
5709
државно без плави картони е 15000 денари.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
09.02.2010, 22:48
Sanja
125
Јас уште пред 4 недели сум спремна за пораѓај! Торбата и за мене и за бебето е спремна уште пред 1 месец! Еве уште 2 дена до термин а бебето абер нема да најави дека му се излегува! Едвај чекам да се породам, колку сака нека боли само да помине се ок, да се роди малата здрава и жива!
09.02.2010, 23:37
ananikol
1568
O pa Sanja nie znaci sega sekoj den treba da sme vo ocekuvanje na ubava vest za .
Ako te snema nekoj den ke znaime so se slucuva ama ti ne ne ostavaj mnogu vo neizvesnost,vednas javi..