cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Болести во бременоста

clock-img

20.10.2014, 14:53

clock-img

blond

pencil-img

1268

Pijam vit C, ova smukam de :D ama po edno na den smukav, ne znaev deka mozam poveke. Inhalacija ne mi pomogna ic, od masta na Ventor onaa za revmatski zaboluvanja mnogu mi pomaga, me zatopluva. I maticniot mi preporaca vit C tri pati na den, i mnogu caevi.

clock-img

01.03.2015, 15:30

clock-img

Буце

pencil-img

2

Здраво сегашни и идни мамички
Едно прашање, ме интересира вашето искуство доколку некоја од вас го имала.
Во 6-та недела од бременост имав контакт со дете кое наредниот ден се утврди дека имало варичела т.е. големи сипаници (се исфрла)
Би напоменала дека ги имам прележано уште како дете.
Му се јавив на на мат.гин. ми рече дека штом сум ги прележала нема проблем, го имам имунитетот. Се консултирав и со д-р од Гинекологија (клиника) истиот одговор ми беше даден и од таму.
Меѓутоа кога отидов кај мат.гин. за да се видам со него ми рече дека ќе направивме испитување (Igg Igm) ми даде упат за Институт за јавно здравје. Таму наодот ми беше зголемени и Igg и Igm.
Тогаш почнаа нервозите. Мати.гин. ми вели да прекинам со бременоста истото ми го рече и на клиника д-рот. се консултирав со резултатот и со д-р од Систина и д-р од Инфективна кои ми рекоа дека резултатот не може да е валиден во овој облик.
Во меѓувреме направиви дополнителни испитувања и на Инфективна и во Адриалаб и таму излезе негативен за нова инфекција а позитивен за антитела (дека имам прележано).
Од контактот со детето до денес има поминато 3,5 недели, немам никакви проблеми кои би биле симптоми на присуство на варичела (големи сипаници).
Сега го чекам резултатото од Институт од јавно здравје каде решив да го повторам, требаше да биде готов до петок , но ми рекоа дека ќе треба да почекам затоа што немале реагенси.
Слушам разни совети и гласини (демек стари им биле реагенсисте, не користеле прецизна метода и ред други работи)
Ве молам за ваше искуство.
Благодарам
Збунета сум и успаничена :(

clock-img

02.03.2015, 00:01

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Според ова ти си сега 10 недела и ако досега не те нафрлило мислам дека нема да фатиш сипаница ,како глупости да абортираш а не испитано како што треба . Ете ти знаеш дека си била во контакт со болно дете и плус имаш прележано јас не сум прележала а имам две деца и со двете бремености имав многу контакти со деца па и со возрасни поради работата и не ги прашував од што се болни за да се испитам да не ме заразиле па фала богу немало проблем .Ти повтори си ги испитувањата на неколку места направи приска и ке видиш како ке биде а за абортирање ке размислуваш ако недај боже добиеш сипаници,што ако абортираш а не фатиш сипаници,и сипаници се фаќаат 15 дена мислам дека беше од контакт со заболено лице а кај тебе тој период поминал.позз

clock-img

02.03.2015, 03:15

clock-img

Neurotoxin RR

pencil-img

413


ИЗВОРНА ПОРАКА: Буце

Здраво сегашни и идни мамички
Едно прашање, ме интересира вашето искуство доколку некоја од вас го имала.
Во 6-та недела од бременост имав контакт со дете кое наредниот ден се утврди дека имало варичела т.е. големи сипаници (се исфрла)
Би напоменала дека ги имам прележано уште како дете.
Му се јавив на на мат.гин. ми рече дека штом сум ги прележала нема проблем, го имам имунитетот. Се консултирав и со д-р од Гинекологија (клиника) истиот одговор ми беше даден и од таму.
Меѓутоа кога отидов кај мат.гин. за да се видам со него ми рече дека ќе направивме испитување (Igg Igm) ми даде упат за Институт за јавно здравје. Таму наодот ми беше зголемени и Igg и Igm.
Тогаш почнаа нервозите. Мати.гин. ми вели да прекинам со бременоста истото ми го рече и на клиника д-рот. се консултирав со резултатот и со д-р од Систина и д-р од Инфективна кои ми рекоа дека резултатот не може да е валиден во овој облик.
Во меѓувреме направиви дополнителни испитувања и на Инфективна и во Адриалаб и таму излезе негативен за нова инфекција а позитивен за антитела (дека имам прележано).
Од контактот со детето до денес има поминато 3,5 недели, немам никакви проблеми кои би биле симптоми на присуство на варичела (големи сипаници).
Сега го чекам резултатото од Институт од јавно здравје каде решив да го повторам, требаше да биде готов до петок , но ми рекоа дека ќе треба да почекам затоа што немале реагенси.
Слушам разни совети и гласини (демек стари им биле реагенсисте, не користеле прецизна метода и ред други работи)
Ве молам за ваше искуство.
Благодарам
Збунета сум и успаничена :(



Значи испитувањата за едните имуноглобулини се дали имаш стара инфекција односно траен имунитет, а другите имуноглобулини кажуваат дали имаш нова инфекција. Ако наодите се точни тогаш го имаш вирусот, но читајќи и од искуство до сега, многу мајки во твои ситуации си ги лечеле поголемките дечиња од сипаници, и нив доктори им кажувале се и сешто, па се наоѓал некој, поискусен лекар да им каже дека нивниот имунитет го штити бебебто. Секако постои ризик но сметам дека не доволен за да се прекине бременост. Консултирај се со малку повозрасни гинеколози, со поискусни, распрашај се кои се испитувања да ги правиш, а она со прекин на бременост заборави го сега за сега, зашто ќе си направиш компликации од стрес, а не од нешто што мислиш дека ќе наштети а во голем број случаеви не неаштетило

clock-img

02.03.2015, 03:26

clock-img

Neurotoxin RR

pencil-img

413

Да се дополнам, по она што го напиша, малку се расчитав на нет, секаде се даваат совети за трудници кои ќе фатат сипаници, а ти неможеш да фатиш си ги прележала, вели „доколку не сте имунизирани за варичела или не сте прележале во минатото, а планирате бременост, побарајте од вашиот матичен лекар да ве имунизира„, тоа значи да се заштитиш од варичела, а ти си веќе заштитена со самото тоа што дури и на наодот покажува дека го имаш трајниот имунитет. Тој истиот ќе го штити и бебето. Немој да паничиш навистина. И резултатот покажал дека ти имаш прележано и имунитетот е тука.

clock-img

02.03.2015, 06:38

clock-img

Буце

pencil-img

2

Благодарам на одговорот Neurotoxin.

clock-img

03.03.2015, 21:55

clock-img

Neurotoxin RR

pencil-img

413

Буце, нема проблем, само те молам пиши што ќе кажат резултатите што ги чекаш, баш те мислам. Се надевам дека ќе биде само непотребен стрес.

Последни статии

article-img